Гвајана

Ова е статија за државата во Јужна Америка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Кооперативна Република Гвајана
Co-operative Republic of Guyana[1]

Знаме на Гвајана Грб на Гвајана
Знаме Грб
Гесло„Еден народ, една нација, една судбина“
Химна"Драга Гвајано, земјо на реки и рамници"
Местоположба на Гвајана
Главен градЏорџтаун
6°46′N 58°10′W / 6.767° СГШ; 58.167° ЗГД
Најголем град главниот град
Службен јазик англиски
Признаени регионални јазици гвајански креолски, португалски, шпански, акаваио, макуши, ваи ваи, аравачки
Народности  43,5% индијци, 30,2% црнци, 17% мешани, 9,1% староседелци[2]
Демоним Гвајанци
Уредување полупретседателска република
 •  Претседател Барат Џагдео
 •  Премиер Сем Хиндс
Независност
 •  Холандска Гвајана 1667-1814 
 •  Британска Гвајана 1814-1966 
 •  од Обединето Кралство 26 мај 1966 
 •  Република 23 февруари 1970 
Површина
 •  Вкупна 214,970 км2 (85-та)
 •  Вода (%) 8.4
Население
 •  проценка за 2014 г. 735,554[2] (165-та)
 •  Попис 2002 751,223[3] 
 •  Густина 3.5 жит/км2 (225-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2012 г.
 •  Вкупен $6.155 милијарди[4] 
 •  По жител $7.938[4] 
БДП (номинален) проценка за 2012 г.
 •  Вкупно $2.788 милијарди[4] 
 •  По жител $3.596[4] 
ИЧР (2013) 0.636[5]
среден · 118-та
Валута гвајански долар (GYD)
Часовен појас (UTC-4)
Се вози на лево
НДД .gy
Повик. бр. 592
1. Околу една третина од населението живее во главниот град.

Гвајана (англиски: Guyana) или официјално Кооперативна Република Гвајана (Co-operative Republic of Guyana[1]) е држава во свероисточниот брег на Јужна Америка. Поранешното име на Гвајана било Британска Гвајана што всушност била колонија и поради тоа денес е дел од англофонските држави. На исток, Гвајана граничи со Суринам, на југ со Бразил, на запад со Венецуела и Бразил и на север и северозапад излегува на Атлантскиот Океан. Вкупната површина на Гвајана е 214.999 километри квадратни каде живеат околу 772.298, главен град е Џорџтаун и официјален јазик е англискиот јазик. Според површината, Гвајана е третата најмала држава во Јужна Америка, веднаш пред Уругвај и Суринам.

Територијата денес позната како Гвајана била откриена од европските доселеници во 1498 година и 500 години била спорна точка помеѓу Шпанија, Франција, Холандија и Велика Британија. Денес, како резултат на британското влијание, е единствената држава во Јужна Америка дел од Комонвелтот на нациите. Својата независност Гвајана ја стекнала во 1966 година. Регионот „Гвајана“ низ колонијалната историја била поделена на неколку делови како: Шпанска Гвајана (источна Венецуела), Португалска Гвајана (северен Бразил), Британска Гвајана, Холандска Гвајана (Суринам) и Француска Гвајана.

Етимологија

Името „Гвајана“ потекнува од зборот „guiana“ што е оригиналното име на регионот кој денес ги вклучува државите Гвајана, Суринам, Француска Гвајана, источни делови на Венецуела и северни делови од Бразил. Се верува дека името потекнува од народот Таино што би значело „земја на брзотечна река“ и се поврзува со големиот број реки во регионот, но сепак најчесто се верува дека значи „земја на многу реки“.

Историја

Boundary lines of British Guiana 1896
Британска Гвајана.

Првите европски колонии на територијата на денешна Гвајана пристигнеле во околу 1500 година. Пред нивното доаѓање овде живееле индиските племиња Араваци и Карибјани. Во почетокот на XVII век, Холанѓаните го дале почетокот на европската доминација на територијата. Така тие основале три колонии: Есекибо (1616), Бербајс (1627) и Демерара (1752). Во текот на втората половина на 18 век, контролата околу територијата на денешна Гвајана преминале во раце на Англичаните, а официјално Холандија се повлекла во 1814 година. Така, трите колонии станале под официјална контрола на британската круна, позната под името Британска Гвајана од 1831 година.

