Гватемала

Гватемала (шпански: Guatemala), официјално Република Гватемала (República de Guatemala) — држава во Средна Америка. На север и запад се граничи со Мексико, на северозапад со Белизе и на југоисток со Ел Салвадор и Хондурас. На југозапад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море.

Вкупната површина на Гватемала е 108.890 километри квадратни каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е истоимениот град Гватемала и Гватемала има 23 официјални јазици. Гватемала е претседателска република. Државата има големо природно богатство и со богат растителен и животински свет.[6]

Република Гватемала
República de Guatemala  (шпански)
Знаме на Гватемала Грб на Гватемала
Знаме Грб
Гесло
  • "Libre Crezca Fecundo"[1]
  • "El País de la Eterna Primavera"
  • "The Land of the Eternal Spring"[2]
ХимнаHimno Nacional de Guatemala
Државна химна на Гватемала

Местоположба на Гватемала
Главен град
(и најголем)
Гватемала
14°38′N 90°30′W / 14.633° СГШ; 90.500° ЗГД
Службен јазик шпански
Народности (2010)
  • 41.5% местици
  • 18% белци
  • 41% староседелци, од кои:
  • - 9,1% Кичи
  • - 8,4% Какчикели
  • - 7,9% Мами
  • - 6,3% Кекчи
  • - 8,6% други Маи
  • - 0,2% немајански домородци
  • - 0,1% останати
Демоним Гватемалци
Уредување унитарна претседателска република
 •  Претседател Алехандро Малдонадо Агире (в.д.)
 •  Потпретседател непополнето
Законодавство Собрание на Републиката
Независност од Шпанското царство
 •  Прогласена 15 септември 1821 
 •  од
Првото Мексиканско царство
1 јули 1823 
 •  Сегашен устав 31 мај 1985 
Површина
 •  Вкупна 108.889 км2 (107.)
 •  Вода (%) 0.4
Население
 •  проценка за 2014 г. 15,806,675[3] (66.)
 •  Густина 129 жит/км2 (85.)
БДП (ПКМ) проценка за 2012 г.
 •  Вкупен $78.681 billion[4] 
 •  По жител $5,208[4] 
БДП (номинален) проценка за 2012 г.
 •  Вкупно $49.880 billion[4] 
 •  По жител $3,302[4] 
Џиниев коеф. (2007)55.1
висок
ИЧР (2013) 0.628[5]
среден · 125th
Валута кецал (GTQ)
Часовен појас CST (UTC−6)
Се вози на right
НДД .gt
Повик. бр. +502

Етимологија

Потеклото на името Гватемала не е сосема познато, но биле предложени неколку теории за истото. Првата теорија вели дека името „Гватемала“ потекнува од мајанско-толтечкиот јазик што во превод би значело „земја на дрва“. Друга теорија вели дека името потекнува од наватлскиот израз „Quauhtitlan“ што во превод би значело „помеѓу дрва“. Куаухтитлан било името на Тлошкалтеканските војници кои го придружувале Педро де Алварадо за време на шпанската инвазија на територијата.[7]

Историја

Географија и клима

Guatemala map mk
Карта на Гватемала.

Гватемала е планинска земја, освен во јужниот дел на земјата каде се наоѓаат низини. Два планински масива се протегаат низ Гватемала од запад кон исток и ја делат државата на три големи географски региони: висорамнини, пацифичкиот брег и регионот Петен. Скоро сите поголеми градови се наоѓаат во висорамнинските предели на пацифичкиот брег. Највисока точка во Гватемала, но и во Средна Америка, е вулканот Тахумулко со 4.220 метри надморска височина.

Реките во Гватемала се кратки и се влеваат то Тихиот Океан и Карипското Море. Поголеми реки во Гватемала се Полочик, Дулсе, Мотагуа и Усумасинта.

Гватемала долго време тврдела дека нејзини територии биле окупирани од Белизе, независна соседска држава. Гватемала го признала Белизе во 1990 година но со тоа спорот не се затворил.[8][9] Вкупната површина на Гватемала изнесува 108.890, каде живеат околу 13.276.517 жители. Главен град на државата е градот Гватемала. Гватемала се граничи на север и запад со Мексико, на северозапад со Белизе и на југоисток со Ел Салвадор и Хондурас. На југозапад државата излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море.

Политички систем

Гватемала е претседателска република, каде шеф на државата и шеф на владата е претседателот. Извршната власт во државата е во рацете на владата. Законодавната власт е во рацете на владата и во Конгресот на Републиката. Судската власт е независна власт во Гватемала.

Административна поделба

GuatemalaProvs
Департмани на Гватемала.

Гватемала е поделена на 22 департмани, кои пак се поделени на 332 општини.

Департманите на Гватемала се:

  1. Алта
  2. Баха Верапаз
  3. Чималтенанго
  4. Чикимула
  5. Петен
  6. Ел Прогресо
  7. Киче
  8. Ескуинтла
  9. Гватемала
  10. Уеуетенанго
  11. Исабал
  12. Халапа
  13. Хутијапа
  14. Кецалтенанго
  15. Реталулеу
  16. Сакатепеке
  17. Сан Маркос
  18. Санта Роса
  19. Солола
  20. Сучитепеке
  21. Тотоникапан
  22. Закапа

Економија

Indoor market zunil guatemala
Пазар во Зунил.

