Деспотизам

Деспотизам (грчки: δεσποτία - неограничена власт, од δεσπότης - глава на семејство, господар) е форма на државно управување - автократско или олигархично [1], во која сите нишки на моќта се наоѓаат во рацете на еден поединец и неколкумина. Деспотијата е држава со деспотско управување. За прв пат терминот е воведен од страна на Аристотел, во дело Политика, дека власта на деспотот е слична со власта на господарот над робовите.

Државни уредувања

Дел од серијалот Политика

Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика ·

Извори

  1. Encyclopædia Britannica
41

41 (XLI) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 41. година од новата ера, 41. од првиот милениум, 41. од 1 век и втора од 40-тите.

Џорџ Гордон Бајрон

Џорџ Гордон Бајрон, шестиот барон Бајрон (Лондон, (22 јануари 1788 - 19 април 1824 Мисолонги) — англо-шкотски поет и водечка фигура во романтизмот. Тој бил олицетворение на слободен човечки дух во бунтот против поредокот и рамките на тогашното општество, па оттука и неговата голема популарност кај европските народи, кои биле под јаремот на туѓинскиот и на домашниот деспотизам.

Меѓу неговите најпознати дела се Странствувањето на Чајлд Харолд и Дон Жуан. Последново дело останало недовршено по неговата смрт. Тој бил сметан за еден од најголемите европски поети кој сè уште се чита.Бајроновата слава се потпира не само на неговото пишување, но и на неговиот живот, кој вклучувал екстравагантно живеење, бројни љубовни афери со двата пола, сомнежи, разделувања, гласини за скандалозна врска со својата полусестра и евентуална смрт од треска по неговото патување да се бори на грчка страна во Грчката војна за независност; за што тој е грчки национален херој. Тој е опишан од Каролина Лем како „луд, лош и опасен да се познава“.

Познат е и по неговата ќерка Ада Лавлејс, чија работа на Аналитичката машина со Чарлс Бебиџ се смета за еден од основачките документи во областа на информатиката, а самата важи за првиот програмер во историјата.

Автократија

Автократијата е форма на владеење во која политичката моќ е од страна на една влада, т.н. самовлада. Зборот автократ доаѓа од грчкиот збор autocratic („самовладетел“).

За разлика од демократијата, автократијата е владеење од само една влада, т.е. од еден владеач, додека кај демократијата владеењето припаѓа на мнозинството.

Денес автократијата вообичаено се гледа како синоним на деспотизам, тиранија или диктаторство.

Автократијата сепак не е синоним на тоталитаризмот, затоа што, сепак, овој концепт попрецизно е наменет за да ги разликува модерните режими коишто се појавуваат во 1920 од традиционалното диктаторство. Исто така, автократијата не е синоним за военото диктаторство.

Поимот монархија исто така се разликува, иако некои словенски монархи, поспецифично руски владатели, цареви, традиционално ја вклучувале и титулата автократ како дел од нивниот официјален стил. Историски, многу монаршки владатели владееле со автократија, но нивната моќ значително згаснала со воведувањето на институциите и давањето на луѓето моќ да донесуваат одлуки за нив самите преку избраните тела на владата.

Автократот сепак си бара некаков вид на силна структура на владеење. Многу малку владеjачи биле во позиција да владеjат само со нивната лична харизма и вештини без помош од другите.

Авторитаризам

Авторитаризам е форма на општествена организација која се карактеризира со подтчинување на авторитетот. Тој честопати се противи на индивидуализам и либерализмот. Во политиката, авторитарна власт е онаа во која политичката моќ е сконцентрирана во рацете на мала група на политичари .

Апсолутна монархија

Апсолутната монархија или апсолутизам е монархичка форма на управување, при што целата власт во земјата (законодавна, извршна, судска, a понекогаш и духовната власт), de facto и de jure, е фокусирана во рацете на монархот. Во апсолутната монархија, монархот ја спроведува извршната власт заедно со влада, а законодавната - со користење на различни законодавни органи (изборни или назначени). Во Апсолутна монархија нема ограничувања на власта на монархот.

