Економија

Поимот економија (на грчки Οικονομικά) потекнува од грчките зборови „оикос“ (οίκω=домаќинство) и „номос“ (νέμω=закон) и претставува општествена наука што се занимава со изучување на прераспределбата на недостатните ресурси со помош на мерливи менливи. Овие изучувања вклучуваат анализа на производство, дистрибуција, трговија и потрошувачка на добра и услуги. Економијата се смета за позитивна кога се обидува да ги објасни последиците на различните избори во даден сет претпоставки и набљудувања, и нормативна кога препорачува одредена постапка што треба да се преземе.]

Економската наука се дели на две гранки: микроекономија, што се фокусира на индивидуалните субјекти, како што се домаќинствата и претпријатијата, и макроекономија, што гледа на економијата на една држава или регион во целост, земајќи ги предвид агрегатните понуда и побарувачка за пари, капитал и стоки.

Економија
GDP nominal per capita world map IMF 2007

Општи аспекти

Историја на економските теории
Микроекономија · Макроекономија

Методологија

Поведение · Информациона
Економетрија · Развојна
Опитна · Теорија на игрите
Математичка

Специјалности и субспецијалности

Развој · Раст · Историја
Меѓународна трговија · Трудова
Благосостојба · Финансиска
Монетарна теорија · Јавен сектор
Индустриска организација · Право
Еколошка · Економски системи
Природни ресурси · Аграрна
Животна средина · Регионална наука
Урбана · Култура · Здраство

Списоци

Журнали · Публикации
Категории · Теми · Економисти

Portal.svg Портал економија

Поврзано

Американски долар

Американски долар е официјалната валута на САД. Американскиот долар, исто така, е во широка употреба како резервна валута надвор од САД. Издавањето на валутата е под контрола на Федералниот резервен систем на САД. Најчесто користен симбол за американскиот долар е знакот долар ($), додека кодот ISO 4217 за американскиот долар е USD. Американскиот долар се обележува како US$ од страна на Меѓународниот Монетарен Фонд. Доларските банкноти не се печати на хартија (од дрво, целулоза) туку од специјално изработени листови од памук.

Бруто домашен производ

Бруто домашен производ (БДП) (англиски: gross domestic product, GDP) е еден од основните начини на мерење на големината и перформансите на една економија. Бруто домашниот производ е дефиниран како вкупната пазарна вредност на сите произведени финални добра и услуги во една земја во одреден период (вообичаено, една година). Според тоа, во БДП се вклучуваат само финалните добра, т.е. се исклучува вредноста на интермедијарите производи во производството. Изразот бруто се однесува на фактот дека амортизацијата на капиталните фондови е вклучена во пресметката на БДП. Значи, доколку се одземе амортизацијата на капиталните фондови би се добил нето домашен производ. Бруто домашниот производ е централна макроекономска категорија преку која се мери вкупната економска активност на една земја.

Бугарија

Оваа статија се однесува за современата држава на Балканот, за други значења погледнете Бугарија (појаснување).Бугарија (бугарски: България) или официјално Република Бугарија (Република България) е држава во Југоисточна Европа, која излегува на Црно Море на исток, на југ граничи со Грција и Турција, со Србија и Македонија на запад и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел од границата ја дели областа Добруџа. Бугарија има вкупна површина од 110 911,5 квадратни километри.

Бугарски земји биле населени од неолитот. Првата документирана цивилизација која живеела на територијата на Бугарија биле Тракијците. Тие биле асимилирани од Римјаните, а подоцна од страна на Словените во 6 век. Околу 670, прабугарски орди пристигнале на Балканскиот Полуостров и го основале „Првото бугарско царство“, признато од Византија во 681 година. Бугарската држава станала културниот центар за сите Словени во текот на средниот век сè до падот на „Второто бугарско царство“ под отоманска власт во 1396. Во 1878 година на Руско-турската војна резултирал со основање на „Трето бугарско царство“. Таа станала комунистичка народна република и сојузник на Советскиот Сојуз во 1946 година. Колапсот на Источниот блок во 1989 година донел демократски промени во Бугарија и резултирал со нејзиното членство во Европската Унија во 2007 година.

Главен град на Бугарија е Софија, кој има околу 1 290 000 жители. Други поголеми градови се Пловдив (331 796), Варна (330 486) и Бургас (197 301).. Бугарија е членка на повеќе меѓународни организации, меѓу кои и во НАТО, Светската трговска организација, Европската Унија, како и три пати непостојана членка на Советот за безбедност на ОН и еден од основачите на ОБСЕ.

