Енциклопедија

Енциклопедија е пишана збирка на знаење. Поимот доаѓа од грчки εγκύκλιος παιδεία (enkuklios pedia), буквално „во круг на инструкции“, или поопшто „добро обликувано образование“. Многу енциклопедии во странската литература се нарекуваат Циклопедија и поимите се интерменливи.

Енциклопедиите можат да бидат општи, содржејќи статии на теми во многу различни полиња (како англиската Енциклопедија Британика и германската Брокхаус, два познати примери), но можат да бидат и специфични за одредено поле (како енциклопедија во медицина, филозофија, или право). Исто така постојат енциклопедии што покриваат широк спектар на теми од различни културни, етнички, или национални перспективи, како Големата Советска Енциклопедија или Енциклопедија Јудеика.

Енциклопедијата како тема во уметноста

Наводи

  1. Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015, стр. 164.
  2. Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015.
Јован IV Цариградски

Јован IV Цариградски (2 септември 595), познат и како Јован Постачот — 33-ти Цариградски патријарх (11 април 582 – 595). Тој бил првиот кој ќе ја превземе титулат Вселенски патријарх. Тој се смета за светец од страна на Источна православна црква која го слави како празник на 2 септември.

Јован е роден во константинопол како дете на уметници, и истиот работел како вајар. Во 587 или 588 година, ги свикал епископите од истокот во име на „Вселенскиот патријарх“ за да се реши случајот на Грегориј, Антиохиски патријарх, кој бил ослободен од кривичните дела и му било вратено епископувањето. Пелагиј II еднострано ги поништил одлуките на овој собир. Во 593 година, Јован бил под тешко обвинение од страна на Грегориј I затоа што дозволил изаурскиот презвитер Анастасиј, кој бил обвинет за ерес, и било наредено истиот да биде тепан со јажиња во црквата во Константинопол.

Во 595 година, настанал спор поврзан со титулата Вселенски патријарх. Грегориј му пишал на својот легат Сабиниј, забранувајќи му да заемоначелсвува со Јован. Во случајот поврзан со презвитерот Атанасиј, кој бил обвинет дека е манихист, и осуден како таков, Грегориј се обидел да покаже дека и самиот овинител е пелагијанист, и дека со неговата негрижа, занемарување или пак грешка на Јован IV, несторијанскиот собор во Ефес бил помешан со правоверниот трет вселенски собор во Ефес.

Антим I Цариградски

Антим I Цариградски — миафизит Вселенски патријарх од 535–536. Тој бил епископ или архиепископ од Трабзон пред да стане Вселенски патријарх. Бил сменет од Агапит I околу 13 март 536 година, за подоцна да се крие во одаите на Теодора I 12 години се до нејзината смрт.

Википедија

Википедија (од анг. Wikipedia) — семрежна енциклопедија со слободна содржина отворена за читање и менување. Таа има изданија на преку различни јазици спонзорирани од страна на непрофитната Фондација Викимедија. Информациите поврзани со традиционални енциклопедиски теми стојат напоредно со теми од алманаси, газети и актуелни настани. Целта на Википедија е да создаде „свет во којшто секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“ Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Мрежата, примајќи околу 50 милиони погодоци на ден.

Името е кованица од хавајскиот збор „вики“ (wiki), што значи „брзо“, а бил присвоен да опише еден вид на соработен програм и зборот „енциклопедија“.

Википедија на индонезиски јазик

Индонезиската Википедија (индонезиски: Wikipedia bahasa Indonesia) е верзија на Википедија која што е достапна на индонезиски јазик, и е слободна енциклопедија, која денес брои преку 113,000 статии и г завзема 25-то место на листата на Википедии според бројот на статии.

Википедија на корејски јазик

Корејската Википедија (корејски: 한국어 위키백과) е верзија на Википедија која е достапна на корејски јазик, и е слободна енциклопедија, која брои преку 228.000 статии и го завзема 21-то место на листата на Википедии според бројот на статии.

Википедија на литвански јазик

Литванската Википедија (литвански: Lietuviškoji Vikipedija) е верзија на Википедија која што е достапна на литвански јазик, и е слободна енциклопедија, која денес има преку 100,000 статии и го завзема 30-то место на листата на Википедии по бројот на статии.

Википедија на македонски јазик

Македонска Википедија — издание на Википедија, слободна и јавно достапна за уредување енциклопедија, на македонски јазик.

Википедија на српски јазик

Википедија на српски јазик (српски: Википедија на српском језику) е верзија на Википедија достапна на српски јазик и е слободна енциклопедија, која денес има преку 174,000 статии и го завзема 19-место на листата на Википедии според бројот на статии.. Оваа енциклопедија поседува најголем број на статии од сите други Википедии кои што ги има на јазиците што се зборуваат на јужнословенски јазик (Македонија, Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора, Бугарија)

Грчки јазик

Грчкиот јазик (грчки: Ελληνικά; МФА: [e̞ˌliniˈka]) е индоевропски јазик кој се зборува главно во денешна Грција.

