Држава

Држава — множество на институции кои ја имаат моќта да ги создаваат правилата кои владеат со луѓето во едно или повеќе општества, имајќи притоа внатрешен и надворешен суверенитет врз дефинирана територија. Следејќи ја дефиницијата на Макс Вебер за поимот „држава“, таа има монопол врз концептот на сила. Оттука, државата вбројува разни институции низ кои ја практикува силата, како што се на пример: Армијата, Бирократијата, Судовите и Полицијата. Симболите како што се приватните армии и приватни судови се одлики на феудализмот, а во модерното општество се симбол на „пропадната држава“.

Иако изразот „држава“ се користи во најширока смисла на зборот, за да го опише државниот апарат, модерната држава има битни разлики со античката, и тоа карактеристики кои најпрво се консолидирани во западна Европа во 15 век.

Во доцниот 20 век, глобализацијата на светската економија, мобилноста на луѓето и капиталот, и порастот на меѓународни институции, придонесоа да се намали зависноста од државата. Сепак државата како поим останува фундаменталена политичка единица во светот, од нејзиното појавување во 16 век. Одтука државата опстанува централен концепт во изучувањето на политиката, а нејзината дефиниција сѐ уште преставува контраверзија во научните кругови.

Политичките социологија, во традицијата и духот на Карл Маркс и Макс Вебер, вообичаено ја преферираат државата преку нејзината улога на примена на државниот апарат.

Од доцниот 19 век, концептот на држава и нација се засилува и доаѓа до групирање на веќе постоечки именувани територии, окрупнувања, и групирања на номадски територии кои претходно не биле организирани во држава. Во моментов има повеќе од 200 држави кои ја сочинуваат меѓународната сцена, и голем дел од нив се претставени во Обединетите Нации.

Во рамките на федерален систем, терминот држава исто така се однесува на политички единици кои не се суверени сами по себе, но подлежат на авторитетот на поголема држава, како што е случајот на пример со САД.

Дефинирање на државата

Според добитникот на Нобеловата награда за економија, Џејмс Бјукенен, државата треба да се сфати како множество на правила или институции преку кои поединците делуваат колективно наместо индивидуално.[1]

Потеклото на државата

Потеклото на државата се пронаоѓа во развојот на уметноста на војувањето. Историски гледано, нема никаква тешкотија во докажувањето дека сите модерни политички заедници го должат своето постоење на успешно војување. Како резултат, новите држави мораат да бидат организирани на воени принципи. Животот на новата заедница е военото сојузништво. Војската по природа е со натпреварувачки дух. Од сите институции со кои се владеело во државите, кралството е најдолготрајна се до Француската револуција, која ставила крај на “божествените права на кралевите„. Меѓутоа кралството е можеби најуспешна политичка институција. Сепак, првите кралеви не биле институции, туку индивидуи. Првите кралеви биле успешни на воен план. Тие биле луѓе со не само голема воена генијалност, туку и одлични управници. Кралството станува институција преку наследувањето.

Кралот владее со кралството со помош на совет. Без совет кралот не може да ги држи своите територии. Советот е експертскиот тим на кралот. Советот е никулецот на уставната влада. Одамна пред советот да стане заштитник на демократијата, тој обезбедувал клучна помош на кралството како институција, преку:

  • Зачувување на кралството како институција преку наследување.
  • Зачувување на традициите на општествениот поредок.
  • Способност за трпење на критика како безлична власт.
  • Способност за управување со поголемо знаење и дејствување во споредба со една индивидуа како кралот.

Највисоко поставени меѓу потчинетите, ерловите во Англија и Шкотска и војводите и грофовите на континентот, биле право на избор на советот. Освојувач води војна за освојување поради освета или за грабежи, но установеното кралство ја наплаќа данок од потчинетите. Една од функциите на Советот е да ја чува кралската каса полна. Друга е исполнувањето на воената обврска, и поставувањето на кралското господство заради исполнување на задачата за собирање на даноци и војници.