Според официјалната доктрина на апсолутната монархија власта на монархот има божествено потекло и во некои земји, монархот не само световното туку весрко лице. Такви држави се нарекуваат теократски монархии - на пример, Ватикан и Саудиска Арабија.

Идеологија

Идеологија е организиран збир на идеи. Зборот „идеологија“ прв го употребил грофот Дестут де Траси при крајот на 18 век за да дефинира „наука на идеи“. Една идеологија може да се прифати како јасен светоглед, начин да се гледа на нештата (види Велтаншаунг), како здрав разум (види Идеологија во секојдневие) и неколку филозофски тенденции (види Политичка идеологија), или множество од идеи предложени од страна на доминантната класа на едно општество до сите членови на ова општество (марксистичка дефиниција на идеологија - види Идеологија како инструмент за општествена репродукција).

Калигула

Калигула (латински:Gaius Iulius Caesar Germanicus, Gaius Caesar или Caligula) е третиот римски император. Познат е и како Гај Јулиј Цезар Германик.

Роден е во 12 година. Со Римската империја управувал од 37 до 41 година. Октавијан Август му е прапрадедо, Тибериј прачичко, а Клавдиј чичко. Познат е по својата екстравагантност, ексцентричност и голем деспотизам. Бил познат и како „лудиот“ поради своите бескомпромисни решенија. Можеби најпознат е по тоа што се обидел својот коњ Инцитатус да го направи конзул и свештеник.

Бил убиен од страна на своето обезбедување. Наследен е од Клавдиј.

Комунизам

Комунизам е политичка теорија и политичко движење чии приврзаници се залагаат за воспоставување на бескласна и бездржавна заедница на изобилството, при што сметаат дека единствениот начин за создавање услови за премин кон една таква заедница е воведувањето на еднопартиска диктатура со тоталитарни карактеристики на чело со комунистичката партија. Обично, комунизмот се дефинира само преку стремежот за остварување на бескласно општество во кое распределбата ќе се врши според принципот „секој според способностите, секому според потребите“, но бидејќи и други левичарски теории тежнеат кон истата цел (во прв ред анархистите), потребно е при дефинирањето на комунизмот да се вклучи и начинот преку кој комунистите имаат намера да го изградат бескласното општество, односно - убедувањето дека патот до бескласното општество води преку т.н. „диктатура на пролетаријатот“.

Комунистичкото учење се темели врз ленинизмот, кој го претставува Лениновото учење и неговото толкување на марксизмот. Поради карактеристичната тоталитарна нетолерантност, комунизмот како политички правец и како политичка теорија не е хомоген. Напротив, постојат повеќе типови комунистички теории:

Сталинизам

Троцкизам

Титоизам

Маоизам

Кастроизам

Хоџаизам

КимизамОбично, помеѓу комунистичките теории се вбројуваат и еврокомунизмот и комунизмот на советите, но тие, освен своето име, во суштина немаат многу заедничко со комунистичките теории.

Комунистичка држава

Комунистичката држава е термин кој се користи од страна на многу политолози за да се дефинира тоталитарна држава и посттоталитарната држава која е контролирана од страна на комунистичките партии, за разлика од Третиот рајх кој бил контролиран од Нацистичката партија. Во оваа држава на сила е марксизмот и ленинизмот и се карактеризира со едно партиски систем.

Некои држави кои се нашле под контрола на комунистите се соочиле со политички деспотизам, економска стагнација и културна заостанатост. Комунистичките партии корителе насилни методи за да ја одржат својата диктатура и има различните проценки за бројот на жртвите, околу 100 милиони луѓе .

Конзервативизам

Конзервативизам — политичка идеологија која, во својата појдовна основа, значи чување односно одржување на веќе востановените постоечки облици на вредностите во животот. Може да се смета за своевидно традиционално мислење кое како такво се проткајува во сите облици на интеракција меѓу поединците, мислење чијашто цел е да се одржи статус кво. Ако пред се се сфати како идеологија на оние кои што владеат тогаш ќе се постави во спротивна релациска врска од либералното дејствување кое како такво тежнее кон промени. За такво либерално движење можеме да ги сметаме во прв ред Англиската и Француската револуција како и воопшто движењето на просветителството.

