Запад

Запад е правец во географијата и една од четирите страни на светот. Се наоѓа на спротивната страна од исток и на 90 степени од север и југ. Запад е спротивниот правец во кој земната топка се врти околу нејзината оска и генералната насока во која очигледно зајдува сонцето. Во навигацијата со компас, запад е означен со агол од однос 270°.

Compass Rose Macedonian West
Запад на компас

Запад како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Исток-запад“ - книга на Јадранка Владова и Н. Кнеѓевиќ.[1]
  • „Чекори по западната страна“ - роман на американскиот писател Нелсон Олгрин.[2]
  • „Чекори по западната страна“ - американски филм од 1962 година.[3]
  • „Север, југ, исток и запад“ (North, South, East and West) - песна на австралиската рок-група „Чрч“ (The Church) од 1988 година.[4]

Наводи

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 22.
  2. „Белешка за авторот и делото“, во: Џон Фанте, Прашај ја правта. Скопје: Темплум, 2008, стр. 247-249.
  3. „Белешка за авторот и делото“, во: Џон Фанте, Прашај ја правта. Скопје: Темплум, 2008, стр. 247-249.
  4. YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)
Англија

Англија (англ. England) е најголемата земја во рамките на Обединетото Кралство. Во неа живеат повеќе од 83% од популацијата на Обединетото Кралство, и го зафаќа поголемиот дел од островот и ја дели земјената граница со Шкотска на север и Велс на запад.

Аргентина

Аргентина, офиц. Аргентинска Република (шпански: República Argentina) — држава во Јужна Америка, сместена меѓу Андите на запад и Атлантскиот Океан на исток. Се граничи со Парагвај и Боливија на север, Бразил и Уругвај на североисток и Чиле на запад. Главен град на државата е Буенос Аирес, каде живее повеќе од една четвртина од населението кое брои (39.144.753 жители).

Бајконур

Бајконур (казашки: 'Байқоңыр'; руски: Байконур), порано познат како Ленинск, е град во Кизилордската област на Казахстан, изнајмен и управуван од Русија. Бил изграден со цел да го опслужува космодромот Бајконур и бил официјално преименуван во Бајконур од страна на Борис Јелцин на 20 декември, 1995.

Формата на изнајменото подрачје е елипса, со големина од 90 километри во правец исток-запад, и 85 километри север-југ, со космодромот во центарот.

Оригиналниот Бајконур е рударско градче неколку стотици километри на североисток, близу Џезказган во казашката област Карганди. Ова име било дадено на лансирната станица со цел да се предизвика забуна и да се зачува локацијата тајна. Овој град бил специфичн избран бидејќи траекторијата на летот на ракетите кои се користеле за лансирање на многу советски сателити, вклучувајќи го и првиот Спутник, поминувале близу над него. Името Бајконур на казачки значи богато кафеаво, т.е. плодна земја со многу билки. Сепак, железничката станица таму, која е постара од базата, го има зачувано своето старо име - Тјуратам.

Советската влада го основала научно-истражувачкиот полигон за проби (НИИП-5) со одлука донесена на 12 февруари 1955. Првите фотографии од полигонот за тестирање на ракети Тујуратам (или космодромот Бајконур) биле направени од страна на извидувачки авион од типот U-2 на 5 август 1957. Видете композитна сателитска снимка на лансирниот комплекс Тјуратам во рана фаза на развој заедно со космодромот (30 мај 1962).

Географска должина

Географска должина (или лонгитуда, озн. ламбда (λ)) — географска координата која најчесто се користи во картографијата и во глобалната навигација за мерењата исток-запад.

Географски координатен систем

Географскиот координатен систем ја прикажува секоја локација на Земјата со две или три координати на сферен координатен систем којшто е подреден со оската на ротација на Земјата. Позајмувајќи теории од античките Вавилонци, а подоцна проширени од познатиот грчки мислител и географ Птоломеј, на полн круг му се припишуваат 360°.

Географскиот координатен систем овозможува секоја локација на Земјата да биде определена преку три координати на сферичниот координатен систем, кој е подреден на оската на ротација на земјата.

Девица (соѕвездие)

Девица е едно од соѕвездијата од зодијакот, и како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Virgo значи девојка - девица, а неговиот симбол е . Се наоѓа меѓу соѕвездијата Лав на запад и Вага на исток, и е второ најголемо соѕвездие на небото. Многу лесно може да се најде на небото заради неговата најсјајна ѕвезда Спица.