Државата и сопственоста

Сопственост е правото на секоја индивидуа или група на луѓе да ужива во користа на предмет без разлика дали е материјален или интелектуален. Право е моќ зајакната со јавен интерес. Некогаш се случува примената на правото да се коси со јавниот интерес. Сепак, правото на сопственост е производ од јавниот интерес, без разлика дали тој е минат, сегашен или иден. Порастот на знаењето е клучот на историјата на сопственоста како институција. Колку повеќе стануваме свесни за постоењето на некој предмет, без разлика дали тој е физички или интелектуален, толку повеќе истиот го присвојуваме. Појавувањето на државата, ја донесе последната фаза во еволуцијата на сопственоста, почнувајќи од дивиот живот, до сопружништвото. Во присуство на државата, можеме да имаме земјишна сопственост. Државата почнала да доделува господства, и со тоа го заменила доделувањето на сопственоста, со наследување. Со сопственоста на земја се појавил и закупот и размената на добра, профитот, па така “господарот на земјата„ од минатото, во модерните времиња е земјопоседник. Ако е погрешно претпоставено дека вредноста на земјата е секогаш иста, тогаш воопшто нема никаков тек на еволуцијата на сопственоста. Меѓутоа, цената на земјата се зголемува со секое зголемување на бројот на населението од кое земјопоседникот има корист. Земјопоседниците на големи земјишни површини биле најценети од сите политички служби. Во индустријата, позицијата на земјопоседникот не е толку важна, но во градови кои се развиле благодарение на индустријата, среќните земјопоседници “ожнеале„ огромни заработувачки. Кон крајниот период на Средниот век во Европа, Државата (со користење на конфискацијата за полнење на благајните) и Црквата (со добивање на огромни површини земја) беа здружени против селските заедници и малото господство. Оваа соработка била толку успешна, што денес селото се смета за идеално за индивидуалисти, односно тоа е место каде “секој може да прави што сака со самиот себеси„. Државата била најважниот фактор во еволуцијата на правото на сопственост без оглед дали тоа е јавно или приватно.

Државата и правниот систем

Државата како воена институција е засегната со сојузите. Нелојалноста на сојузник на држава е ризик за државната безбедност. На тој начин, бил воведен закон за предавство. Криминалните постапки, главно, нарушување на мирот и предавство го сочинуваат кривичното право кое е поддржано од државата за разлика од правото кое е подржано од физичките лица. Државната правда го заземала местото на кланската, феудалната, трговската и црковната правда поради, силата, вештината и едноставноста. Доказ за супериорноста на кралските судови над феудалните другите судови е тоа што само кралските судови воделе евиденција за нивните судски постапки. Кралските судови вовеле судење пред порота, со што нивната популарност била загарантирана, а воедно ѝпретставувала бедем на слободата. До времето на протестантското реформаторство, со поделбата на Црквата од Државата, во најнапредните земји државата успеала да се справи со делењето правда.

Државата и законите

Составувањето на закони било непознаница за примитивните општества.

Најупорните од сите патријархални општества, Евреите, го задржуваат нивното племенско право до одреден степен во нееврејските градови на Западот. Ова племенско право е рудиментираната идеја за право бидејќи се појавила за време на патријархалната фаза на општеството, тоа било обичај или правило кое било санкционирано со одобрување или пракса на постарите.

Неподносливата ситуација во текот на 10-иот век кога секој мал град имал свој закон, па така државите како Франција, Германија, Шпанија и други немале свое унифицирано право сѐ до крајот на 18 век била прекината, благодарение на три пресудни средства кои помогнале да се создаде модерен правен систем и законодавство.

  1. Записи. На почетокот на средниот век во Европа се појавуваат т.н. фолклорни закони кои се појавуваат точно за време на преодот на патријаршијата во држава. Тие се должат на една причина: желбата на кралот да ги знае обичаите на неговите поданици. Тие не се законодавство во смислата на правење на закони туку изјави или објавување на обичај. Тие се составени од познавањето на обичаите на луѓето. Непишаниот обичај се менува неприметно, но не и пишаниот. Текстот може да се земе предвид во секое време. Сепак, пишаниот текст може да се промени со додавање, со секое ново издание.
  2. Судови. Со земањето на некое општо правило, кое било заедничко за сите заедници и со игнорирање на разликите меѓу нив било моделирано англиското обичајно право. На овој начин, правото станало исто во сите области на кралството. Причината зошто останатите држави во Европа добиле обичајно право со векови подоцна, е тоа што државата во овие земји немала правосудство кога Англија имала. Еден од најитрите потези со кој англиските судии го пробиле прифаќањето на обичајното право било ограничувањето на овластувањата на поротата да донесува одлуки со прашања за фактите. Отпрвин поротата одговара на правни прашања и прашања за фактите, а поради тоа што е чисто локално тело, ги следи локалните обичаи. Била усвоена познатата поделба на: област на работење на, судија и на порота.
  3. Фиктивни дејствија. Записите и судовите биле важна помош на луѓето да се приспособат кон законодавството но биле бавни и неусовршени. Иако бавно, тие почнале да функционираат бидејќи луѓето се наклонети кон промената на формата на некоја фиктивна дејност, додека не биле многу воодушевени ако фактите биле познати.
Houses.of.parliament.overall.arp
Британскиот Парламент