Конзервативизмот како политичка идеологија се залага за државно уредување заснованно врз традиционални вредности. Како такви опстојуваат редот и сигурноста, поголемата посветеност кон минатото отколку кон иднината, хиерархија наместо еднаквост, антрополошки песимизам, сигурност, морал и религија како темели на општествениот живот и институции, семејството како основа на општеството и слично. Сите конзервативци ја почитуваат традицијата. Традицијата е составена од стандарди кои опстојуваат со единствена цел - да ги унапредат идеите за доброто. Токму затоа конзервативците во традицијата гледаат авторитет кој го оправдува нивното политичко дејствување. Темелот на тој авторитет е минатото односно религијата и националната историја на земјата. Од овде потекнува вербата на конзервативците во Бог како создавач на светото и врховен авторитет.

Конзервативизмот денес најчесто се врзува за десничаските политички партии. Во Средна Европа конзервативизмот го застапуваат христијанско-демократските партии. Во скандинавските земји конзервативизмот го претставуваат либералните конзервативци, како Конзервативната народна партија во Данска.

Непосредна демократија

Непосредната демократија или директна демократија — облик на политичка организација на општеството, во која главните одлуки се донесуваат или применуваат непосредно од граѓаните. При директното остварување на власта од народот може да биде во општонационален и локален размер, во различни форми за прифаќање на решенијата од самото население од јавен и локален карактер, а најчестиот начин е свикување на референдум. Како еден од главните предуслови за добро функционирање на директната демократија се наведува граѓанското општество.

Олигархија

Олигархијата како облик на политички режим во антиката означувала неправилен облик на држава, односно власт на малцинството најбогати. Денес, олигархијата се врзува за власт на мала група која владее со државата, партија, синдикат. За разлика од аристократијата, олигархијата е мала група на луѓе која на различни начини доаѓа на власт.

Општествено уредување

Општествено уредување или облик на управување претставува збир од политички институции на власта во една држава која има за цел со нивна помош да раководи со земјата.

Политичка партија

Политичка партија или политичка странка е здружение на луѓе со исти политички цели и убедувања, кои се стремат да ја освојат државната власт за да ги остварат тие цели. Политиката на партијата често претставува агрегација на интересите во рамките на партијата, кои неизбежно варираат дури и помеѓу членовите на иста партија. При одредени изборни ситуации, потипични при пропорционални отколку при мнозински избори, владата може да биде формирана од повеќе партии, при што таквата влада се вика коалициона влада.

Просветителство

Просветителство — духовно движење кое започнало некаде кон крајот на XVII век (а официјално започнува малку подоцна - во 1715 година). Ова движење имало влијание што се чувствувало и во XIX век. Целта на просветителството, како што и самиот збор кажува, е расветлување на тајните кои отсекогаш биле догма за човештвото. Тоа навлегло во речиси сите области на културата и духот.

Носител на идеите на просветителството била граѓанската класа, која почнала да се еманципира уште во ренесансата. Токму затоа книжевноста во просветителството е антирелигиозна и антифеудална. Во услови кога апсолутизмот на владетелите во Европа со помошта на црквата ги потенцира класните антагонизми, граѓанската класа со својата материјална моќ и со интелектуалната супериорност се чувствувала повикана да го смени светот. Во литературата од овој период доминираат граѓански теми, додека класицизмот инсистира на литература која ќе го опише животот на дворот, односно аристократијата.

Апсолутистичките монархии (особено на Луј XIV во Франција) ги исцрпиле сопствените народи и материјално ги осиромашиле. Англија била најнапредната земја во Европа, бидејќи во 1688 година, во рамките на т.н. славна револуција, буржоазијата ја победила апсолутната монархија. Значителни промени во Франција ќе внесе (по смртта на Луј XIV) Филип Орлеански, но вистинската промена во општествениот живот на Франција ќе се случи по француската буржоаска револуција во 1789 година. Сепак, карактеристично е што просветителството го потпомагаат и некои од владетелите - Фридрих II, Марија Терезија и нејзиниот син Јосип II, Катарина II, кои докажуваат со тоа дека се вистински приврзаници на просветителскиот апсолутизам.

