Газа (град)

Газа (غزة) е најголемиот град во појасот Газа, кој е дел од палестинските територии. Тој се наоѓа на брегот на Медитеранот и има население од околу 515.000. Голем дел од населението се состои од палестинските бегалци. Градот има долга историја која датира од 2000 година п.н.е. Во градот има голем број на важни објекти од кои се издвојува џамијата Ал Омари од 12 век, и црквата Свети Порфириј од 4 век.

Тука се наоѓаат поголем број на археолошки локалитети од една долга историја. Меѓу нив се остатоците од манастирот на Свети Иларион, која се простира на површина од два хектари, а беа откриени во 1999 година.

Види уште

Надворешни врски

Правопис на географски и топографски поими во македонскиот јазик

Како дел од правописот на македонскиот јазик е вметнат и правописот на топографки и географски поими, изведени зборови од истите и нивен изговор. Во продолжение следува правописот на истите тие именки и придавки, како од светот така и од Македонија.

Формирањето на придавките изведени од именки, најчесто се формираат според одредени принципи, односно со додавање на соодветни наставки во зависност од фонетичката вредност на именката. Деноними од машки и среден род најчесто се формираат со додавање на наставката -ец на коренот на зборот. За деноними од женски род најчесто се додава наставка -ка. Придавки изведени од именки најчесто се формираат со додавање на наставка -ски. Покрај овие три наставки се сретнуваат и останати наставки кои се додаваат во зависност од фентичката вредност на зборот/ именката. Така на пример, ако именката завршува на т и се додава наставка на ј тогаш се пишува како ќ (сплиќанец) или ако коренот на именката завршува на д и се додаде наставка на ј се пишува ѓ (Руанѓанец).

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.