На крај доаѓа усвојувањето на законите или законодавството. Кога е брз напредокот и развојот, се воведува и побрз начин на политичко претставување. Методот не потекнува од примитивните општества, туку од потребата на Државата за пари и употребата на собранието за таа собирање на истите. Со напредокот на трговијата, градското собрание преминало во државното собрание па во парламент, кој се појавил низ цела Европа околу 12 век. Меѓутоа парламентот не го претставувал целосното благородништво и свештенство. Свештенството имало натрупано богатство во форма на земјиште, околу една петтина од вкупното христијанство во текот на 12 и 13 век. Црква водела изолациона политика, таа го вовела целибатот и се тргнала настрана од секојдневниот живот, одбила да се изјасни пред секуларен суд, како и да плаќа даноци на државата под изговор дека, веќе има платено данок на Папата. Бидејќи главната задача на државното собрание било собирање на пари, Црквата не смеела да биде изоставена од него, па така и таа била приклучена кон Парламент. Тоа не ѝ се допаѓало на црквата, но во повеќето случаи нивното присуство било задолжително.

Средновековниот Парламент бил комплетиран кога ги претставувал сите лица во кралството:. благородници, свештеници, селани и занаетчии. Сепак,не бил омилена институција бидејќи значел даночење. Само оние парламенти, кои биле под силен притисок на кралот опстанале во текот на првиот век на нивното постоење. Најдобар доказ дека тоа е така, е фактот дека во оние земји, во кои кралството било слабо, парламентите престанале да постојат. Тврдењата дека парламентите биле резултат на демократски движења не можат да бидат поткрепени со факти. На почетокот, претставувањето во парламентот било поврзано единствено со пари, тоа било повеќе обврска отколку привилегија. Не е необично кога, институција создадена за една цел почнува да служи за друга. Луѓето од кои биле барани големи суми на пари почнувале да поднесуваат петиции. Наскоро, седниците ќе се претворат во преговори, и доделување на петиции од страна на кралот во замена за пари. Сепак, постоела два вида на петиции, приватни и јавни. Од јавните петиции потекнува правото и законодавството. Кралот можел да даде наредби за зачувување на територијалниот интегритет, но се додека овие кралски наредби не биле усогласени со јавните петиции не можело да се добие успешно законодавство. Дури до денес, тоа е основата на успешното законодавство: Јавниот обичај е усвоен и спроведен од државата

На почетокот на политичкото претставување, мнозинството не секогаш ги носело одлуките и постоела многу мала потреба за оспорување на изборите, но во 15 век, седиште во Парламентот било многу ценето. Историски гледано, догмата за рамноправноста меѓу луѓето е резултат на усвојувањето на практичната машинерија на мнозинството, но усвојувањето на принципот на мнозинство е исто така важен за создавањето на друга модерна институција: партискиот систем. Партиски систем, е разработена машинерија во која учествуваат најмалку двајца политички кандидати, еден против друг за поддршка од гласачкото тело. Неговата предност односно рамномерната претставеност привлекла многу луѓе во политиката. Тој обезбедува ефективен критицизам на владата и дава шанса на многу амбициозни, образовани и богати луѓе да учествуваат во креирањето на постојана владина политика.нОвие три институции: политичко претставување, правилото за мнозинство и партискиот систем, се основните делови на модерната политичка машинерија и можат да се применат како во централните така и во локалните влади.

