Екваторска Гвинеја

Ова е статија за државата во Централна Африка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Република Екваторска Гвинеја
Знаме на Екваторска Гвинеја Грб на Екваторска Гвинеја
Знаме Грб
ГеслоUnidad, Paz, Justicia  (шпански)
Unité, Paix, Justice  (француски)
Unidade, Paz, Justiça  (португалски)
Единство, мир, правда
ХимнаCaminemos pisando las sendas de nuestra inmensa felicidad
Да одиме по патот на нашата неизмерна среќа
Местоположбата на  Екваторска Гвинеја  (темносина) – во Африка  (светлосина и dark grey) – во Африканска Унија  (светлосина)
Местоположбата на  Екваторска Гвинеја  (темносина)

– во Африка  (светлосина и dark grey)
– во Африканска Унија  (светлосина)

Главен градМалабо
3°45′N 8°47′E / 3.750° СГШ; 8.783° ИГД
Најголем град Бата
Службен јазик
  • шпански
  • француски
  • португалски
  • Признаени регионални јазици фаншки, бубејски, анобонски
    Народности (1994) 85.7% Фанзи
    6.5% Бубијци
    3.6% Мдовејци
    1.6% Анобони
    1.1% Буџебајци
    1.4% други[1]
    Демоним Екватогвинеец
    Уредување унитарна претседателска република
     •  Претседател Теодоро Објанг
     •  Премиер Игнасио Милам
    Независност
     •  од Шпанија 12 октомври 1968 
    Површина
     •  Вкупна 28.050 км2 (144та)
     •  Вода (%) незначително
    Население
     •  проценка за 2009 г. 676,000[2] (166та)
     •  Густина 24.1 жит/км2 (187та)
    БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
     •  Вкупен $24.146 милијарди[3] 
     •  По жител $34,824[3] (22ра)
    БДП (номинален) проценка за 2010 г.
     •  Вкупно $14.006 милијарди[3] 
     •  По жител $20,200[3] 
    ИЧР (2013) 0.556[4]
    среден · 144та
    Валута ЦФА франк (XAF)
    Часовен појас ЗАВ (UTC+1)
     •  (ЛСВ) н.п. (UTC+1)
    Се вози на десно
    НДД .gq
    Повик. бр. 240

    Екваторска Гвинеја[5] или официјално Република Екваторска Гвинеја (шпански: República de Guinea Ecuatorial,француски: République de Guinée Équatoriale, португалски: República da Guiné Equatorial) е држава во Централна Африка. Со површина од 28.000 километри квадратни, Екваторска Гвинеја е една од најмалите држави во Африка. Екваторска Гвинеја е една од најпросперитетните држави на африканскиот континент, но сепак богатството е во рацете на владата и елитата, а населението нема големи придобивки истото. Екваторска Гвинеја има население од 1.014.999.[6] Државата е составена од два дела: континентален регион и островски регион. Главен град на Екваторска Гвинеја е Малабо, кој се наоѓа на островскиот дел од државата, додека официјални јазици се шпанскиот, францускиот и португалскиот јазик. Во 2011 година владата објавила дека планира да изгради нов главен град кој ќе го замени Малабо и истиот ќе биде наречен Џиблохо.[7][8][9][10]

    Етимологија

    Името на државата потекнува од берберскиот збор „aginaw“, кој го употребувале Португалците (Guiné) и значи „црно“ или во овој случај „земја на црните“. Името се користело за Гвинеја. Додавката „екваторска“ доаѓа од местоположбата на државата која е во близина на екваторот.

    Историја

    Corisco-Saliendo de misa-1910
    Народ во Кориско во 1910 година.

    За континенталниот регион на Екваторска Гвинеја се верува дека бил населен од Пигмејци, од кои само мал број останале во Рио Муни. Миграцијата на банту-народите во периодот од 18 до 20 век овозможила народор Фанзи да се населат на територијата. Покрај Фанзите, на територијата се населиле и останати банту-племиња, кои денес можат да се најдат покрај брегот на државата. Така на пример, Бубијците емигрирале на Бјоко преку Камерун. Анобонците, кои се по потекло од Ангола, биле доселени преку Сао Томе и Принсипе.