Валута

Валута претставува единица за размена, односно за управување на односот помеѓу добрата и услугите. Таа претставува форма на пари, каде што парите се дефинирани како средство за размена. Валутна или монетарна зона е регион во кој одредена валута има доминантна примена на пазарот на размена. За да се управува пазарот помеѓу валутните зони, постои курсот, односно вредноста на една валута во однос на друга. Валутите можат да се окарактеризираат како фиксирани или слободни, базирани на нивниот режим на размена.

Во поголемиот број случаи, државата има монополска контрола врз дотурот и производството на сопствената валута. Земјите членки на Европската Монетарна Унија, се исклучок од ова правило, каде што оваа функција ја има Европската Централна Банка. Во Република Македонија официјална валута е Денарот и изнесува приближно 0.016 Евра за 1 Денар.

Потеклото на валутата е во 2000 година пред Христа. Се претпоставува дека валутата е воведена врз база на два основни изума. Употребата на бројачи за да се осигура дека стоката која се испорачува е идентична со таа која што го започнала патувањето, и употребата на сребрени прачки како средства за размена.

Првите деривати во форма на монети се појавуваат некоe време подоцна.

Данска

Данска (дански: Danmark) е држава која се наоѓа во Северна Европа. Главен град на Данска е Копенхаген. Кралството Данска е најмала држава на Скандинавскиот полуостров. Таа е член на Европската унија. Данска излегува на Балтичко Море и Северно Море а се состои од 13 општини (amter), една самостојна градска општина и два автономни региони – Гренланд и Фарски

острови.

Ирска

Ова е статија за западноевропска држава. За други значења на поимот, видете Ирска (појаснување)

Република Ирска (ирски: Poblacht nah Éireann, англиски:Republic of Ireland) е официјалниот „опис“ (како што е дефинирано со ирскиот закон) на независната држава што покрива приближно пет шестини од островот Ирска кој се наоѓа релативно блиску до северозападниот брег на Европа. Република Ирска е најзападната држава на Европската Унија и има развиена економија и население од приближно четири милиони жители. Според ирскиот устав, официјалното име на земјата е едноставно Ирска (на ирски: Éire, на англиски: Ireland). Главен град на Ирска е Даблин.

Останата шестина од островот Ирска е позната како Северна Ирска и претставува дел на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Ирска е парламентарна република која своја основа наоѓа во Уставот кој бил усвоен во 1937 година.

Парламентот (Oireachtas) е формиран од Претседателот и од два Дома: Дом на пратеници (Dail Eireann) и Сенат (Seanad Eirann).

Претседателот (Uachtaran na hEireann) управува со државата 7 години додека двата Дома можат да бидат избрани најдолго 5 години.

Ирскиот народ потекнува од келтските племиња кои се населиле на островот уште од древни времиња и успеале да дадат отпор против туѓите напади.

Колумбија

Колумбија (шпански: Colombia) е држава во северозападниот дел од Јужна Америка. На исток се граничи со Венецуела, на југоисток со Бразил, на југозапад со Перу и Еквадор, а на север со Панама. На североисток излегува на Атлантскиот Океан, а на северозапад на Тихиот Океан. Главен град е Богота.

Народна Република Кина

За Кинеската цивилизација, видете Кина (појаснување).

Не треба да се поистоветува со Република Кина (Тајван).Народна Република Кина или скратено НР Кина (кинески: 中华人民共和国, пинјин: Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó, мак. тр. „Џунгхуа женмин гунгхегуо“) — држава која опфаќа најголемиот дел од културниот, историскиот и географскиот простор на Кина. Од своето формирање во 1949 година, таа е водена од Комунистичката партија на Кина. Кина е најнаселена држава во целиот свет со повеќе од 1.250.000.000 жители, од кои повеќето припаѓаат на групата Хан. Таа е најголема земја на подрачјето на Источна Азија, и четврта по големина во целиот свет. Кина граничи со 14 земји: Авганистан, Бутан, Мјанмар, Индија, Казахстан, Киргизстан, Лаос, Монголија, Непал, Северна Кореја, Пакистан, Русија, Таџикистан и Виетнам. Народна Република Кина го смета островот Тајван за дел од својата територија, меѓутоа тој фактички не е под нејзин суверенитет.

Пари

Пари — општоприфатено средство кое служи за размена на производите, за чување на вредноста и за плаќање на долговите. Тие се засноваат на договор во рамките на една заедница за користење на одредено средство за размена. Овој договор за користење на било кој материјал за пари може да биде или експлицитен или имплицитен, слободно избран или под принуда.