Државата и извршниот систем

Администрацијата е еден од најтешките аспекти на владата. Во усвојувањето и спроведувањето на законите, победата на државата е комплетна, но не и во поглед на администрацијата. Причина за ова е леснотијата да се забележи предноста на усвојувањето и спроведувањето на законите, но не и на управувањето со домашните, религиските и деловните работи, кои треба да бидат одржани на минимум од страна на владата. Државата, првично била воена организација. Тогаш тоа било само територија со која владеел крал, со помош на мала елитна група на војувачи и судски службеници. Во суштина тоа било насилно владеење со поголема маса на луѓе. Сепак, полека, луѓето стекнале политичко претставување. За никој не може да се каже дека е член на држава ако нема право да учествува во создавањето на насоката на политиката. Една од основните функции на државата во однос на управувањето е одржувањето на внатрешниот ред и мир, не постои друга причина за мешање во животот на населението. За одржување на законите и редот, Државата развива средства за комуникација. Историски, „кралскиот пат“ е поставен за служба на кралските војски, а не како поттик за трговија. Во скоро сите земји, државата љубоморно ги контролира средствата за комуникација и посебните слободи како оние во „првиот амандман од устав на САД“ и најчесто истите се ограничени. Првичната функција на Државата - одржувањето на јавниот ред и мир во границите, го провоцира појавувањето на полициската администрација, која е задолжена за делење на правда, но полициската надлежност има посебен карактер, кој се разликува од обичното судско работење. Со „полициски час“, државата ја покажува важноста на спречувањето на нередот. На почетокот, покрај грижата за редот и мирот, државата водела сметка и за зголемувањето на приходите. На крајот ова довело до модерен социјализам. Следело усвојување на стандарден систем на мерки, за на крај државата да добие монопол врз ковањето на пари. Регулирањето на работоспособното население од страна на државата, како една од нејзините функции потекнува од 15 век, кога скоро половина од населението во Европа било покосено од чума.

Тогашната политика на државата била да ги прескокне сите посредни власти и директно да се справува со поединецот. Така било се до книгата на Адам Смит - „Богатството на народите“, во која била промовирана силна реакција на јавноста против мешањето на државата во приватноста. Со своето дејствување, државата го истакна проблемот со сиромаштијата или им пружи помош на сиромашните. Секако, државата не ја создала сиромаштијата, но со уништувањето на постоечките средства кои се справувале со неа, како: селото, црквата и еснафот, таа ја преземала целосната одговорност кон сиромашните без никаква власт над истите. „Големиот извештај за законот за сиромаштијата“ од 1834 година покажал дека комунизмот бил неконтролирано присутен во руралните области на Англија. Во новоразвиените земји како британските колонии, Државата одбила да ја преземе одговорноста за сиромашните и помагањето на истите, и покрај тоа што сиромашната класа е тешко зависна од државниот социјализам.

Политичкото претставување помогнало во обликувањето на државната администрација. Кога може да се слушне гласот на поединецот, тогаш се намалува опасноста од произволното мешање на државата. До тој степен е популарен порастот на државното дејствување. Не постојат цврсти и строги правила за ограничување на државното управување, но ќе бидеме во заблуда ако сметаме дека државата е нација и дека сè што прави државата не мора да е корисно за нацијата. На прво место, дури ни во модерните времиња, државата и нацијата не се идентични. Дури и таму каде што постои универзално право на глас, останува фактот дека ширењето на државната администрација означува зголемено влијание на едни врз други, со што се ограничува слободата на дејствување. И’ да се призне дека државата и нацијата се едно исто, понекогаш е тешко да се каже дека државното управување е добро. За крај, модерното недискриминаторно претставување на државната администрација ја крие заблудата дека државните службеници мораат да бидат поефикасни во нивното дејствување за разлика од приватните претпријатија. Тука лежи основната разлика помеѓу јавната и деловната администрација, првата се занимава јавната благосостојба, додека другата со профитот. Сепак и кај двете се бара големо степен на образование и етичко однесување со цел да се избегнат постоечките проблеми во врската помеѓу не само, бизнисите и работниците, туку и државата и администрацијата.

