Давид Рикардо

Давид Рикардо (анг. David Ricardo; Лондон, 19 април 1772 - Лондон, 11 септември 1823) — англиски економист, главен претставник на англиската класична школа. Неговите дела претставувале инспирација за Карл Маркс, позајмувајќи ја Рикардовата трудова теорија на вредноста како основа за неговото социо-политичко учење.

Во 1809 г. го објавил памфлетот „Цената на златото“. Најпознато негово дело е „Принципи на политичката економија“.

Давид Рикардо
Класична економија
Portrait of David Ricardo by Thomas Phillips
Роден19 април 1772
Починал11 септември 1823 (воз. 51 г.)
НационалностБританец
Влијанија одСмит · Бентам
Влијаел врзРикардовски социјалисти · Мил · Маркс · Срафа · Баро
ПридонесиРикардова еквиваленција, трудова теорија на вреднсота, компаративна предност, закон за опаѓачката добивка, економска рента[1]

Наводи

  1. Miller, Roger LeRoy. Economics Today. Fifteenth Edition. Boston, MA: Pearson Education. стр. 559
11 септември (починале)

Поврзани статии: починати на: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31 септември

Поврзани категории: починати на: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 31 септември

1772

1772 (MDCCLXXII) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1772. година од новата ера, 772. од вториот милениум, 72. од 18 век и трета од 1770-тите.

Богатството на народите

„Богатството на народите“ (полн наслов: „Иследување на природата и причините за богатството на народите“, англ. An Inquiry into the Nature and Causes of the Wealth of Nations) — најзачајното дело на шкотскиот економист Адам Смит, објавено на 9 март 1776 година, за време на просветителството. Делото се занимава со политичка економија при зачетокот на Индустриската револуција, и нашироко се смета за првото современо дело на полето на економијата. Делото е исто така првата лесно разбирлива одбрана на системот на слободен пазар. Се дели на пет книги во два тома.

„Богатството на народите“ е напишана за просечниот образован човек од XVII век наместо за стручњаци и математичари.

Правото на Европската Унија

Правото на Европската Унија(во историјата познато како Правото на Европската заедница) е тело на договори, закони и судски пресуди кои функционираат паралелно со правниот систем на секоја земја-членка на Европската Унија.

Примарниот извор на законодавството на ЕУ се нејзините договори. Овие договори и даваат моќ на ЕУ да поставува широко политички цели и да формираа иснтитуции кои, меѓу другото, усвојуваат закони за остваравање на тие цели. Законодавните акти на ЕУ имаат две форми: регулативи и директиви. Регулативите добиваат правно значење во сите земји-членки тогаш кога ќе стапат на сила, без обврска за спроведување на било какви мерки со цел автоматски да се избегнат конфликтните домашни одредби. Директивите бараат секоја земја-членка да постигне одредени резултати допуштајќи им право сами да го изберат начинот за тоа како да ги постигнат резултатите. Деталите за тоа како тие се спроведуваат им се препуштаат на земјите-членки.

Законодавството на ЕУ произлегува од одлуките донесени на ниво на ЕУ, иако во голема мера тоа се случува и на национално ниво. Според тоа, принципот на еднаквост е централна тема во донесувањето на сите одлуки од страна на Европскиот суд на правда кој има за цел да обезбеди примената и интерпретацијата на законодавството на ЕУ да не се разликува меѓу земјите-членки.

Принципи на политичката економија

Принципи на политичката економија или во полн наслов За принципите на политичката економија и оданочувањето (англ. On the Principles of Political Economy and Taxation) е книга од Давид Рикардо издадена во 1817 г. во која главна тема на обработка е економијата. Книгата дава заклучок дека наемнината на земјата расте како што се зголемува бројот на населението. Тука јасно се изложува теоријата на компаративна предност, во која авторот тврди дека сите земји можат да имаат корист од слободна трговија, дури и кога една земја нема апсолутна предност во сите сектори на стопанството.