По забраната на ропството во 1834 година, црнците започнале да основат нови села и градови. Во тој период од Индија, Кина и Португалија пристигнале голем број на работници. Тоа културно разнообразие е зачувано до денес и е едно од причините за бурниот политички живот на земјата. Гвајана својата независност ја добила од Обединетото Кралство во 1966 година, а како кооперативна република била објавена во 1970 година. Во 1978 година земјата влегла во светските медиуми при масовното самоубиство на над 900 луѓе од сектата Џон Џонс.

Географија и клима

Guyana BMNG
Карта на Гвајана.

Гвајана, географски, е поделена на пет региони и тоа: рамнина покрај брегот на Атлантскиот Океан каде живее најголем дел од населението, веднаш под оваа рамнина е песокливиот појас, потоа следува прашумата во средината на земјата, саваната на запад и висорамнините во пределот на границите на Бразил. Најголем, а воедно и главен град на Гвајана е Џорџтаун, каде живее голем дел од населението на државата т.е. 239.227 жители. Вкупната површина на Гвајана е 214.999 километри квадратни и има население од 772.298 жители.

Некои од највисоките планински врвови во Гвајана се Ајангана со 2.042 метри, Кабураи со 1.465 метри и Рораима со 2.835 метри надморска височина. За планината Рораима се верува дека била инспирација на шкотскиот познат писател Артур Конан Дојл за неговата книга „Изгубен свет“.

Политички систем

Политиките на Гвајана се одвиваат во рамките на полупретседателска република, каде престедателот е на чело на државата и на повеќепартискиот систем. Извршната власт е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на владата и на Националното собрание на Гвајана. Историски, политиката во Гвајана била извор на голем број тензии и насилства. Во 1992 година, за прв пат биле одржани „слободни и фер“ избори.

Административна поделба

Guyana regions numbered (GINA)
Регионите на Гвајана.

Гввајана е поделена на 10 региони и тоа:[6][7]

бр. регион површина km² население население
на km²
1 Барима-Ваини 20,339 24,275 1.2
2 Померон-Супенам 6,195 49,253 8.0
3 Острови Есегвибо - Западна Демерара 2,232 103,061 46.2
4 Демерара-Махаика 1,843 310,320 168.4
5 Махаика-Бербисе 3,755 52,428 14.0
6 Источно Бербисе-Корентин 36,234 123,695 3.4
7 Кујуни-Мазаруни 47,213 17,597 0.3
8 Потаро-Сипаруни 20,051 10,095 0.5
9 Горно Такуту - Горно Есквибо 57,750 19,387 1.3
10 Горбо Демерара - Бербисе 19,387 41,112 2.1
Гвајана 214,999 751,223 3.49

Регионите се поделени на 27 окрузи.[8]

Економија

Tractor in field of rice by Khirsah1
Оризови полиња.

Главната економска активност на Гвајана е земјоделството, како на пример шеќер, но има и ископување на боксит, злато, сеча на шума и риболов. Економијата на Гвајана има сериозни проблеми со недоволно образована работна сила и недостаток на инфраструктура. Во 2008 година, економијата забележала 3% развој.

Индустријата со шеќер е застапена со околу 28% од извозот на земјата. Во овој индустриски сектор се вработени најмногу луѓе од работоспособното население на државата. Покрај оваа индустриска гранка, во Гвајана има и останати поразвиени индустриски гранки кои во последно време забележуваат и странски инвестиции.

Население, јазик и религија

Guyana population density
Демографија на Гвајана.

Населението на Гвајана изнесува 770.000 жители каде 90% од населението живее во крајбрежниот дел. Денешното население на Гвајана е хетерогено во расна и етничка смисла. Голем дел од населението се потомци на робови од Африка или донесени работници од Индија, Ирска, Холандија или Германија. Сите различни етнички групи кои опстојуваат во Гвајана заедно ги држи заедничкиот англиски јазик и локалниот гвајански креолски јазик.

Најголемата етничка група во државата се Индијците кои сочинуваат околу 43.5% од населението, потоа следуваат потомците на африканските робови со околу 30.2%, мешаните жители со 16.7% и староседелците се 10% од населението.