Наводи

  1. James M. Buchanan, and Gordon Tullock, The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy. The University of Michigan Press, 1962, стр. 308.
Археологија на Македонија

Археологијата во Македонија започнува во XIX век, претежно од странски истражувачи. Работите продолжиле под покровителство на југословенската држава, а потоа зеле замав со уредувањето на Македонија како државна единица, доцните 1940-ти.Според последните податоци, Македонија поседува 7.081 недвижен споменик од кои 4.293 се археолошки наоѓалишта, 992 цркви и манастири со над 150.000 км2 фрескосликарство, над 22.855 икони и 240 иконостаси, балдахини и владички престоли изведени во резба, објекти од рурална (220) и урбана (379) архитектура, 47 кули, бедеми и мостови, 12 урбани и рурални ансамбли, 188 објекти од стопански карактер, 1.000 споменици и спомен-обележја, 228 објекти од османлиската архитектура (џамии, анови, амами, стари чаршии и сл). Музејските и галериските збирки содржат над 500.000 поставки (археолошки и етнолошки предмети, предмети од историско значење, како и предмети од применета уметност). Во 1980 г. во Списокот на споменици под заштита на УНЕСКО е внесен и регионот на Охрид со езерото и културното наследство на градот и потесната околина.

Бугарија

Оваа статија се однесува за современата држава на Балканот, за други значења погледнете Бугарија (појаснување).Бугарија (бугарски: България) или официјално Република Бугарија (Република България) е држава во Југоисточна Европа, која излегува на Црно Море на исток, на југ граничи со Грција и Турција, со Србија и Македонија на запад и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел од границата ја дели областа Добруџа. Бугарија има вкупна површина од 110 911,5 квадратни километри.

Бугарски земји биле населени од неолитот. Првата документирана цивилизација која живеела на територијата на Бугарија биле Тракијците. Тие биле асимилирани од Римјаните, а подоцна од страна на Словените во 6 век. Околу 670, прабугарски орди пристигнале на Балканскиот Полуостров и го основале „Првото бугарско царство“, признато од Византија во 681 година. Бугарската држава станала културниот центар за сите Словени во текот на средниот век сè до падот на „Второто бугарско царство“ под отоманска власт во 1396. Во 1878 година на Руско-турската војна резултирал со основање на „Трето бугарско царство“. Таа станала комунистичка народна република и сојузник на Советскиот Сојуз во 1946 година. Колапсот на Источниот блок во 1989 година донел демократски промени во Бугарија и резултирал со нејзиното членство во Европската Унија во 2007 година.

Главен град на Бугарија е Софија, кој има околу 1 290 000 жители. Други поголеми градови се Пловдив (331 796), Варна (330 486) и Бургас (197 301).. Бугарија е членка на повеќе меѓународни организации, меѓу кои и во НАТО, Светската трговска организација, Европската Унија, како и три пати непостојана членка на Советот за безбедност на ОН и еден од основачите на ОБСЕ.

Данска

Данска (дански: Danmark) е држава која се наоѓа во Северна Европа. Главен град на Данска е Копенхаген. Кралството Данска е најмала држава на Скандинавскиот полуостров. Таа е член на Европската унија. Данска излегува на Балтичко Море и Северно Море а се состои од 13 општини (amter), една самостојна градска општина и два автономни региони – Гренланд и Фарски

острови.

Зависна територија

Зависна територија или зависност е територија без целосна политичка независност од некоја држава.

Израел

Израел (хебрејски: מְדִינַת יִשְׂרָאֵל, Мединат Јисраел) — независна држава во Западна Азија, поточно на Блискиот Исток (површина 20.770 km², 6.199.008 жители). Од некои историско-културни причини се смета за дел и од Европа. Се граничи со Либан и Сирија на север, Јордан на исток и Египет на југ. Излегува на Средоземно, Црвено и Мртво море. Главен град е Ерусалим. Други градови: Тел Авив (тука се повеќето амбасади), Ако, Вер Сава, Елат, Назарет, Тиберија и Хаифа.

Ирска

Ова е статија за западноевропска држава. За други значења на поимот, видете Ирска (појаснување)

Република Ирска (ирски: Poblacht nah Éireann, англиски:Republic of Ireland) е официјалниот „опис“ (како што е дефинирано со ирскиот закон) на независната држава што покрива приближно пет шестини од островот Ирска кој се наоѓа релативно блиску до северозападниот брег на Европа. Република Ирска е најзападната држава на Европската Унија и има развиена економија и население од приближно четири милиони жители. Според ирскиот устав, официјалното име на земјата е едноставно Ирска (на ирски: Éire, на англиски: Ireland). Главен град на Ирска е Даблин.

Останата шестина од островот Ирска е позната како Северна Ирска и претставува дел на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Ирска е парламентарна република која своја основа наоѓа во Уставот кој бил усвоен во 1937 година.

Парламентот (Oireachtas) е формиран од Претседателот и од два Дома: Дом на пратеници (Dail Eireann) и Сенат (Seanad Eirann).

