Ендемизам

Ендемизамеколошка појава при што еден организам живее само во една географска област или тип на живеалиште и го нема никаде на друго место. Таквиот се нарекува ендемит или ендем.[1] Организмите што се автохтони во одредена област не се ендемски доколку се среќаваат и на други места. Крајно спротивната состојба на ендемизмот е космополитизмот.

Настанокот и одржувањето на ендемизмот зависи од физички, климатски и биолошки фактори, но зависи и од правна заштита на организмите и практиките на луѓето во тоа подрачје.

Постојат две поткатегории на ендемизам — палеоендемизам и неоендемизам. Палеоендемизмот е појава каде еден вид порано бил нашироко распространет, но денес е ограничен на мало подрачје. Неоендемизмот се однесува на видови што се јавиле неодамна со разгранување и репродуктивна изолација, или пак оние создадени со вкрстување кои со време добиле статус на посебен вид. Ова е честа појава кај растенијата, особено оние што се карактеризираат со полиплоидија.

Ендемските типови и видови особено се среќаваат во биолошки изолирани подрачја (најчесто острови) поради географската оддалеченост од други живеалишта. Тука се вбројуваат оддалечените островски групи како Хаваите, архипелазите Галапагос и Сокотра и биолошки изолираните неостровски подрачја како горските предели на Етиопија. Во водните живеалишта, ендемите се јавуваат во поголеми самостојни водни површини како Бајкалското и Охридското Езеро.

Видовите кои се ендемски лесно стануваат загрозени или изумираат доколку нивното ограничено живеалиште претрпи измени. Факторите на промена можат да бидат човечки и природни. Меѓу човечките, особено големо блијание има доведувањето на нови организми. Еден пример е населувањето на Бермуда, каде, на на почетокот на XVII век, имало милиони бермудски бурници и бермудски смреки. Кон крајот на векот, бурниците се сметале за изумрени. Во XX век смреките настрадале од ненамерно донесен паразит и, поради нивната оскудност (векови експлоатација за бродоградба) речиси изумреле. Иако не се изумрени, бермудските бурници и смреки денес се многу ретки, како и други ендемски видови на Бермуда.

Galapagos giant tortoise Geochelone elephantopus
Галапагоска желка — џиновска едемска желка од архипелагот Галапагос
Echium wildpretii LC0204
Вилдпретова волчја опашка — ендемит на Тенерифе, Канарски Острови
Viola-allchariensis mk.jpeg&filetimestamp=20120223221448&
Поштенска марка со алшарска темјанушка — ендемит од местото Алшар на планината Кожуф, јужна Македонија

Екорегиони со висок степен на ендемизам

Според Светскиот фонд за природа (WWF), следниве екорегиони имаат највисок процент на растителни ендемити:

Поврзано

  • Автохтон вид
  • Ендемски видови во Република Македонија

Наводи

  1. „ендем“ — Лексикон на македонскиот јазик на офф.нет
  2. „Афротропи > средоземни шуми, кории и честаци > Низински финбос и реностервелд (AT1202)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  3. „Oceania > Тропски и суптропски суви листопадни шуми > Хавајски тропски суви шуми (OC0202)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  4. „Oceania > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Хавајски тропски влажни шуми (OC0106)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  5. „Австралазија > Средоземни шуми, кории и честаци > Крајбрежни рамничарски честаци и кории (AA1205)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  6. „Афротропи > Тропски и суптропски суви листопадни шуми > Мадагаскарски суви листопадни шуми (AT0202)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  7. „Афротропи > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Мадагаскарски низински шуми (AT0117)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  8. „Австралазија > Тропски и суптропски суви листопадни шуми > Новокаледонски суви шуми (AA0202)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  9. „Австралазија > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Новокаледонски дождовни шуми (AA0113)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  10. „Неотропски > Тропски и суптропски четинарски шуми > Борово-дабови шуми во Сиера Мадре де Охака (NT0308)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  11. „Неотропски > Тропски и суптропски четинарски шуми > Борово-дабови шуми од Јужната Сиера Мадре (NT0309)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  12. „Индомалајски > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Лузонски планински дождовни шуми (IM0122)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  13. „Индомалајски > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Лузонски дождовни шуми (IM0123)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  14. „Индомалајски > Тропски и суптропски четинарски шуми > Лузонски борови шуми (IM0302)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  15. „Индомалајски > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Минандајски дождовни шуми (IM0128)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  16. „Индомалајски > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Минандајско-источновисајски дождовни шуми (IM0129)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)
  17. „Индомалајски > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Палавански дождовни шуми (IM0143)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. конс. 26 јануари 2010. (англиски)