Официјален јазик во државата е англискиот јазик, но доста се зборува и гвајанскиот креолски јазик. Според пописот од 2002 година религиски Гвајана е составена од: христијани со 57%, хиндуси со 23.4%, муслимани со 7.3% и останати помали религиски заедници.[9]

Култура

Гвајана, заедно со Суринам, Француска Гвајана и Бразил се четирите не-хиспански нации во Јужна Америка. Културата на Гвајана е доста слична со културата на англофонските карипски држави и историски била поврзана со англиската империјална култура. Во оваа култура забележителни се и старите културни традиции на народите кои ја населуваат територијата.

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Constitution of the Co-operative Republic of Guyana Act“ (PDF). March 1998. конс. 17 февруари 2010.
  2. 2,0 2,1 „The World Factbook: Guyana“. CIA. конс. 2009-10-18.
  3. Guyana 2002 Census Bureau of Statistics – Guyana. Retrieved 25 June 2009.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Guyana“. International Monetary Fund. конс. 18 April 2013.
  5. „Human Development Report 2010“ (PDF). United Nations. 2010. конс. 5 November 2010.
  6. Bureau of Statistics - Guyana, CHAPTER III: POPULATION REDISTRIBUTION AND INTERNAL MIGRATION, Table 3.4: Population Density, Guyana: 1980 - 2002
  7. Guyana - Government Information Agency, National Profile
  8. Government of Guyana, Statistics
  9. International Religious Freedom Report 2007

Поврзано

Надворешни врски

.gf

.gf е главен Интернет домен за Француска Гвајана. Со доменот управува Net Plus.

.gy

.gy е главен Интернет домен за Гвајана. Со доменот управува Универзитетот на Гвајана.

Јужна Америка

Јужна Америка — еден од седумте континенти на планетата Земја. Се наоѓа на јужната земјина полутопка, односно во јужната хемисфера. Таа е дел од целокупното копно Америка, инаку поделено на три континенти, меѓу кои спаѓа и Јужна Америка (покрај северна и средна Америка). Името на овој континент, исто како и на другите две Америки, доаѓа од името на италијанскиот морепловец Америго Веспучи.

Јужна Америка зафаќа површина од околу 17,818,508 км2 и има население од околу 355,070,540 жители. Според овие податоци, Јужна Америка е на четврто место во светот во секоја од овие две категории, по Евроазија, Африка и Северна Америка.

Амапа

Амапа (португалски: Amapá) — сојузна држава во Бразил, сместена во најсеверниот дел на земјата. Се граничи со Француска Гвајана и Суринам северно. На исток со Атлантскиот Океан, и на југ со сојузната држава Пара. Во минатото била посебна колонија со името Португалска Гвајана или Бразилска Гвајана.

Бразил

Бразил (португалски: Brasil), официјално Федеративна Република Бразил (португалски: República Federativa do Brasil), е најголема држава во Јужна Америка. Површината и е речиси повеќе од половина на целиот континент. Главен град е Бразилија. Официјален јазик е португалскиот. Бразил е обграден од Атлантскиот океан на исток со брегова линија од 7.491 км. На север се граничи со Венецуела, Суринам, Гвајана и со прекуморскиот департмент Француска Гијана. На северозапад се граничи со Колумбија. На запад со Боливија и Перу. На југозапад со Аргентина и Парагвај и на југ со Уругвај. Бројни архипелази припаѓаат на Бразил, како Фернандо де Нороња, Атолските Карпи, Св. Петар и Павлевите Карпи и Тринидад и Мартин Ваз.

Бразил бил колонија на Португалија се до 1822-ра. Во почетокот независен како империја, во доследност Бразил е Република од 1889-та, иако бикамералната легислатура сега нарекувана Конгрес датира од 1850-та. Моменталниот устав ја дефинира Бразил како Федерална Држава, составена од федерален округ и 26 држави конституенти.

Бразил е светска десета економија, новите економски реформи дадоа нови проекции за развојот на Бразил. Бразил е член основач на Обединетите Нации и Сојузот на јужноамериканските нации. Во Бразил предоминира католицизмот, и се говори португалски.