Претседателот (Uachtaran na hEireann) управува со државата 7 години додека двата Дома можат да бидат избрани најдолго 5 години.

Ирскиот народ потекнува од келтските племиња кои се населиле на островот уште од древни времиња и успеале да дадат отпор против туѓите напади.

Македонија

За останати значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.Македонија, службено позната под контроверзното име Република Северна Македонија (РСМ) или скратено Северна Македонија — држава сместена на Балканскиот Полуостров. Земјата е една од наследничките држави на поранешна Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија (и Косово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако е континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.

Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 граѓани (проц. 2004). Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кичево, Кавадарци и Кочани. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители (проц. 2009), од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик во државата е македонскиот, додека официјална валута е денарот.

Во 1993 година, Македонија станала членка на Обединетите нации, но поради спорот со името кој го водела со Република Грција, таа била примена под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа. Од декември 2005 година, исто така, таа е и кандидат за приклучување кон Европската Унија и има аплицирано за приклучување кон НАТО.

Отоманско Царство

Отоманско Царство или Османлиско Царство (отомански турски: دولتْ علیّه عثمانیّه Devlet-i Âliye-yi Osmâniyye; турски: Osmanlı İmparatorluğu), исто така од современите историчари позната и како Турска Империја, претставувала мултиетничка држава што постоела во периодот од 1299 до 1922 година, или вкупно 624 години како империјална монархија, или до 24 јули 1923 година, де јуре како држава.Таа била наследена од страна на Република Турција,која официјално била прогласена на 29 октомври 1923 година.

Таа е една од најголемите империи што кога било владееле со границите на Средоземното Море. Во својот зенит, таа се простирала на териториите на Анадолија, Блискиот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа. Била основана од страна на туркиското племе Огузи во западна Анадолија, а на нејзино чело стоела Османлиската династија. Основач на династијата бил Осман I (неброејќи го неговиот татко Ертугрул), иако како династија не била прогласена сѐ до 1383 година кога Мурат I се самопрогласил за султан. Дотогаш, владетелите се нарекувале бегови или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал Турци-Османлии.

Отоманската Империја своето име го добила по својот основач, првиот султан Осман I. На турски јазик, Осман се вика Отоман (Uthmān) од каде доаѓа и името на Отоманската Империја. Во дипломатијата, многу често била нарекувана и Висока Порта или само Порта, кое води потекло од францускиот превод за зборот Баб'и'али (турски: Bâb-i-âlî) кое значи „висока капија“, според интегрирањето на империјата од Европа во Азија.

Отоманската Империја во многу аспекти се смета за исламски наследник на Источната Римска Империја.

Повикувачки број

Повикувачки број (или предброј) е низа од од броеви што се избираат за да се воспостави телефонска врска помеѓу две места или две држави. Повикувачкиот број обично се однесува на реално населено место, иако во некои мрежи (пример, кај мобилните оператори) нема такво значење. Вообичаено е овој број да е различен за секоја држава, област или град, односно секој оператор на телефонска мрежа да има сопствен број или броеви.

Повикувачкиот број во Македонија е со формат:

+ 389 33 ХХХ ХХХ (за меѓународни повици)

033 ХХХ ХХХ (за меѓумесни повици)

271 ХХХ (за повици во рамки на иста повикувачка група)

07Х ХХХ ХХХ (за повици во мобилната телефонија)

0800 Х ХХ ХХ (за повици кон бесплатни телефонски броеви)

0500 Х ХХ ХХ (за повици кон телефонски броеви со посебна тарифа на чинење)Во овој случај знакот “+“ го означува излезот од земјата од која се повикува (наместо “+“ најчесто се користи “00“ или“99“), “389“ го означува повикувачкиот број за Македонија, “33“ е повикувачки број за фиксна телефонија за населените места што ѝ припаѓаат на одредена група, а во случајов тоа е Кочани.

Кога се повикува број во меѓумесната телефонија (населено место од друга група) се користи повикувачки број со формат “0ХХ“ (пример, “033“ како повикувачки број за групата на Кочани). За повикување број во истата група се користи број со формат “271 ХХХ“, каде што “271“ претставува повикувачки број за градот Кочани, во рамките на групата “033“.