Според ЦИА, БНП по глава на жител во Гватемала изнесува 5.000 американски долари, но сепак оваа земја во развој има многу социјални проблеми и е меѓу 10. најсиромашни држави во Северна Америка.[10] Приходот во државата не е еднакво распореден меѓу населението и така скоро половина од населението живее во сиромаштија и државата има невработеност од 3.2%.

Што се однесува за странските инвестиции во Гветамала, приловот на пари од гватемалската емиграција се најголем странски приход.[11]

Население, јазик и вероисповед

Idiomasmap mk
Лингвистичка карта на Гватемала.

Според ЦИА, Гватемала има население од 12.728.111. Околу 40% од населението се мешани, односно луѓе од бело и староседелско население. 16% од населението на Гватемала е со бело потекло, воглавно од Европа или Азија, потоа следат Киче со 9.1%, Какчикелци со 8.4%, Мами со 7.9% и Кекчи со 6.3%. Околу 8.6% од населението се класифицирани како станати мајански народи, додека 0.2% не се Маи. Така, Гватемала има 40% староседелско население.[12]

Иако шпанскиот јазик е официјален јазик во државата, тој не е најмногу зборуван помеѓу староседелското население, ниту пак како втор јазик. Во Гватемала се зборуваат 21 мајански јазик и два немајански јазици односно шинкаски јазик и гарифуна јазик. Според гватемалскиот закон, шпанскиот е официјален јазик, додека останатите се национални јазици[13] Сепак шпанскиот како прв или втор јазик го зборуваат околу 93% од населението.

Околу 50 до 60% од населението се Католици, 40% се Протестанти и околу 1% се припадници на мајанска релгија.[14]

Култура

Chichicastenango-004
Гватемалки во традиционална облека.

Главниот град на државата е центар на голем број библиотеки и музеи, меѓу кои се и Нациналната архива, Националната библиотека и Музејот на археологија и етнологија кои имаат голем број на артефакти за Маите. Постојат исто така и приватни музеи кои воглавно се фокусираат на мајанската цивилизација. Скоро во секоја општина во државата има по еден музеј.

Наводи

  1. Banco de Guatemala 1996.
  2. Aguirre 1949, стр. 254.
  3. Instituto Nacional de Estadística 2014.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 International Monetary Fund 2013.
  5. United Nations 2011.
  6. „Biodiversity Hotspots-Mesoamerica-Overview“. Conservation International. конс. 2007-02-01.
  7. Guatemala QuestConnect.org. (accessed 1 февруари, 2010).
  8. Montserrat Gorina-Ysern. „OAS Mediates in Belize-Guatemala Border Dispute“. ASIL Insights. American Society of International Law. конс. 2007-04-29.
  9. Jorge Luján Muñoz, director general. (2005). Historia General de Guatemala. Guatemala: Asociación de Amigos del País. ISBN 84-88622-07-4.
  10. CIA - The World Factbook - Rank Order - GDP - per capita (PPP)
  11. CIA - The World Factbook - Guatemala
  12. „Guatemala“. World Factbook. CIA. конс. 2007-12-17.
  13. „Ley de Idiomas Nacionales, Decreto Número 19-2003“ (PDF) (Spanish). El Conreso de la Republica de Guatemala. конс. 2007-06-10.
  14. state department

Поврзано

Надворешни врски

.gt

.gt е главен Интернет домен за Гватемала. Со доменот управува Universidad del Valle de Guatemala.

Јашха

Јашха бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Вака

Вака бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Гватемала на Олимписките игри

Гватемала првпат настапила на Олимписките игри во 1952 г. и по 16 години пауза повторно започнала да учествува на сите игри.

Гватемала првпат и единствен пат настапила на Зимските олимписките игри во 1998 година. Гватемалските спортисти на Олимписките игри не освоиле ниту еден медал.

Националниот олимписки комиотет на Гватемала бил основан во 1947 година и бил признаен истата година.

Гумарках

Гумарках бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Закпетен

Закпетен бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Ишимче

Ишимче бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Ишкун

Ишкун бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Каминалхују

Каминалхују бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Накбе

Накбе бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Накум

Накум бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Наранхо (Гватемала)

Наранхо (Гватемала) бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Сеибал

Сеибал е мајански град, денес археолошки локалитет од мајанскиот класичен период. Локалитетот се наоѓа во департманот Петен во Гватемала. Тој бил најголем град во регионот Пасион.

Список на мајански археолошки наоѓалишта

Списокот на археолошки наоѓалишта на Маите овозможува преглед на познатите археолошки рушевини на стари мајански градови. Вклучени се населби, градови и светилишта. Царството на Маите се протегало на територијата на следните денешни држави:

Мексико

Белизе

Гватемала

Хондурас

Ел Салвадор

Тамариндито

Тамариндито бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Тајасал

Тајасал бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Топоште

Топоште бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Уашактун

Уашактун бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Чокола

Чокола бил стар мајански град, денес археолошки локалитет во Гватемала.

Држави и територии во Америка
Независни
држави
Зависни и
други територии

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.