Полска

Република Полска (Жечпосполита Полска, полски: Rzeczpospolita Polska, Жечпосполита Полска) — земја во средна Европа која се наоѓа помеѓу Германија на запад, Чешка и Словачка на југ, Украина и Белорусија на исток и Балтичкото Море, Литванија и Русија на север. Полската држава е стара преку 1.000 години. Во XVI век, унијата Полска-Литванија била најбогатата и најмоќната земја во Европа. На 3 мај 1791, Полска-Литванија го ратифицира првиот устав во Европа. Набрзо потоа, Полска престанува да постои 123 години, заради тоа што е разделена меѓу нејзините соседи Русија, Австрија и Прусија. Полска повторно се изборува за независност во 1918 год. Во 1989, на првите делумно слободни избори во Полска по Втората светска војна, победува движењето Солидарност, а поразени се полските комунистички владетели. Во 1999 Полска се приклучува кон НАТО, а во 2004 станува и членка на Европската унија. Претседател e Анджеј Дуда (пол. Andrzej Duda), а премиер e Матеуш Моравецки (пол. Mateusz Morawiecki).

Главен град на Полска е Варшава (пол. Warszawa). По површина зафаќа 312.679 км², а брои население од 38.500.000 жители.

Португалија

Португалија (португалски: Portugal) — република во западниот и југозападниот дел на Пиринејскиот Полуостров во југозападна Европа. Таа е најзападната земја во континентална Европа. Португалија се граничи со Шпанија на север и исток, и со Атлантски Океан на запад и југ. Во продолжение, Португалија содржи неколку острови сред Атлантикот, вклучувајќи ги Азорите (Açores) и Мадеира.

Главен град на Португалија е Лисабон. Вкупното население на Португалија е 10.524.145 жители.

Република Кина

„Република Кина“ е општо позната како „Тајван", или во повеќето меѓународни организации како „Кинески Тајпеј“.

Не треба да се помеша со Народна Република Кина.Република Кина (традиц. 中華民國, упр. 中华民国) — држава во источна Азија која еволуирала од еднопартиска држава со целосно меѓународно признавање во мултипартиска демократска држава со ограничено меѓународно признавање. Била една од неколкуте победнички земји во Втората светска војна и основачка членка на Обединетите Нации. Основана во 1912, Република Кина зафаќала најголем дел од континентална Кина. Во 1945, на крајот на Втората светска војна Република Кина ги додала островските групи Тајван (Формоза) и Пескадори кон својата јурисдикција. Овие островски групи, заедно со Кинмен и Мацу станале целосната територија на Република Кина по 1949 кога Куоминтанг ја загубиле Кинеската граѓанска војна од кинеската комунистичка партија и Народна Република Кина била формирана на континентална Кина. Според законот на Република Кина, тие територии се познати како Слободна Територија на Република Кина.

Словачка

Словачка Република (словачки: Slovenská republika), неофицијално Словачка (Slovensko) или многу ретко Словакија — независна држава во централна Европа. Има население од околу пет милиони луѓе, а зафаќа површина од 49.000 км2. Словачка нема излез на море и се граничи со Чешката Република и Австрија на запад, Полска на север, Украина на исток и Унгарија на југ. Најголем град во државата е нејзината престолнина, Братислава. Втор по големина град е Кошице. Словачка е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација и други.

Словените пристигнале и се населиле на територијата на денешна Словачка во 5 и 6 век за време на големата преселба на народите. За време на историјата, различни делови од денешна Словачка припаѓале на Кралството на Само (првата позната политичка единица на словените), Кнежеството Нитра (како независно, како дел од Голема Моравија и како дел од Кралството Унгарија), Австро-Унгарија или Хабсбуршкото Царство и Чехословачка. Самостојна Словачка држава кратко постоела и за време на Втората светска војна, во периодот од 1939-1944, со што подоцна Словачка станала независна од нацистичка Германија. Од 1945 година, Словачка повторно станала дел од Чехословачка. Денешната Словачка станала независна на 1 јануари 1993 со мирен распад на Чехословачка.

Денeска Словачка е високо развиена земја со силна економија, со една од најрастечките во ЕУ и ОЕСР. Земјата и се приклучи на Европската Унија во 2004 и на Еврозоната на 1 јануари 2009. Словачка заедно со Словенија се единствените поранешни комунистички земји, кои денеска се дел од Европската Унија, Еврозоната, Шенген зоната и НАТО.

Соединети Американски Држави

Соединети Американски Држави или САД (англиски: United States of America, USA) — федерална уставна република која се состои од педесет држави и еден федерален округ. Државата е сместена претежно во средишниот дел од Северна Америка, а нејзините 48 континентални држави и Вашингтон, се наоѓаат помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан, граничејќи се со Канада на север и Мексико на југ. Федералната држава Алјаска се наоѓа во северозападниот дел на континентот, граничејќи со Канада на исток и Русија на запад преку Беринговиот Проток. Федералната држава Хаваи е архипелаг во средниот Тихи Океан. Соединетите Држави исто така имаат под нивна јурисдикција и неколку територии и островски подрачја во Карибикот и Тихиот Океан.