Европа

Европа — еден од седумте светски континенти. Името Европа потекнува од асирскиот збор Ереб (заоѓање на Сонцето, запад), со кој Феничаните и Асировавилонците ги означувале териториите на запад. Подоцна тоа име се проширило за целиот западен дел од копното Европа. Опфаќајќи го најзападниот полуостров на Евроазија, Европа на исток се дели од Азија со водната дренажа на планината Урал, реката Урал, Каспиското Езеро, областа Кавказ и со Црното Море на југоисток. Европа на север е обиколена со Северниот Леден Океан и други водни површини, на запад со Атлантскиот Океан, на југ со Средоземното Море и Црното Море и со други водни патишта на југоисток. Сепак границите на Европа - концепт кој датира уште од антиката-се произволни, бидејќи самиот поим континент може да има културно или политичко значење или пак физиогеографско.

Европа е вториот најмал континент во светот според површина, опфаќајќи 10.180.000 км² или 2% од целокупната површина на Земјата или околу 6.8% од земјината површина. Од приближно 50 држави во Европа, Русија е најголема и површински и според населеност (иако државата се протега и низ Европа и низ Азија), додека Ватикан е најмала. Европа е третиот најнаселен континент по Азија и Африка, со популација од 731 милиони или околу 11% од светското население.

Европа, особено Cтара Грција, е родно место на западната култура. Европа има многу значајна улога во светските настани од XVI. век па натаму, особено по почетокот на колонизацијата. Помеѓу XVI. и XX. век, европски нации ги имаат контролирано Америка, најголем дел од Африка, Океанија и големи делови од Азија. Двете светски војни во најголем дел се фокусирани на Европа, придонесувајќи до одредени судири настанати во средината на XX. век помеѓу САД и Советскиот Сојуз. За време на студената војна, Европа е поделена со железна завеса помеѓу НАТО на запад и Варшавскиот пакт на исток. Европската интеграција доведува до создавање на Советот на Европа и Европската Унија во Западна Европа, кои се прошируваат источно по падот на Советскиот Сојуз во 1991.

Иран

Иран (целосно име: Исламска Република Иран) — држава во Западна Азија. Главен град е Техеран. Иран е држава во Југозападна Азија. На запад се граничи со Ирак (Курдистан) и Турција, на север со Ерменија, Азербејџан и Туркменистан и на исток со Авганистан и Пакистан. На север излегува на Касписко Море, а на југ на Персискиот Залив и Оманскиот Залив. Службен календар во државата е персискиот календар. Иран меѓународно бил познат под името Персија сè до 1935.

Иран е мултикултурна земја со многу етнички и јазични групи. Најголеми од нив се Персијците (61%), Азербејџан (16%), Курди (10%) и Лур (6%).

Литванија

Литванија (литвански: Lietuva), официјално Република Литванија (Lietuvos Respublika), а многу ретко Литва — земја во Североисточна Европа и е сместена меѓу Русија и Балтичкото Море на запад, Република Полска на југ, Белорусија на исток, Летонија на север. Република Литванија е стара преку 1.000 години.

Португалија

Португалија (португалски: Portugal) — република во западниот и југозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров во југозападна Европа. Таа е најзападната земја во континентална Европа. Португалија се граничи со Шпанија на север и исток, и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азорите (Açores) и Мадеира.

Главен град на Португалија е Лисабон. Вкупното население на Португалија е 10.524.145 жители.

Рак (соѕвездие)

Рак (лат. Cancer, Cnc) — едно од соѕвездијата од зодијакот, и како астролошки знак го носи истото име. Неговиот симбол е . Соѕвездието Рак е мало и нема многу сјајни ѕвезди. Се наоѓа меѓу соѕвездијата Близнаци на запад, Лав на исток, Рис на север и Мало Куче и Водна Змија на југ.

Рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти, и се случува двапати годишно, на почетокот на пролетта и на есента.

Годишните времиња се предизвикани од закосувањето на Земјината оска во однос на вртежната рамнина околу Сонцето. Ова закосување изнесува околу ±23,44° во однос на вртежната рамнина, па така, половина година, приближно од 20 март до 22 септември, северната полутопка е поизложена кон Сонцето со максимум околу 21 јуни, а другата половина од годината јужната полутопка е поизложена на Сонцето, со максимум околу 21 декември.

На рамноденицата која се случува околу 20 март на северната полутопка настапува пролетта, а на јужната есента; обратно, на 22 септември на северната полутопка настапува есента, а на јужната пролетта.

Двата моменти кога Сонцето е точно над екваторот (кога оската на вртење на Земјата е нормална на вртежната рамнина) се викаат рамноденица.

Риби (соѕвездие)

Риби е едно од соѕвездијата од зодијакот, и како астролошки знак го носи истото име. Латинскиот назив Pisces е множина од риба, а неговиот симбол е . Се наоѓа меѓу соѕвездијата Водолија на запад и Овен на исток.