Кај повикувањето број од мобилната телефонија се користи повикувачки број со формат “07Х“, при што секој мобилен оператор има своја група повикувачки броеви (пример: 070, 071, 075, 077 итн.)

Специјалните телефонски броеви (за повикување итна медицинска помош, противпожарна служба, полиција и сл.) немаат повикувачки број, туку се повикуваат директно. На пример, за итна медицинска помош - “194“, за противпожарна служба - “193“, полиција - “192“, служба за информации - “188“ итн.

Република Кина

„Република Кина“ е општо позната како „Тајван", или во повеќето меѓународни организации како „Кинески Тајпеј“.

Не треба да се помеша со Народна Република Кина.Република Кина (традиц. 中華民國, упр. 中华民国) — држава во источна Азија која еволуирала од еднопартиска држава со целосно меѓународно признавање во мултипартиска демократска држава со ограничено меѓународно признавање. Била една од неколкуте победнички земји во Втората светска војна и основачка членка на Обединетите Нации. Основана во 1912, Република Кина зафаќала најголем дел од континентална Кина. Во 1945, на крајот на Втората светска војна Република Кина ги додала островските групи Тајван (Формоза) и Пескадори кон својата јурисдикција. Овие островски групи, заедно со Кинмен и Мацу станале целосната територија на Република Кина по 1949 кога Куоминтанг ја загубиле Кинеската граѓанска војна од кинеската комунистичка партија и Народна Република Кина била формирана на континентална Кина. Според законот на Република Кина, тие територии се познати како Слободна Територија на Република Кина.

Римско Царство

Римската држава (латински: Imperium Romanum) била создадена на Апенинскиот полуостров. Опкружен од три страни со мориња, слабо разгранет брег, имал блага клима и мошне плодна земја. Северниот дел од полуостровот е рамничарски и погоден за земјоделие, а средниот и јужниот се планини кои се погодни за развој на сточарството.

Во страриот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Греција.

Етрурците ја населувале Средна Италија (ден. област Тоскана). Тие биле едни од најстарите жители на Италија. Нивното потекло се уште не е точно утврдено. Тие во 8 и 7 век п.н.е имале свои градови со развиено занаетчиство и трговија. Градовите биле со поплочени улици, тротоари, канализација и водовод. Етрурците имале високо развиена култура. За тоа сведочат голем број на материјални остатоци. Тие извршиле големо културно и политичко влијание на римската држава.

Латините имале најзначајна улога во историјата на Рим. Ја населувале областа Лациј во Средна Италија, јужно од Етрурците и од долниот тек на реката Тибар која била граница со Етрурците. Во оваа област имало повеќе градови меѓу кои бил и градот Рим (Рома), кој имал прекрасна местоположба. Се наоѓал 25 км од морето, на левиот брег на пловната река Тибар, преку која бил поврзан со морето. Градот се простирал на седум добро утврдени ритчиња, кои се обединиле за да можат полесно да се бранат од надворешните напади. Според легендата, Рим бил основан во 753 година п.н.е, но според археолошките податоци порано околу 10 век п.н.е.

Саксонија

Слободната Држава Саксонија (германски: Freistaat Sachsen; горнолужички: Swobodny stat Sakska) — една од 16-те покраини на Германија, која се граничи со Бранденбург, Саксонија-Анхалт, Тирингија, Баварија, Чешка и Полска. Таа е десетта најголема германска покраина по површина со 18.413 км² и шестта најнаселена (4,3 милиони) од шеснаесетте германски покраини.

Се наоѓа во средината на поранешното германско говорно подрачје во Европа, историјата на покраината Саксонија се протега повеќе од еден милениум. Била средновековно војводство, изборно кнежевство на Светото Римско Царство, кралство и од 1918 до 1952 и потоа повторно од 1990, република.

Површината на современата покраина Саксонија не треба да се меша со Стара Саксонија, област населена од Саксонците. Стара Саксонија се поврзува се современите германски покраини Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт и вестфалскиот дел од Северна Рајна-Вестфалија.

Соединети Американски Држави

Соединети Американски Држави или САД (англиски: United States of America, USA) — федерална уставна република која се состои од педесет држави и еден федерален округ. Државата е сместена претежно во средишниот дел од Северна Америка, а нејзините 48 континентални држави и Вашингтон, се наоѓаат помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан, граничејќи се со Канада на север и Мексико на југ. Федералната држава Алјаска се наоѓа во северозападниот дел на континентот, граничејќи со Канада на исток и Русија на запад преку Беринговиот Проток. Федералната држава Хаваи е архипелаг во средниот Тихи Океан. Соединетите Држави исто така имаат под нивна јурисдикција и неколку територии и островски подрачја во Карибикот и Тихиот Океан.