    Португалскиот истражувач Фернао до По, кој го истражувал морскиот пат до Индија, се смета за прв Европеец кој пристигнал на островот Бјоко во 1472. Тој го нарекол островот Формоза (Formosa, „убав“), но набрзо островот бил именуван по него. Островите Фернандо По и Анобон биле колонизирани од Португалија во 1474 година.

    Во 1778 година, островите и копното меѓу реките Нигер и Огуе биле предадени на Шпанија, а територии во Америка биле предадени на Португалија. Во периодот 1778 и 1810 година, територијата на Екваторска Гвинеја биле под управа на Вицекралството Рио де ла Плата со содиште во Буенос Аирес.

    Од 1827 до 1843 година на островот Обединетото Кралство отворило база за трговија со луѓе,[11] која подоцна била префрлена во Сиера Леоне во 1843. Во 1844 година територијата била преименувана во „Шпански територии во Екватогвинејскиот Залив“. Копнениот дел на Екваторска Гвинеја станал протекторат во 1885 година, а колонија во 1900 година. Шпаската колонија во овој дел од Африка била позната како Шпанска Гвинеја.

    Независност (1968)

    Во септември 1968 година Франсиско Масијас Нгуема бил избран за прв претседател на Екваторска Гвинеја, чија независност била призната на 12 октомври 1968 година. Нгуема создал еднопартиска држава и владеел со терор. Владеењето на Нгуема резултирало со смрт и егзил на една третина од населението на државата. Од околу 300.000 жители, околу 80.000 жители биле убиени.[12][13] Економијата на државата колабирала и обучените граѓани побегнале од Екваторска Гвинеја.[14] На 3 август 1979 година со државен удар на челото на државата дошол Теодоро Објанг и го сменил диктаторот.

    Географија и клима

    Equatorial Guinea-mk
    Карта на Екваторска Гвинеја.

    Екваторска Гвинеја се наоѓа во Централна Африка. Државата се состои од островски и континентален дел. Континенталниот дел, Рио Муни, се граничи со Камерун на север и со Габон на исток и југ. Островскиот дел е составен од пет острови: Бјоко, Кориско, Анобон, Елобеј Чико и Елобеј Гранде.

    На островот Бјоко се наоѓа главниот град Малабо и се наоѓа на 40 км од брегот на Камерун. Анобон се наоѓа на 350 км од брегот на Габон. Кориско и островите Елобеј се наоѓаат во близина на Габон. Иако името на државата е добиено од екваторот, сепак екваторот не поминува низ државата. Вкупната површина на државата е 28,050 километри квадратни.

    Екваторска Гвинеја има тропска клима со влажни и суви сезони. Рио Муни од јуни до август е сув, додека од декември до февруари е влажната сезона. На Анобон има секојдневно дожд и нема забележано ден без облаци.[15]

    Политички систем

    Екваторска Гвинеја е унитарна претседателска република. Моментален претседател на државата е Теодоро Објанг Нгуема Мбасого. Уставот на Екваторска Гвинеја од 1982 година, кој бил усвоен по падот на диктаторот Франсиско Масијас Нгуема, му дава на претседателот повеќе права. Меѓу другото, претседателот има право да назначи и смени министри, да го распушти собранието, да разговара и ратификува договори и исто така е шеф на воените сили. Премиер на Екваторска Гвинеја е Игнасио Милам Танг, кој бил назначен од претседателот и во надлежност на претседателот на државата. Постојат голем број критики за режимот на претседателот, што од светот, што од самата Екваторска Гвинеја.

    Административна поделба

    Equatorial Guinea provinces numbered
    Покраини во Екваторска Гвинеја.