Соединети Американски Држави

Соединети Американски Држави или САД (англиски: United States of America, USA) — федерална уставна република која се состои од педесет држави и еден федерален округ. Државата е сместена претежно во средишниот дел од Северна Америка, а нејзините 48 континентални држави и Вашингтон, се наоѓаат помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан, граничејќи се со Канада на север и Мексико на југ. Федералната држава Алјаска се наоѓа во северозападниот дел на континентот, граничејќи со Канада на исток и Русија на запад преку Беринговиот Проток. Федералната држава Хаваи е архипелаг во средниот Тихи Океан. Соединетите Држави исто така имаат под нивна јурисдикција и неколку територии и островски подрачја во Карибикот и Тихиот Океан.

Тихи Океан

Тихи Океан (лат. Mare Pacificum што значи тивко т.е., тихо море) е најголемиот и најдлабокиот океан на Земјата. Се протега од Беринговото море на Арктикот до Антарктикот на југ и од Индонезија до Колумбија. Површината на океанот изнесува 179 милиони км² , а најдлабоката точка е 11 км под површината на водата која се наога во Маријанскиот Ров близу Маријанските Острови што воедно ја ретставува и најголмата длабочина на море во светот. Во Тихиот Океан има голем број острови и островски држави. Исто така во Тихиот океан постојат околу 25.000 острови (повеќе отколку во сите океани заедно), од кој најмногу се наоѓаат јужно од екватораот.Долж неправилните западни граници на Тихиот океан, лежат многу ивични мориња, од кои најголеми се Корално, Јужнокинеско, Јапонско, Тасманово и Жолто море. Малајскиот проток е споен со Индискиот океан на запад, како и Магелановиот проток на исток со Атлантикот. На север, Беринговиот мореуз го спојува со Арктичкиот океан.

Како Тихиот океан се шири на ± 180° географска должина, на запад станува исток, азијската страна на океанот правилно се смета за источна на Тихим океан, додека спротивната страна е западната на Тихиот океан. Датумската граница поголемиот дел ја прати ±180° географска должина која се разграничува на источен и западен дел. Но, на некој места се одделува од таа географска одредница. Тако на север се врти спрема исток да би се заокружил најисточниот дел на Азија, потоа се врти спрема запад посетувајќи ги Алеутските острви, за да потоа многу појужно се сврти спрема запад како би се опфатила острвската држава Кирибати и уште некој помали острови.

Во текот на патувањата на Фернандо Магелан до Филипините, по излегувањето од теснецот низ Огнена земја (теснец кој подоцна го добил името по него) познат по јаките бури, тогаш му се причинило дека Тихиот океан е многу мирен, по што и го добил името. Сепак ,подоцна се испоставило дека не е секогаш мирен. Копното по Тихиот океан е подложно на вулкански ерупции и земјотреси. Исто така, бројни тајфуни започнуваат на тоа подручје. Еден од најопасните е цунами, (кои се последица на подводните потреси) со огромни таласи кои ги уништуваат островите и градовите на својот пат.

Украина

Украина (украински: Україна) — држава во Источна Европа. Се граничи со Русија на североисток, со Белорусија на север, со Полска, Словачка и Унгарија на запад и со Романија и Молдавија на југозапад. На југ излегува на Црно и на Азовско Море. Главен град е Киев.

Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година. Службен јазик во државата е украинскиот, а доминантна религија е православието.

Холандија

Холандија (холандски: Nederland) — европскиот дел од Кралството Холандија (холандски: Koninkrijk der Nederlanden). Холандија е парламентарна демократија со уставен монарх, лоцирана во северо-западна Европа. Се граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток. Холандија е административно поделена на 12 провинции. Денешните граници на Холандија се утврдени во 1839 година.

Холандија е една од најгусто населените и географски најниско позиционираните земји во светот, позната по своите брани, ветерници, кломпи, лалиња, велосипеди и толеранција.

Шкотска

Шкотска (шкотски (германски) и англиски: Scotland) или Алба (гелски: Alba) — зависна земја на северозападот на Европа и една од составните земји на Обединетото Кралство. Земјата ја зазема северната третина од островот, и ја дели на југ копнената граница со Англија, а се граничи со Северното Море на исток, Атланскиот Океан на север и запад и со Северниот Проток и Ирското Море на југозапад.

Кралството Шкотска е независна држава од 1 мај 1707, кога со указ за обединување, влегло во рамките на Кралството Англија. Со ова е создадено кралството Велика Британија. Шкотска и Обединетото Кралство се договориле во октомври 2012 година да се одржи референдум за независност на Шкотска од Обединетото Кралство во 2014 година.

Главни
Споредни
Главни ветри

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.