Венецуела

Венецуела (официјално: Боливарска република Венецуела, шпански: República Bolivariana de Venezuela) — земја во северниот дел од Јужна Америка. На север излегува на Карипското море, граничи со Гвајана на исток, со Бразил на југ и со Колумбија на запад. Нејзин главен град е Каракас.

Денешниот официјалниот назив за Венецуела, Боливарска република Венецуела потекнува од 1999, кога беше донесен нов Устав на Венецуела. Тоа е дел од концептот за Боливарска револуција на венецуелскиот претседател Уго Чавез, а е инспириран од латино-американскиот борец за независност Симон Боливар.

Гвајана на Олимписките игри

Гвајана учествувала на вкупно 16 Летни олимписки игри. Никогаш не учествувале на Зимските игри. На првите пет Олимпијади, тие учествуваа како Британска Гвајана. Оваа земја има освоено една медала, бронза во бокс, од страна на Мајкл Ентони на Летните олимписки игри во 1980 година.

Олимпискиот сојуз на Гвајана е формиран во 1935 година и признат од Меѓународниот олимписки комитет во 1948 година.

Грб на Гвајана

Грбот на Гвајана е официјалниот државен грб на оваа јужноамериканска држава. Грбот бил официјално воведен на 25 февруари 1966 година, но кралицата Елизабета II го претставила овој грб на гвајанската јавност на 21 јануари, истата година.

Европска вселенска агенција

Европска вселенска агенција или ЕСА (англиски: European Space Agency или ESA), е основана во 1974 и е меѓувладина организација која е посветена на истражувања во вселената. Со неа раководат 22 европски држави. Главниот штаб се наоѓа во Париз, Франција.

Има вкупен буџет од 2,9 милијарди €.

Главната лансерна станица е Гвајанскиот вселенски центар во Куру, Француска Гвајана.

Научните мисии се базирани во ESTEC во Нордвејк, Холандија, Земјините обсерваторки мисии се во ESRIN во Фраскати, Италија, Мисионата контрола е во ESOC во Дармштат, Германија, и Европскиот астронаутски центар (EAC), каде што се тренираат астронаутите за идните мисии е сместен во Келн, Германија.

Зависна територија

Зависна територија или зависност е територија без целосна политичка независност од некоја држава.

Знаме на Гвајана

Знамето на Гвајана е официјалното знаме во државата кое било усвоено во 1966 година. Знамето било дизајнирано од Витни Смит. Знамето е составено од зелена позадина на која се наоѓаат два тријаголника во различни диманезии, поголемиот е жолта боја со бели рабови, додека помалиот е во црвена боја со црни рабови. Зелената боја го претставува земјоделството и шумите, белата реките, златната минералните ресурси, црната издржливоста и црвената ги претставува ентузијазмот и динамиката на народот.

Ирак на Олимписките игри

Ирак — првпат учествува на Олимписките игри во 1948 година. Ирачаните не учествувале на игрите во 1952 година и ги бојкотирале игрите во 1956 година поради Суецката криза. По ова отсуство, Ирак се враќа на игрите и освојува бронзен медал на игрите во Рим 1960 година. Тие учествувале и на наредните три игри но повторно не се појавиле на игрите во 1972 и 1976 година за да ги бојкотираат апартхејдот во ЈАР. Придружувајќи се на бојкотот од 1976 година, Ирак бил втората неафричка земја која учествувала во бојкотот (другата била Гвајана). Уште на игрите во 1980 година, Ирак се појавиле на сите игри и покрај Ирачките војни. На 9 април, 2003 година зградата на Националниот олимписки комитет на Ирак во Бгдад бил уништен, ограбен и запален. Ирачката олимписка програма се обновила навреме за да учествува на игрите во Атина 2004 година, пришто замалку ирачката фудбалска репрезентација не го освоила бронзениот медал, биле поразени од Италија при борбата за третото место. Ирак се нема натпреварувано на Зимските олимписки игри.

Ирак има освоено еден медал од сите учества во дисциплината кревање тегови.

Претставувани се од Националниот олимписки комитет на Ирак од самиот почеток.

Кајена

Кајена (француски: Cayenne) е најголем и главен град на француската прекуокеанска територија Француска Гвајана,а воедно и главен град на истоимениот департман и регион.