Грчкиот јазик се зборува од повеќе од 12 милиони луѓе од кои највеќе се концентрирани во Грција, но исто така и во Кипар, понатаму во Албанија и другите балкански земји, Египет, Италија, Романија, Турција, Украина, како и во многу други земји каде што постои грчка дијаспора.

Грчкиот е официјален јазик во Грција, каде што го зборува околу 99,5% од населението.[се бара извор] Заедно со турскиот јазик, грчкиот е официјален и во Кипар. Бидејќи Грција и Кипар се членки на Европската Унија, јазикот е еден од 20-те официјални јазици на Унијата. Има статус на малцински јазик во делови на Италија и Албанија.

Евтихиј Цариградски

Евтихиј Цариградски ( околу 512 – 5 април 582) — сметан за светец во католичките и православните христијански обичаи, и Вселенски патријах од 552 до 565 година, и од 577 до 582. Прославата во православната црква е на 6 април, а се споменува и во католичката црква „Corpus Juris“. Неговото начелствување, во времето на владеењето на императорот Јустинијан I, биле одбележани со контроверзии како со императорот така и со папата.

Енциклопедија Британика

Енциклопедија Британика (лат. Encyclopædia Britannica) е општа енциклопедија на англиски јазик чиј издавач е Енциклопедија Британика Инц., приватна компанија. Написите во Британика се наменети за возрасни читатели и ги пишуваат околу 100 уредници, и уште над 4000 експерти-соработници. Се смета за најквалитетна академска енциклопедија.Британика е најстарата енциклопедија на англиски која сѐ уште се печати. Првпат била објавена помеѓу 1768 и 1771 во Единбург, Шкотска и набрзо пораснала и во популарност и во обем, така што третото издание во 1801 веќе имало 21 том. Нејзиното реноме ѝ овозможило да собере еминентни соработници, така што 9-тото издание (1875–1889) и 11-тото издание (1911) се сметаат за референтни по својата академска вредност и литерарен стил.Почнувајќи од 11-тото издание, Британика постепено ги скратувала и поедноставувала написите со цел да го придобие Северноамериканскиот пазар. Во 1933 Британика станала првата енциклопедија која ја усвоила политиката на континуирана ревизија, според која енциклопедијата се преиздава и секој напис се обновува според планиран временски распоред.

Енциклопедија на живиот свет

Енциклопедија на живиот свет англиски: Encyclopedia of Life, EOL) — слободна соработна семрежна енциклопедија наменета за документирање на сите 1,9 милиони постоечки видови на организми познати за науката. Порталот се составува од постоечки бази на податоци и со учество на стручни лица и аматери од сите краишта на светот. Целта е да се изгради „бесконечно проширлива“ страница за секој вид, придружена со нагледни материјали како аудио и видео снимки, слики, графикони и текст. Покрај ова, енциклопедијата опфаќа и содржини од Библиотеката на биоразновидносното наследство, која дигитализира милиони страници печатена литература од поголемите природонаучни библиотеки во светот. За проектот се вложени почетни средства од 50 милиони долари, под водство на Мекартуровата и Слоуновата фондација, чиј удел изнесувал 20 односно 5 милиони долари. Преостанатите 25 милиони долари ги доделиле пет важни установи — Филдовиот музеј, Харвардскиот универсзитет, Лабораторијата за морска биологија, Ботаничката градина на Мисури и Смитсоновата установа. Првичниот раководител на проектот бил Џим Едвардс со развојната екипа на Дејвид Патерсон. Денес, установите-учеснички и дарителите продолжуваат со финансиската поткрепа на EOL.

EOL е пуштена на 26 февруари 2008 г. и содржела 30.000 записи. Порталот веднаш се стекнал со огромна популарност, до тој степен што морал да се справува со големо преоптоварување во посетеноста (11 милиони посети).По преработката, порталот е повторно пуштен на 5 септември 2011 г. со нов посредник и нови алатки. Новата верзија е осмислена за да ги задоволи барањата на општата јавност, граѓанските научници, просветните работници и стручните лица, кои барале попривлечен портал со поголема пристапност и лична прилагодливост. Со ова е подобрена неговата употребливост и е овозможено поголемо учество и општење помеѓу корисниците. Друга новина е неговата достапност на повеќе јазици, вклучувајќи го македонскиот.

Во извршниот одбор на проектот членуваат старешини од Атлас на жива Австралија (Atlas of Living Australia), здружената Библиотека на биоразновидносното наследство, Кинеската академија на науките, CONABIO, Филдовиот музеј, Харвардскиот универзитет, Библиотека Александрина, Мекартуровата фондација, Лабораторијата за морска биологија, Ботаничките градини на Мисури, Слоуновата фондација и Смитсоновата установа.

Ефимиј Цариградски

Ефимиј Цариградски (починал 515) — Вселенски патријарх (490–496). Теофан го нарекува Етимиј. Пред неговото назначување, Ефемиј бил презвитер во Константинопол, раководител на болница за сиромашните во Неапол, отсуство на евтихијански склоности и опишуван како образована и многу доблесна личност.

Историски речник на Швајцарија

Историски речник на Швајцарија — енциклопедија за историјата на Швајцарија, која целела да ги земе во обѕир резултатите на современите историски истражувања со цел да ги направи достапни на пошироката јавност.