Библиографија

Биоразновидност

Биоразновидност (биодиверзитет) — степен на разновидност на животните облици во рамките на даден вид, екосистем, биом или планета. Копнената биоразновидност е најголема на помалите географски широчини близу екваторот, што најверојатно е резултат на топлата клима и високата примарна продукција. Морската биоразновидност е најголема долж западните брегови на Тихиот Океан, каде температурата на морската површина е најголема, како и во средишниот напореднички појас во сите океани. Биоразновидноста покажува тренд на групирање во биоразновидносни жаришта и зголемување со текот на времето, но многу е веројатно дека ќе се намали во иднина.Брзите промени во животната средина обично предизвикуваат масовни изумирања. Една проценка вели дека помалку од 1 или 3% од видовите кои постоеле на Земјата се рецентни.

На Земјата постоеле пет поголеми масовни изумирања и неколку помали слични настани кои довеле до големи и ненадејни падови во биоразновидноста. Во фанерозоик (последните 540 милиони години) се забележува брз пораст на биоразновидноста почнувајќи со камбриумската експлозија, период во кој се појавиле мнозинството колена на многуклеточни организми. Следните 400 милиони години имало повеќекратен масовен губиток на биоразновидноста, настани означени како масовни изумирања. Во карбон, уништувањето на дождовните шуми довело до голем губиток на растителен и животински свет. Изумирањето во пермот и тријасот кое се случило пред околу 251 милиони години било најштетното; опоравувањето на ’рбетниците од истото траело 30 милиони години. Најскорешното изумирање, изумирањето во кредата и палеогенот, се случило пред 65 милиони години и привлекува повеќе внимание отколку другите бидејќи довело до во изумирањето на диносаурусите.Времето од појавата на луѓето е обележано со намалување на биоразновидноста што е сè уште во тек, придружено со губење на генетската разновидност. Ова намалување, инаку именувано како холоценско изумирање, е предизвикана главно од влијанието на човекот, а особено уништувањето на живеалиштата на живите организми. И обратно — биоразновидноста влијае на здравјето на човекот, како позитивно, така и негативно.

Обединетите нации го означија периодот од 2010-2020 како „Деценија на биоразновидноста“.

Биоразновидност на Нов Зеланд

Биоразновидноста во Нов Зеланд, голем тихоокеански архипелаг, е еден од најнеобичните на планетата заради неговата долга изолација од другите континентални маси. Неговите особини делумно потекнуваат од Гондвана, од која се има одделено пред 82 милиони години, додека некои поскромни особини ги дели со Нова Каледонија и островот Лорд Хау, со кој ја дели истата плоча како и некои сродности со Австралија. Во поново време еден дел од биоразновидноста е внесен од луѓето. Новозеландскиот биоразновидност содржи висок степен на ендемизам кај флората и кај фауната. Историски, новозеландските острови немаат староседелски цицачи освен лилјаци и барем уште еден вид, изумрен пред милиони годиини. Главни сочинители на фауната се инсектите и птиците. Во флората преовладуваат гондванските растенија кои историски сочинуваат многу шуми како на пример оние од гигантското дрво каури.

Индија

Индија официјално Република Индија (хинди: भारत गणराज्य Bhārat Gaṇarājya; вид. други индиски јазици) е држава лоцирана во Јужна Азија и го зафаќа поголемиот дел од индискиот потконтинент, опфаќајќи многу значајни и историски трговски рути. Со крајбрежје од преку 7,000 километри, Индија дели граници со Пакистан, Народна Република Кина, Мјанмар, Бангладеш, Непал, Бутан, и Авганистан. Шри Ланка, Малдивите и Индонезија се одделни островски нации. Индија е втора земја по број на жители во светот со 1,147,995,904 жители и седма по географска големина со 3,287,590 km². Главен град е Њу Делхи.

Дом на прастарата Цивилизација на Индиската Долина и област на историските трговски патишта и пространи империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја. Четири од главните религии во светот: хиндуизмот, будизмот, џаинизам и сикизмот, потекнуваат од тука, додека зороастризмoт, јудаизмот, христијанството и исламот, пристигнуваат во првиот милениум пред нашата ера и го оформуваат регионот на разновидни култури. Постепено, припиена од страна на Британската источноиндиска компанија од почетокот на 18 век и колонизирана од страна на Велика Британија од средината на 19 век, Индија станува независна држава во 1947 година, по борбата за независност која била одбележана како ненасилен отпор предводен од Махатма Ганди.