Градот има 64.297 жители (2007) и над 100.000 во околина на градот

Градот лежи на Атлантски океан

Прекуморски департмани и региони на Франција

Прекуморски департмани и региони на Франција (француски: département et régions d’outre-mer или DROM) — департмани сместени вон европскиот дел на државата наречен континентална или метрополитенска Франција. Носат речиси ист политички статус како континенталните департмани, но имаат нешто поголем степен на автономија и не се вбројуваат во некои домашни статистики, како што е стапката на невработеност.

Како составен дел од Франција и Европската Унија, прекуморските департмани се застапени во Националното собрание, Сенатот и Економско-социјалниот совет, гласаат за претставници во Европскиот парламент и го користат еврото како своја валута.

Овие единици се разликуваат од прекуморските заедници, кои уживаат полуавтономија.

Секој прекуморски департман е единствен во свој сопствен прекуморски регион (région d'outre-mer) чии надлежности се истовени на регионите во континентална Франција. Поради ова целосно совпаѓање, овие две единици не се разликуваат во неслужбена употреба, па така француските медиуми речиси без исклучок го користат поимот „прекуморски департмани“ (département d’outre-mer или DOM).

Почнувајќи од март 2011 г. петте прекуморски департмани и региони на Франција се следниве:

Француска Гвајана во Јужна Америка;

Гваделуп и Мартиник во Карибите;

Мајот и Реинион во Индискиот Океан, во водите околу АфрикаГваделуп и Реинион имаат посебни департмански и регионални совети, додека пак Мајот, Гвајана и Мартиник истите се споени во еден совет. Прекуморските департмани се стекнале со овие права со децентрализацијата од 1982 г. според која ним им следуваат регионални совети избрани со гласање, како и други регионални надлежности; меѓутоа, поимот „прекуморски регион“ влегол во службена употреба дури со уставниот амандман од 28 март 2003 г.

Региони во Бразил

Бразил моментално е поделен на пет региони (нарекувани исто така макрорегиони) од страна на Бразилскиот институт за географија и статистика (БИГС). Овие региони се создадени според културната, економската и иcториска сличност, како и според социjалните аспекти.

Региони во Франција

Франција се дели на 18 региони (француски: régions), од кои 13 се матични (континентални), а 5 се прекуморски. Матичните региони (во кои спаѓа и островот Корзика) се делат на 2 до 13 департмани, додека пак прекуморските имаат по еден, па затоа се нарекуваат и „прекуморски департмани.

Поимот „регион“ е утврден со Законот за децентрализација од 2 март 1982 г. во кој се пропишува правниот статус на регионите. Во 2016 г. нивниот број е намален од 27 на 18 со спојување.

Суринам

Суринам (холандски: Suriname), или официјално Република Суринам (Republiek Suriname) е независна држава во Јужна Америка. Суринам на север излага на Атлантски Океан, на југ граничи со Бразил, на запад со Гвајана и на исток со Француска Гвајана. Суринам има вкупна површина од 163.821 километри квадратни, каде живеат околу 487,024 според пописот од 2004. Главен град на државата е Парамарибо, а официјален јазик е холандскиот јазик.

Француска Гвајана

Француска Гвајана (француски: Guyane (française)) е прекуморски регион на Франција кој се наоѓа на северниот брег на Атлантскиот Океан, во Јужна Америка. На исток и југ се граничи со Бразил, а на запад се граничи со Суринам. Нејзината површина изнесува 83.534 км², што значи дека има многу мала населеност со помалку од три жители на километар квадратен. Во 2009 година, се регистрирани 229.000 жители кои живеат во главниот град, Кајена.

Додавањето на придавката „француска“ потекнува уште од постоењето на петте колонии, односно од запад кон исток: Шпанска Гвајана, Британска Гвајана, Холандска Гвајана, Француска Гвајана и Португалска Гвајана. Француска Гвајана и двете најголеми земји на југот и западот, Гвајана и Суринам, се уште колективно се однесуваат како Гвајана и сочинуваат една површина.

Голем дел од стопанството на департманот е поврзано од присуството на космодромот, кој е главно место за слетување на Европската вселенска агенција.

Држави и територии во Америка
Независни
држави
Зависни и
други територии

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.