Енциклопедијата е објавена од фондација под патронат на Швајцарската академија на општествените науки (SAGW/ASSH) и Швајцарското историско друштво (SGG-SHH) и е финансирана од националните истражувачки грантови. Покрај 35. вработени во средишните канцеларии, придонесувачи биле 100 академски советници, 2.500 историчари и 100 преведувачи.

Македонска енциклопедија

Македонската енциклопедија е прва научна енциклопедија за Македонија редактирана од МАНУ. Енциклопедијата е подготвувана подолг период во Лексикографскиот центар при што биле вклучени 260 соработници во нејзината подготовка под раководство на главниот уредник, академик Блаже Ристовски. Енциклопедијата е отпечатена во околу 2.000 примероци, финасиски подржана од Владата на Република Македонија. Околу 300 примероци се продадени или подарени. Останатите 1.700 копии се повлечени од продажба. На почетокот енциклопедијата, тајно циркулирара во електронска форма низ Интернет, а подоцна можела слободно да се преземе.Во енциклопедијата има околу 9.000 одредници.

Во МАНУ било планирано „Македонската енциклопедија“ да се објави во проширено издание со повеќе томови, во кое ќе било опфатено се што во овие два тома не било опфатено или било пропуштено, а потоа ќе се превела енциклопедијата на англиски јазик.

Мека

Мека (арапски مكة Makka, полн назив مكة المكرّمة Makka al-Mukarrama) — град во рамнината Тихама во Саудиска Арабија и исто така е главен и административен град на регионот Мека. Градот се наоѓа 70 километри од копното на Џеда во тесна долина на височина од 277 метри надморска височина и 340 километри јужно од Медина. Нејзиното постојано население во 2012 година изнесувало околу 2 милиони, иако посетителите повеќе од трипати го зголемуваат овој број секоја година во периодот на аџилак што се одржува во дванаесеттиот муслимански лунарен месец.

Како родно место на Мухамед и местото на првото откровение на Мухамед на Куранот (конкретно пештера на 3 километри од Мека), Мека се смета за најсветиот град во исламот и место за аџилак, познато како Хаџ кој е задолжителен за сите способни муслимани. Во Мека се наоѓа Ќаба, најсветото место на исламот. Мека била долго владеена од потомците на Мухамед, познати како шарифи, кои дејствувале како независни владетели или како вазали. Таа била освоена од Ибн Сауд во 1925 година. Во својот современ период, Мека забележала огромна експанзија во големината и инфраструктурата, каде што се наоѓаат структурите како што се Абраџ ел-Бејт, хотелот „Кула на кралскиот часовник“, четврта највисока зграда во светот. За време на оваа експанзија, Мека има изгубено некои историски структури и археолошки локалитети, како што е Еџјадската тврдина. Денес, повеќе од 15 милиони муслимани ја посетуваат Мека годишно, вклучувајќи и неколку милиони во текот на неколкуте денови на Хаџ. Како резултат на тоа, градот станал еден од најпознатите космополитски градови во муслиманскиот свет, иако на немуслиманите им е забрането да влезат во градот.

Мина Цариградски

Мина Цариградски — христијански светец бил назначен од византискиот император Јустинијан I за Вселенски патријарх во 536 година. Агапит I се согласил да го наследи епископот Антим, кој бил миафизит. Тој заземал став против Ориген. Бил екскумунициран во 547 година и во 551 година поради ставови спротивни од оние на папата, но и во двата случаи казната била мошне брзо отстранета. Патријахувањето на Мина е периодот на најголемо внимание на папата во Константинопол.

Неговото празнување и во двете цркви е на 25 август.

Рацебург

Рацебург (германски: Ratzeburg) — град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Опкружен е од четири езера, најпознато и најголемо од нив е Рацебуршкото Езеро. Рацебург претставува административно седиште на округот Војводство Лауенбург. Воедно, градот е административно седиште и на општинската заедница Лауенбуршки Езера, иако самиот град не е член на заедницата.

Сувереност

Сувереност или суверенитет (од фр. souveraineté, од лат. superanus - „врховенство, господарство“) — исклучиво право на врховна политичка (на пр. законодавна, судска, и/или извршна) власт над извесен географски регион, група на луѓе или себеси. Суверен претставува врховната законодавна власт, која не е подредена никому.

Унгарски јазик

Унгарски јазик (унг. magyar nyelv listen ) — јазик дел групата на угрофински јазици од фамилијата на уралски јазици, неповрзан со голем дел од европските јазици. Воглавно јазикот се зборува во Унгарија и од унгарските малцинства во околните држави.

Како мајчин, јазикот го зборуваат околу 14.5 милиони луѓе, од кои 9.5 до 10 милиони живеат во Унгарија. Два милиони говорители живеат во околните држави, поранешни територии на кралството Унгарија. Во соседството, најмногу Унгарци има во Романија каде има околу 1.4 милиони. Покрај Романија, унгарско малцинство има и во Словачка, Србија (поточно Војводина), Украина, Хрватска, Австрија и Словенија и околу еден милион во остатокот од светот.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.