    Екваторска Гвинеја е поделена на 7 покраини во состав на два региона. Тие потоа се делат на окрузи. Покраините и главните градови на истите се:

    1. Анобон (Сан Антонио де Пале)
    2. Северно Биоко (Малабо)
    3. Јужно Биоко (Луба)
    4. Јужна централна (Евинајонг)
    5. Ке-Нтем (Ебебијин)
    6. Крајбрежна (Бата) вклуч. островите во заливот Кориско.
    7. Веле-Нзас (Монгомо)

    Економија

    Malabo a 13-oct-01
    Поглед кон Малабо.

    На 1 јануари 1985 година Екваторска Гвинеја станала првата не-франкофонска држава која го прифатила ЦФА франкот. Претходно Екваторска Гвинеја го користела својот еквеле, кој бил врзан со шпанската пезета.[16]

    Откривањето на големите количини на нафтени резерви во 1996 година и нејзината експлоатација довеле до големи приходи на владина сметка. Според податоците од 2004[17] Екваторска Гвинеја е трет најголем производител на нафта во суп-сахарска Африка.

    Покрај нафтата, останати главни стопански гранки во државата се шумарството, земјоделството и риболовството. Истражувањето направено од Американскиот Сенат во Riggs Bank, банка која врши трансфер на профитот од нафтата на Екваторска Гвинеја, покажало дека 35 милиони американски долари легнале на сметките на претседателот на државата и неговите луѓе.[18]

    Демографија

    Население

    Екваторска Гвинеја има 676,000 жители според проценките од 2009 година[2]. Мнозинството од населението се Фанзи. Фанзите се староседелско население во регионот, но добар дел мигрирале на островот Бјоко. Околу 80% од населението се Фанзи[19] и тие се составени од 67 кланови. Северните Фанзи зборуваат на дијалектот наречен фанг-нтуму, додека јужните зборуваат на фанг-оках. Двата дијалекти се разликуваат, но се разбирливи. Дијалекти на јазикот фанг се зборуваат и во Камерун и Габон, но се разликуваат нешто повеќе од тие во Е. Гвинеја. Народот Буби се староседелско население на островот Бјоко и тие сочинуваат 15% од населението.

    Религија
    религија процент
    Христијани
      
    88,70 %
    Муслимани
      
    4,00 %
    Без Религија
      
    5,00 %
    Народна Религија
      
    1,70 %
    Други
      
    0,50 %
    Религија

    Најголема религија во Е. Гвинеја е христијанството. Околу 93% од населението се Христијани, од кои 87% се католици. 5% од населението практикуваат локални религии и 2% се муслимани, бахаисти и останати религии.[20]

    Јазици

    Екваторска Гвинеја има 3 официјални јазици: шпански, француски и португалски. Според владата, официјален јазик во држаата е шпанскиот, а францускиот е втор официјален јазик. Скоро цело население зборува на еден на банту-јазиците.[21]

    Староседелски јазици во Екваторска Гвинеја се фаншки јазик, бубејски јазик, бенгански јазик, пичинглис, комбејски јазик, баленгејски јазик, буџебански јазик, бисионски јазик, гумуајски јазик, анобонски јазик и скоро исчезнатиот басекејски јазик. Како странски јазици во државата се изучуваат и германски и англиски. Староседелските јазици се признати како интегрален дел од „националната култура“. Мнозинското население зборува на шпански,[22] особено тие кои живеат во главниот град. Шпанскиот е официјален јазик уште од 1844 година.

    Култура

    Екватогвинејската култура во копнениот дел е богата со стари танци и песни. Ова особено е карактеристично за Фанзите. Културата на островот Бјоко била под големо влијание на Шпанија, шпанските традиции и обичаи. За време на колинијалниот период образованието и здравството во државата се развиле[23], а биле запуштени за време на режимот Нгуема.

