Галиција

Галиција е автономна заедница во Шпанија. На север граничи со Атлантски Океан, на југ со Португалија, на исток со Астурија и Кастиља и Леон. Зафаќа површина од 29.574 км² и има 2,8 милиони жители. Главен град е Сантјаго де Компостела. Службен јазик покрај шпанскиот е и галицискиот, што некои го сметаат за дијалект на португалскиот поради нивната сличност.

Ведра

Ведра е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 53 km², и население од 5031 жители (2001).

Кабанас, Галиција

Кабанас е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 30.2 km2, и население од 3,368 жители (2004) и густина на население од 111.52 /km2.

Камбре

Камбре е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 41 km2, и население од 22,012 жители (2004) и густина на население од 536.88 /km2. .

Куртис, Галиција

Куртис е општина во Шпанија, во покраината А Коруња во автономската заедница Галиција.

Ла Коруња

Ла Коруња (шпански: La Coruña) или А Коруња (галициски: A Coruña) — град во северозападна Шпанија, административен центар на покраината Ла Коруња, во автономната заедница Галиција. Градот се наоѓа на брегот на Атланскиот Океан. Ла Коруња е вториот најголем град во Галиција. Градот бил престолнина на Галиција за да се премести во средниот век во Сантјаго де Компостела.

Градот зафаќа површина од 36,8 км² и население од 243.349 (2006). Градот бил населен уште од најрани времиња. Во времето на Римјаните бил изграден светилникот односно Хераклевата кула. За прв пат во шпаско време градот се споменува во XIII век.

Лахе, Галиција

Лахе е општина во Шпанија, во покраината А Коруња во автономната заедница Галиција.

Мусос, А Коруња

Мусос е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 73 km², и население од 10156 жители (2004).

Негреира

Негреира е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 115.10 km km², и население од 6,453 жители (2004).

Неда (Галиција)

Неда е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 23.89 km², и население од 5,804 жители (2004) и густина на население од 242.95 km2.

Ордес

Ордес е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 157.23 km², и население од 12.757 жители (2004) и густина на население од 81,14 km2.

Падрон

Падрон е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 48.37 km² , и население од 9,070 жители (2004) и густина на население од 186.69 km².

Покраини во Шпанија

Шпанија и нејзините автономни заедници се делат на 50 покраини, чии граници (со мали измени) датираат од преподелбата на Шпанија во 1833 г. Единствената крупна промена оттогаш наваму е поделбата на Канарските Острови на две покраини.

Важноста на покраините се има значајно намалено со усвојувањето на автомните заедници при демократизацијата на Шпанија. Денес тие играат улога на изборни области и географски одредници, на пр. за поштенски и повикувачки броеви. Помалите места се наведуваат по покраината наместо по автономната заедница. Автономните заедници се создадени врз основа на покраините, апа затоа нема покраини што припаѓаат на повеќе од една автономна заедница.

Највеќето покраини го носат името на најважниот град во нив. Исклучок од ова се Алава, Астурија, Бискаја, Кантабрија, Гипускоа, Балеарските Острови, Риоха и Навара. Само два главни града на автономните заедници не се воедно главни на својата покраина: Мерида во Екстремадура и Сантјаго де Компостела во Галиција. Седум автономни заедници опфаќаат повеќе од една покраина: Астурија, Балеарските Острови, Кантабрија, Риоха, Мадрид, Мурсија и Навара. Овие понекогаш се нарекуваат „непокраински“ заедници.

Португалски јазик

Португалскиот јазик ( português ) е романски јазик од индоевропската фамилија. Потекнува од областа Галиција (во Шпанија и северна Португалија). Тој е официјален јазик на Ангола, Бразил, Гвинеја-Бисао, Зелено'ртските Острови, Мозамбик, Португалија и Сао Томе и Принсипе, а е коофицијален со кинескиот јазик во Макао (Кина) и Тетум во Источен Тимор.

Португалскиот јазик често се нарекува „јазикот на Камоеш“, по авторот на португалската национална епска поема Лузитанци; потоа „последниот цвет на Латинум“ (од Олаво Билак) и „слаткиот јазик“ од страна на Мигел де Сервантес.

Португалскиот јазик се зборува и во Андора, Луксембург, Намибија и Парагвај.

Сада, Галиција

Сада е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 27.68 km² , и население од 12,867 жители (2004) и густина на население од 464.85 km².

Санта Комба, Галиција

Санта Комба е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 203.70 km² , и население од 10,487 жители (2004) и густина на население од 51.5 km².

Сантјаго де Компостела

Сантјаго де Компостела (шпански: Santiago de Compostela) — главен град на автономната покраина Галиција во Шпанија. Се наоѓа во северозападна Шпанија, во покраината А Коруња. УНЕСКО во 1985 година, стариот дел од градот го вклулчил во списокот на светско наследство. Во 2000 година градот бил прогласен за град на културата. Градот е седиште на галициската автономна влада. Овде се наоѓа еден од најстарите универзитети во Европа и светот, Универзитет Сантјаго де Компостела.

Во градот се наоѓа истоимената катедрала која е посветена на Апостол Јаков, како последната станица од т.н. Пат кон Сантјаго, којшто започнува од Јужна Франција. Според легендата, Свети апостол Јаков на Пиринејскиот Полуостров го “донел“ христијанството. Во 44 година апостолот бил обезглавен во Ерусалим. Неговите останки подоцна биле донесени во Галиција, Шпанија. По римските прогони на христијаните, неговиот гроб бил напуштен во 3 век. Според легендата, неговиот гроб бил откриен во 814 година. Епископот Теодемир видел чудо над неговиот гроб и веднаш го известил Алфонсо II од Астурија (791-842). Кралот веднаш наредил да се изгради капела на местото на гробот. Во 829 година била изградена првата црква, како и во 899. Кралот Алфонсо бил првиот аџија кој го поминал т.н. Пат до Сантјаго. Во текот на 997 година, црквата била целосно опожарена и уништена од страна на Ал-Мансур Ибн Аби Амир (938-1002), командант на војската на Кордопскиот калифат.

Собрадо, Галиција

Собрадо е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 120.64 km², население од 2,168 жители (2004). Регионот е најпознат по истоимената опатија.

Токес

Токес е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 78 km², и население од 1580 жители (2004).

Фрадес, Галиција

Фрадес е општина во Шпанија, во покраината А Коруња во автономната заедница Галиција.

Автономни заедници
Автономни градови
Суверени територии

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.