Индија е федерална уставна република со парламентарна демократија што се состои од 28 држави и унија на седум територии. Составена од плуралистичко,повеќејазично и мултиетничко општество, Индија исто така е дом на разновиден жив свет во најразлични заштитени животни средини. Индиската економија е единаесетта по големина светска економија според номиналниот БДП и четврта по големина од паритетот на куповната моќ. Од воведувањето на пазарна економија и економските реформи во 1991 година, Индија станува една од брзорастечките економии во светот, сепак, земјата продолжува да се соочува со сиромаштијата, неписменоста, корупцијата и предизвиците поврзани со јавното здравство. Индија е класифицирана како една од ново индустријализираните земји и таа е едена од четирите БРИК нации. Таа е шеста во светот де факто држава со нуклеарно оружје и е трета по големина вооружена сила во светот, а нејзините воени трошоци се рангирани на десеттото место во светот. Индија е регионална сила во Јужна Азија.

Таа е една од основачите на Обединетите нации, на Движењето на неврзаните земји, на Светската трговска организација, на Јужноазискотоздружение за регионална соработка, на Самитот на Источна Азија, на Г-20 и на Г8 +5; членка на Комонвелтот на нациите; и држава набљудувач во Шангајската организација за соработка.

Космополитизам (биологија)

Во биогеографијата, еден таксон се смета за космополитски ако неговиот ареал се протега ширум целиот (или речиси целиот) свет, во сите погодни живеалишта. На пример, китот убиец има космополитски ареал бидејќи живее во сите океани и речиси сите мориња на светот. Истото важи и за некои заразни болести. Други вакви примери се луѓето, штитестиот лишај (Parmelia sulcata) и мекотелниот род Дагња (Mytilus). Ваквата состојба може да се должи на широк дијапазон на толеранција во животните средини или пак поради брзо распространување на видот во однос на времето потребно да еволуира.Спротивна состојба на космополитизмот е ендемизмот, каде извесен вид се среќава само во едно ограничено подрачје.

Питон де Неж

Питон де Неж — штитест вулкан кој се наоѓа во Реинион, еден од француските вулкански острови во архипелагот Маскарен во југозападниот дел на Индискиот Океан. Со надморска височина од 3.069 метри, Питон де Неж се наоѓа на околу 800 километри источно од Мадагаскар. Питон де Неж е највисоката точка на Реинион и се смета за највисока точка во Индискиот Океан. Вулканот бил формиран и се појавил од морето пред околу две милиони години. Денес е длабоко еродиран и неактивен веќе 20.000 години и е опкружен со три масивни долини на кратерот. Питон де Неж ги формира северозападните две третини од Реинион, заедно со повеќе активниот Питон де ла Фурнес. И покрај неговото име, снег практично никогаш не паѓа на врвот.

Вулканскиот остров се смета дека е стар околу три милиони години и дека бил формиран во текот на Плиоценот. Другите два острови во архипелагот, Маврициус и Родригеш се стари околу 7,8 милиони години, формирани во текот на Миоценот. Островот поседува висок ендемизам на цветни растенија (околу 225), кое го оправдува создавањето на биолошки резерват на долните падини на Питон де Неж.

Тропски појас

Тропски појас (жежок појас) — регион на Земјата што се наоѓа околу екваторот. Појасот во ширина е ограничен од северниот повратник на 23° 26′ 16″ СГШ и јужниот повратник на 23° 26′ 16″ ЈГШ, што е во склад со осниот наклон на Земјата. Во тропскиот појас влегуваат сите подрачја на Земјата каде Сонцето доаѓа нормално на Земјината површина барем еднаш во текот на сончевата година. Во тропскиот појкас живее околу 40% од населението во светот (2008), а до 2060 се очекува да достигне 60%, поради високиот природен прираст и преселбите.

Циркумбореален регион

Циркумбореален регион или евросибирско-канадски регион на бореалното царство — голем флористички регион. На југ навлегува во Европа (со исклучок на оној дел кој се однесува на Средоземноморската област), северна Анадолија, Кавказ (со исклучок на аридните области и Талиш), Урал, Сибир, Далечниот Исток (со исклучок на југоисточните делови по средното течение на р. Амур), Камчатка, северен Сахалин, северните Курилски Острови, Алеутските Острови, Алјаска, поголем дел од Канада и мал дел од САД. Многу голем дел од овој регион е заземен од широколисни и иглолисни шуми, но и тундри и степи.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.