    Наводи

    1. Cia World Factbook; Equatorial Guinea
    2. 2,0 2,1 Department of Economic and Social Affairs Population Division (PDF). World Population Prospects, Table A.1. 2008 revision. United Nations. http://www.un.org/esa/population/publications/wpp2008/wpp2008_text_tables.pdf. посет. 12 март 2009 г.
    3. 3,0 3,1 3,2 3,3 World Development Indicators database, World Bank, accessed on 23 August 2011.
    4. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. конс. 27 јули 2014.
    5. Правиопис на македонскиот јазик, стр. 159, Просветно Дело, Скопје, 2007
    6. „The official website of the Republic of Equatorial Guinea“. Republicofequatorialguinea.net. конс. 2010-05-03.
    7. Empresas portuguesas planeiam nova capital da Guiné Equatorial
    8. Atelier luso desenha futura capital da Guiné Equatorial
    9. Arquitetos portugueses projetam nova capital para Guiné Equatorial
    10. Ateliê português desenha futura capital da Guiné Equatorial
    11. See Encyclopædia Britannica, 1911, "Fernando Po"
    12. Sengupta, Kim. „Coup plotter faces life in Africa's most notorious jail“, News.independent.co.uk, 11 мај 2007 (посет. 3 мај 2010 г).
    13. True hell on earth: Simon Mann faces imprisonment in the cruellest jail on the planet“, Dailymail.co.uk, 18 мај 2007 (посет. 3 мај 2010 г).
    14. Daniels, Anthony. „If you think this one's bad you should have seen his uncle“, Telegraph.co.uk, 29 август 2004 (посет. 3 мај 2010 г).
    15. Nations Encyclopedia
    16. „EquatorialGuinea.org; Retrieved 12/08/1998“. Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 1999-10-03. конс. 2010-05-03.
    17. Justin Blum. „U.S. Oil Firms Entwined in Equatorial Guinea Deals“, washingtonpost.com, 7 септември 2004 (посет. 9 јули 2008 г).
    18. „Inner City Press / Finance Watch: "Follow the Money, Watchdog the Regulators". Innercitypress.org. конс. 2010-05-03.
    19. „Equatorial Guinea's God“, 26 јули 2003 (посет. 26 мај 2011 г).
    20. „U.S. Department of State“. State.gov. 2007-09-14. конс. 2010-05-03.
    21. Oficina de Información y Prensa de Guinea Ecuatorial, Ministerio de Información, Cultura y Turismo
    22. "Obiang convierte al portugués en tercer idioma oficial para entrar en la Comunidad lusófona de Naciones", Terra. 13 July 2007 (translate)
    23. Marvin Lewis (2007). An Introduction to the Literature of Equatorial Guinea:. University of Missouri Press. ISBN 0826217133.

    Поврзано

    • Малабо
    • Шпанска Гвинеја
    • Регион Гвинеја
    • Фанзи
    • Фаншки јазик

    Надворешни врски

    Влада
    Општо
    .gq

    .gq е главен Интернет домен за Екваторијална Гвинеја. Со доменот управува GETESA.

    1. северен напоредник

    1. северен напоредник (1° СГШ) — напоредник кој лежи 1 степен северно од екваторот. It crosses the Атлантскиот Океан, Африка, Индискиот Океан, Југоисточна Азија, Тихиот Океан и Јужна Америка.

    Напоредникот образува дел од границата меѓу Екваторска Гвинеја и Габон.

    1968

    1968 (MCMLXVIII) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1968. година од новата ера, 968. од вториот милениум, 68. од 20 век и деветта од 1960-тите.

    Африкански куп на нации 2012

    Африкански куп на нации во 2010 година — 28-мо африканско фудбалско првенство на Африканскиот куп на нации кое се одржало во Габон и Екваторијална Гвинеја од 21 јануари - 12 февруари 2012 година. На ова првенство учество зеле 16 репрезентации. Вкупно биле одиграни 32 натпревари.

    Победник на турнирот била Фудбалската репрезентација на Замбија.