Еден од основните белези на просветителството е обземеноста со науката. Осумнаесеттиот век некои го нарекуваат и век на филозофијата. Во овој период се формираат многу науки: политичка економија, статистика, социологија, емпириска психологија и споредбеното проучување на културата. Меѓутоа, филозофијата во просветителството значи социологија, право и политикологија, а не филозофија во класичната смисла на зборот.

Први придвижници на просветителството се Гротиј и Спиноза од Холандија. Томас Хобс, Дејвид Хјум и Џон Лок од Англија ја развиваат емпириската филозофија, а Исак Њутн се истакнува со своите пронајдоци во физиката. Теоријата за државата на Лок, како и неговото сфаќање за природниот човек, влијаеле врз повеќе мислители на просветителството. Просветителството во Франција се јавува под влијание на англиското, но тоа е многу порадикално. Претставниците на просветителството се движат во насока на материјализмот. Германското просветителство го подготвуваат Томазиус, Волф, Лесинг и Базедов.

Во областа на правниот и општествениот живот, во XVII век се развива идејата за т.н. „природно право’, која бара ослободување на социјалниот живот од верските, националните и традиционалните белези. Ова отворало решение за проблемот на жестоките верски граѓански војни кои го уништувале просперитетот на Европа, поттикнувајќи ја основата за современото меѓународно право. Просветителството во XVIII век врз авторитетот на Лок ја поттикнува идејата за здравиот разум во оваа област. Филозофскиот дух, кој поттикнувал на договор и на разумна согласност на сите граѓани за остварување на сеопштата среќа и благосостојба, всушност може да се смета како форма на хуманистички стремеж за реализирање на достоинствен живот без насилство, без деспотизам.

Проучувачите на периодот на просветителството сметаат дека во него доминирал интересот за науките и дека интелектуалците, пред сè, биле обземени со идеите, а не со уметностите. Писател во XVIII век значело многу за да се обезбеди основната егзистенција. Меценството, пак, како понижувачко, било одбивано од страна на слободоумните мислители и автори.

Република

Република е облик на владеење каде шефот на државата се избира по пат на избори. Терминот потекнува од латинскиот израз res publica што во превод значи јавни работи. Иако често републиката се поистоветува со демократијата, фактот дека шефот на државата се избира на избори не мора да значи и дека во одредена република владее демократија. Имено, можно е шефот на државата да ја укине демократијата и да воведе диктатура.

Шефот на државата во републиката може да биде индивидуален орган (претседател) или колективен (претседателство). Сепак, најчесто шефот на државата е индивидуален орган.

Она што е обележје на републиките се изборноста, одговорноста и видот и обемот на надлежностите на шефот на државата. Според начинот на избор на претседателот и обемот на неговите овластувања, републиката може да се подели на: претседателска, парламентарна и собраниска.

Список на општествени уредувања

Ова е список на општествени уредувања и политички системи, според неколку вида на нивно организирање. Наведените системи не се взаемно исклучителни, и често дефинициите им се вкрстуваат (на пример автократија, деспотизам, тоталитаризам, монархија и тиранија).

Феудализам

Феудализмот (од латинскиот збор feudum) е општествено-економска формација во средниот век во која човечкото општество се дели на две основни антагонистички класи:

феудалци и

селани-кметови (крепосни селани).Основна карактеристика на феудализмот е сопственоста на средствата за производство во рацете на феудалецот (ја поседуваат во прв ред земјата) и непотполната сопственост над производителот - селанецот-кмет. Напоредно со сопственоста на феудалците, постои и ситна сопственост на селаните и занаетчиите над орудијата за работа (селски инвентар, занаетски алат) и над куќата и покуќнината.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.