Во предговорот Рикардо тврди дека Тирго, Стјуарт, Адам Смит, Жан Батист Сеј, Сисмонди и други немаат напишано доволно „задоволителни информации“ на теми како наемнина, добивка и надница. Делото „Принципи на политичката економија“ претставува очигледен напор од страна на Рикардо, да ја пополни таа празнина во литературата. Без оглед на тоа дали книгата ја постигнува зацртаната цел, со ова значајно дело, (според Роналд Макс Хартвел), Рикардо го обезбедил своето место меѓу големите класични економисти како Адам Смит, Томас Малтус, Џон Стјуарт Мил и Карл Маркс.

Родени во април

Статијата Родени во април е автоматски создадена преку превклучување (трансклудирање) на рачно уредуваните страници за Родени на одреден датум во месец април.

Видете исто така автоматски генерирана листа на лица Родени во месец април во Категорија:Родени во април

Можеби ќе ве интересира да погледнете во Починати во април и Категорија:Починати во април1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

Стока (економија)

Стока, роба или артикл — нешто за што постои побарувачка, но кое се нуди без квалитативна разлика низ пазарот. Ова е производ кој е ист без разлика кој го произведува. Такви примери се бензинот, хартијата за пишување или млекото.Со други зборови, бакарот е бакар. Оризот е ориз. Меѓутоа аудио-системите на пример, имаат многу нивоа на квалитет. И што подобар е системот, тоа повеќе чини. Цената на бакарот е универзална, и флуктуира на двевна база зависно од глобалната понуда и побарувачка.

Една од карактеристиките на стоката е тоа што нејзината цена се одредува како функција на нејзиниот пазар во целина. Добро зацврстените физички стоки од одамна активно се тргувале на готовинските и деривативните пазари. Ова се основни ресурси и земјоделски производи како железната руда, сировата нафта, јагленот, етанолот, солта, шеќерот, кафето, сојата, алуминиумот, оризот, пченицата, златото и среброто.

Феноменот наречен комодификација се случува кога пазарот на добрата и услугите престанува да разликува место на набавка, често со распрснување на интелектуалниот капитал потребен за нивно стекнување или производство. Како такви, добрата на кои порано се добивало висока маржа сега се стока, како да речеме генерички лекарства и силиконски чипови.

Томас Малтус

Томас Роберт Малтус (англиски: Thomas Robert Malthus; 13 февруари 1766 – 23 декември 1834) — англиски економист и научник чие дело има големо влијание врз политичката економија и демографијата. Познат е како идеолог на малтузијанството, кое тргнува од претпоставката дека изворот на бедата во општеството треба да се бара во неконтролираниот пораст на населението и предлага низа мерки за спречување на оваа појава.

Неговиот главен придонес бил да го привлече вниманието кон можните опасности од растот на населението: „Моќта на населението е бескрајно поголема од моќта на земјата да произведе средства за живот за човекот.“ За Малтус, како свештеник, ова било теолошки спротивно на учењето на доблесно однесување: оптимистичките идеи за општествена реформа се осудени на пропаст. Со тоа, спротивно на утопиите на писателите како Русо и Гудвин, Малтус на читателот му претставил дистопија, негативна слика за светот. Катастрофа што настанува како последица на раст на населението кој ги надминува средствата е позната како „малтузијанска катастрофа“.

Малтус ја ставил краткорочната стабилност на економијата над краткорочната целесообразност. Тој ги критикувал законите за сиромашните, и (единствен меѓу значајните современи економисти) ги поддржал законите за пченката, кои вовеле систем на увозни даноци за пченицата. Малтус објаснувал дека тоа ќе го охрабри домашното производство и донесе долготрајна корист.Малтус станал многу влијателен и спорен во економијата, политиката, во општествената и во научната мисла. Го читале многумина од подоцнежните претставници на еволуционата биологија, особено Чарлс Дарвин и Алфред Расел Валас, за кои тој претставувал отскочна штица до опстанокот на најприспособените. Малтус бил и сè уште е писател од огромно значење.

Современите толкувачи главно му се обраќаат со Томас Малтус, но за време на својот живот бил познат по своето средно име, Роберт.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.