    Африкански куп на нации 2015

    Африкански куп на нации 2015 (англиски: 2015 Africa Cup of Nations) е 30-тото фудбалско континентално првество на Африка, кое ќе се одржи во Екваторијална Гвинеја. Натпреварувањето е организирано од Афричката фудбалска конфедерација, а ќе се игра од 17 јануари до 8 февруари 2015 година. Првиот дел од првенството ќе се игра по групи, а најдоброте две селекции од секоја група продолжуваат во елиминационата фаза. Вкупно би требало да се одиграат 32 натпревари.Домаќинството на турнирот првобитно му било доделено на Мароко кој последен пат бил домаќин во 1988 година, меѓутоа мароканците се откажале од домаќинството заради епидемијата од ебола во Западна Африка. Поради тоа домаќинството и е доделено на Екваторијална Гвинеја.Брегот на Слоновата Коска ја освоиле својата втора титула на Африканскиот куп на нации, победувајќи ја Гана во финалето со 9–8 на пенали откако по 120 минути реултатот бил 0-0. ДР Конго го освоил третото место победувајќи го домаќинот Екваторијална Гвинеја. Бранителот на титулата од претходниот шампионат Нигерија не се квалификувале.

    Биоко

    Биоко (шпански, француски и португалски: Bioko или Bioco), а за време на португалската колонијална управа познат како Фернандо По (Fernando Poo) е остров во Екваторска Гвинеја. Островот е оддалечен 32 км од западниот брег на Африка. Островот е поблиску до брегот на Камерун, одошто со копнениот дел на Екваторска Гвинеја. Вкупната површина на островот според пописот од 2005 година изнесува 334,463 жители и има вкупна површина од 2017 километри квадратни. На островот се наоѓа главниот град на Екваторска Гвинеја - Малабо.

    Гвинеја (појаснување)

    Гвинеја може да означува:

    Држави

    Гвинеја, држава во Западна Африка, поранешна колонија Француска Гвинеја

    Гвинеја-Бисао, држава во Западна Африка, поранешна колонија Португалска Гвинеја

    Екваторска Гвинеја, држава во Централна Африка, поранешна колонија Шпанска Гвинеја

    Папуа Нова Гвинеја, држава во Океанија.Региони

    Гвинејски Залив, залив во Африка

    Гвинеја (регион), регион на брегот на Гвинејскиот Залив

    Нова Гвинеја, остров во Тихиот Океан

    Западна Нова Гвинеја, западен дел од Нова Гвинеја

    Долни гвинејски шуми, шумски регион во регионот Гвинеја

    Горни гвинејски шуми, тропски регион во Западна Африка

    Грб на Екваторска Гвинеја

    Грбот на Екваторска Гвинеја е усвоен на 21 август 1979. Во средината на грбот има сив штит во кој се наоѓа дрво од свилен памук, односно „Божјо дрво", местото каде што е договорен првиот договор помеѓу Шпанија и локалниот владетел. Над штитот се наоѓаат шест жолти ѕвезди кои симболизирааат копното и петте главни острови, а под штитот се наоѓа националното гесло „единство, мир, правда“ (шпански Unidad, Paz, Justicia). Истите мотиви можат да се видат и на знамето на Екваторска Гвинеја.

    Демографија на Екваторска Гвинеја

    Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Екваторска Гвинеја изнесува 1.014.999 луѓе.

    Западноафриканско време

    Западноафриканско време или WAT (од англ. West Africa Time) е часовен појас што се користи во западнио-централниот дел на Африка (но не во земјите западно од Бенин, кои користат UTC). Појасот е еден час понапред од координираното универзално време (UTC+01), што значи исто како средноевропското време. Тука не спаѓаат највеќето земји во регионот Западна Африка, бидејќи тие користат UTC.

    Бидејќи најголемиот дел на појасот лежи во екваторското подрачје, разликите во траењето на денот во текот на годината се занемарливи, па затоа не се практикува летно сметање на времето. Исклучок од ова се Либија и Намибија, кои практикуваат западноафриканско летно време (WAST, UTC+02) во летните месеци (од крајот на март до крајот на октомври во Либија и од почетокот на септември до почетокот на април во Намибија).

    Западноафриканското време се применува во следниве земји:

    Алжир

    Ангола

    Бенин

    Габон

    Екваторска Гвинеја

    Камерун

    Демократска Република Конго (западно)

    Република Конго

    Либија

    Намибија

    Нигер

    Нигерија

    Тунис

    ЦАР

    Чад

    Знаме на Екваторска Гвинеја

    Знамето на Екваторска Гвинеја е националното знаме на државата кое било усвоено на 21 август 1979. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во зелена, бела и црвена боја споени со син триаголник. Симболизамот на боите е:

    зелена - природните ресурси и џунглите на земјата.