Узбекистан

Узбекистан (узбечки: O‘zbekiston, Ўзбекистон), или официјално Република Узбекистан (O‘zbekiston Respublikasi, Ўзбекистон Республикаси) — држава во Централна Азија. Узбекистан се граничи со Казахстан на запад и југ, со Киргистан и Таџикистан на исток и со Авганистан и Туркменистан на југ. Република Узбекистан е наследничка на Узбечката ССР. Узбекистан е една од туркиските држави во Азија.

Низ историјата територијата на Узбекистан била дел од неколку империи, меѓу кои Персија, Саманидската империја и Тимуридското царство. Регионот бил освоен и населен од Узбеци во раниот XVI век. Денес повеќето од узбекистанското население се Узбеци и зборуваат на узбечки јазик. Во XIX век територијата била присвоена од Руската империја и во 1924 година станала составен дел од СССР. Узбекистан својата независност ја стекнала на 31 август 1991.

Економијата на Узбекистан се ослонува на производство на добра, меѓу кои памук, злато, ураниум и земен гас. Иако државата минува низ процесот на транзиција, сепак Узбекистан има контролирана економија, која често е причина за неинвестирање странски капитал во државата. По 1995 година државата забележала позитивни резултати од контролираната економија и транзиција. Узбекистанската политика за човековите права била под силна критика од меѓународните организации.

Украина

Украина (украински: Україна) — држава во Источна Европа. Се граничи со Русија на североисток, со Белорусија на север, со Полска, Словачка и Унгарија на запад и со Романија и Молдавија на југозапад. На југ излегува на Црно и на Азовско Море. Главен град е Киев.

Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година. Службен јазик во државата е украинскиот, а доминантна религија е православието.

Унгарија

Унгарија (унгарски: Magyarország [ˈmɒɟɒrorsaːɡ] ( слушнете)) е држава во Средна Европа, што се граничи со Австрија, Украина, Романија, Србија, Хрватска, Словенија и Словачка. Локално е позната како Земја на Унгарците. Главен град на Унгарија е Будимпешта. Химна на Унгарија е Isten, áldd meg a magyart (Боже, благослови го Унгарецот). Во Унгарија живеат околу 10.241.000 жители на територија од околу 93.000 км2.

Шведска

Шведска (шведски: Sverige) или официјално Кралство Шведска (шведски: Konungariket Sverige ) — држава во Северна Европа на Скандинавскиот Полуостров. Шведска граничи со Норвешка на запад, со Финска на североисток. На југ е поврзана со Данска со Ересундскиот мост. Главен град на Шведска е Стокхолм, што е и најголем град во државата со 1,3 милиони жители во градот или 2 милиони жители во метрополитенската област.

Со своите 450.295 километри квадратни, Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од 9,2 милиони жители. Според тоа, Шведска има низок степен на густина на население со 21 жител на километар квадратен, но со повисок степен на југот на земјата. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата. Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг со 500.000 жители и трет најголем град е Малме.

Шведска е уставна монархија со парламентарен систем на владеење и со високо развиена економија. Шведска е дел од Европската Унија од 1 јануари 1995 година. Како независна држава се воздигнала во средновековието. За време на XVII век државата ги проширила своите територии и се создало Шведското царство. Повеќето освоени територии надвор од Шведска биле освоени за време на XVIII и XIX век. Источниот дел од Шведска (денес Финска) бил изгубен во 1809 и потпаднал под власт на Русија. Последната војна во која Шведска директно било инволвирана во 1814 година кога шведската војска ја принудила Норвешка да ја оформат Шведско-норвешката унија која траела до 1905. Оттогаш, Шведска е земја која го поддржува мирот и е неутрална држава.

Шкотска

Шкотска (шкотски (германски) и англиски: Scotland) или Алба (гелски: Alba) — зависна земја на северозападот на Европа и една од составните земји на Обединетото Кралство. Земјата ја зазема северната третина од островот, и ја дели на југ копнената граница со Англија, а се граничи со Северното Море на исток, Атланскиот Океан на север и запад и со Северниот Проток и Ирското Море на југозапад.

Кралството Шкотска е независна држава од 1 мај 1707, кога со указ за обединување, влегло во рамките на Кралството Англија. Со ова е создадено кралството Велика Британија. Шкотска и Обединетото Кралство се договориле во октомври 2012 година да се одржи референдум за независност на Шкотска од Обединетото Кралство во 2014 година.

Економија
Макроекономија
Микроекономија
Поддисциплини
Методи
Историја на
економската мисла
Познати
економисти и економски мислители

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.