Список на држави во светот

Ова е Список на државите во светот. Во светот постојат 193 признати независни држави, од кои 192 се членки на Обединетите нации (сите држави освен Ватикан). Во Европа постојат 44 независни држави, во Азија 47, во Африка 53, во Америка 35 и во Океанија 14. покрај независните држави, во светот постојат уште 70 зависни и спорни територии, како и еден протекторат на Обединетите нации.

Напомена: Овој список ги вклучува само меѓународно признатите држави. За целосната листа со непризнатите држави и зависни територии видете Список на држави и територии во светот.

Список на непризнаени држави

Овa е списoк na држав кои постојат или постоеле како фактички независни држави, но како такви не се признати од страна на поголемиот дел од другите држави или меѓународни заедници.

Сувереност

Сувереност или суверенитет (од фр. souveraineté, од лат. superanus - „врховенство, господарство“) — исклучиво право на врховна политичка (на пр. законодавна, судска, и/или извршна) власт над извесен географски регион, група на луѓе или себеси. Суверен претставува врховната законодавна власт, која не е подредена никому.

Тирингија

Слободната држава Тирингија (германски: Freistaat Thüringen) е покраина на Германија, која се наоѓа во средишниот дел на државата. Има површина од 16.171 км2 и 2,29 милиони жители, што ја прави шеста најмала покраина по површина и петта најмала по население помеѓу германските покраиниstates. Поголемиот дел на Тирингија припаѓа на речниот слив на Зале, лева притока на Елба. Нејзин главен град е Ерфурт.

Тирингија е позната и под прекарот „зеленото срце на Германија“ (das grüne Herz Deutschlands) од крајот на 19. век, поради густите шуми присутни низ целата покраина.

Тирингија е добро позната во Германија по својата природа и зимските спортови. Дом е на Ренштајг, најпознатата патека за планинарење во германија и зимскиот центар Оберхоф. Германија има освоено повеќе златни медали на Зимските олимписки игри од било која друга држава во последните 20 години, додека половина од тие медали за Германија се освоени од спортисти од Тирингија.

Унгарија

Унгарија (унгарски: Magyarország [ˈmɒɟɒrorsaːɡ] ( слушнете)) е држава во Средна Европа, што се граничи со Австрија, Украина, Романија, Србија, Хрватска, Словенија и Словачка. Локално е позната како Земја на Унгарците. Главен град на Унгарија е Будимпешта. Химна на Унгарија е Isten, áldd meg a magyart (Боже, благослови го Унгарецот). Во Унгарија живеат околу 10.241.000 жители на територија од околу 93.000 км2.

Шведска

Шведска (шведски: Sverige) или официјално Кралство Шведска (шведски: Konungariket Sverige ) — држава во Северна Европа на Скандинавскиот Полуостров. Шведска граничи со Норвешка на запад, со Финска на североисток. На југ е поврзана со Данска со Ересундскиот мост. Главен град на Шведска е Стокхолм, што е и најголем град во државата со 1,3 милиони жители во градот или 2 милиони жители во метрополитенската област.

Со своите 450.295 километри квадратни, Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од 9,2 милиони жители. Според тоа, Шведска има низок степен на густина на население со 21 жител на километар квадратен, но со повисок степен на југот на земјата. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата. Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг со 500.000 жители и трет најголем град е Малме.

Шведска е уставна монархија со парламентарен систем на владеење и со високо развиена економија. Шведска е дел од Европската Унија од 1 јануари 1995 година. Како независна држава се воздигнала во средновековието. За време на XVII век државата ги проширила своите територии и се создало Шведското царство. Повеќето освоени територии надвор од Шведска биле освоени за време на XVIII и XIX век. Источниот дел од Шведска (денес Финска) бил изгубен во 1809 и потпаднал под власт на Русија. Последната војна во која Шведска директно било инволвирана во 1814 година кога шведската војска ја принудила Норвешка да ја оформат Шведско-норвешката унија која траела до 1905. Оттогаш, Шведска е земја која го поддржува мирот и е неутрална држава.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.