    сина - морето кое го поврзува копното со островот од државата

    бела - мир

    црвена - борбата за независностНа белата лента се наоѓа грбот на Екваторска Гвинеја.

    Игбоански јазик

    Игбоански или само игбо (Igbo) — нигер-конгоански јазик, дел од групата на игбоидски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Игбоанците, една од поголемите етнички групи во Нигерија. Јазикот го зборуваат околу 24 милиони луѓе, воглавно во Нигерија. Јазикот се пишува со латиница. Стандардниот јазик бил кодифициран во 1972 година, и се базира на оверискиот и умуахијанскиот дијалект, а се вкупно јазикот има над 20 дијалекти. Најсродни јазици на игбоанскиот се иканскиот, икверејскиот и огбанскиот, кои понекогаш се сметаат за дијалекти на игбоанскиот.Јазикот е службен јазик во Нигерија, покрај уште 4 други јазика, а признат е како малцински јазик во Екваторска Гвинеја.

    Малабо

    Малабо е главниот град на африканската држава Екваторска Гвинеја. Малабо не е најголем град во државата и се наоѓа на северниот брег на островот Биоко.. Во минатите 10 години, населението на Малабо значително се зголемило и денес има околу 100.000 жители.

    Меди Бенатија

    Меди Бенатија (роден на 17 април, 1987 во Куркурон, Франција) е марокански фудбалер, играч од одбраната на Ал-Духаил и на мароканската репрезентација.

    Иако е роден и израснал во Франција, Бенатија се определил да ја претставува земјата на потекло на неговиот татко, Мароко. Своето деби за сениорската репрезентација го имал во 2008 година и со неа настапувал на три турнири на Африканскиот куп на нации во 2012, 2013 и 2017 и едно Светско првенство во 2018. Во моментов тој е капитен на својата репрезентација.

    Ојем

    Ојем е град во Габон во покраината Воле Нтем. Се наоѓа во северниот дел на земјата, 80 km југоисточно од тромеѓето Екваторска Гвинеја-Камерун-Габон и 410 km североисточно од главниот град, Либрвил. Лежи на реката Нтем. Во градот живееат 60,685 жители, според пописот во 2013 година.Градот е административен и транспортен центар на околното земјоделско подрачје. Какао и кафе се главните производи кој се извезуваат преку камерунските пристаништа Криби и Дуала. Исто така се произведуваат гума и компир. Во декември 2004 година овде избила епидемија на стомачен тифус, која подоцна се проширила во поголемиот дел од државата.

    Португалски јазик

    Португалскиот јазик ( português ) е романски јазик од индоевропската фамилија. Потекнува од областа Галиција (во Шпанија и северна Португалија). Тој е официјален јазик на Ангола, Бразил, Гвинеја-Бисао, Зелено'ртските Острови, Мозамбик, Португалија и Сао Томе и Принсипе, а е коофицијален со кинескиот јазик во Макао (Кина) и Тетум во Источен Тимор.

    Португалскиот јазик често се нарекува „јазикот на Камоеш“, по авторот на португалската национална епска поема Лузитанци; потоа „последниот цвет на Латинум“ (од Олаво Билак) и „слаткиот јазик“ од страна на Мигел де Сервантес.

    Португалскиот јазик се зборува и во Андора, Луксембург, Намибија и Парагвај.

    Религија во Екваторска Гвинеја

    Религијата во Екваторска Гвинеја има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Најголема религија во Екваторска Гвинеја е христијанството со околу 93% од населението на земјата, од кои 87% се Римокатолици. 5% од населението практикуваат локални религии и 2% се муслимани, бахаисти и останати религии.

    Држави и територии во Африка
    Независни
    држави
    Зависни и
    други територии

    На други јазици

    This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
    Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
    Images, videos and audio are available under their respective licenses.