Википедија

Википедија (од анг. Wikipedia) — семрежна енциклопедија со слободна содржина отворена за читање и менување. Таа има изданија на преку различни јазици спонзорирани од страна на непрофитната Фондација Викимедија. Информациите поврзани со традиционални енциклопедиски теми стојат напоредно со теми од алманаси, газети и актуелни настани. Целта на Википедија е да создаде „свет во којшто секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“ Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Мрежата, примајќи околу 50 милиони погодоци на ден.

Името е кованица од хавајскиот збор „вики“ (wiki), што значи „брзо“, а бил присвоен да опише еден вид на соработен програм и зборот „енциклопедија“.

Икона на Википедија Википедија
Лого на Википедија
URL http://www.wikipedia.org/
Комерцијална?Не
Тип на место семрежен енциклопедиски проект
РегистрацијаОпционална
Достапни јазици:Мулти-лингвална (171 активно издание)
Сопственик Викимедија фондација
Создавач Џими Велс и Лери Сангер

Некои изданија

Поврзано

Надворешни врски

Врски до содржина создадена под проект на Викимедија фондацијата
.ps

.ps — семрежен највисок државен домен официјално доделен на Палестинската Самоуправа.

Истиот е управуван од Агенција за семрежно именување на Палестинската Самоуправа.Регистрациите се обработуаат од сертифицирани регистратори.

Меѓународниот највисок домен за Палестина е .فلسطين, кој е претставен како .xn--ygbi2ammx во паникод.

MusicBrainz

MusicBrainz (изг. мјузикбрејнс) — отворена музичка база на податоци слична на проектот freedb, а основана како одговор на ограничувањата наметнати врз CDDB. Меѓутоа, MusicBrainz не собира само метаподатоци з компактни дискови, туку претставува структурирана бааза за музиката воопшто.Базата чува информации за музичарите, нивните снимени дела и односот помеѓу нив. Минималната содржина на секој запис снимено дело опфаќа наслов на албумот, насловите на нумерите и времетраењето на секоја нумера. Записите ги пишуваат и одржуваат доброволни уредници, кои ги следат пишаните правила за стилот на заедницата. Во записите може да стои и земја и година/датум на издавање, назнака на ЦД-то, омотот, акустички отпечаток, прибелешки во слободен текстуален облик, како и други метаподатоци. На 6 февруари 2014 г., MusicBrainz содржел информации за околу 850.000 музичари, 1,3 милиони издадени дела и 13,5 милиони снимки.Крајните корисници може да бидат програми што се поврзуваат со MusicBrainz за да додаваат метаподаточни ознаки во нивните дигитални снимки во облик на MP3, Ogg Vorbis или AAC.

OCLC

OCLC (анг. Online Computer Library Center = „семрежен сметачки библиотечен центар“) — непрофитна членска сметачка библиотечна служба и истражна организација посветена на јавните цели што опфаќаат подобрување на пристапот до информациите во светот и намалување на трошоците за информирање. Основана е во 1967 под името Ohio College Library Center. OCLC и библиотеките-членки во соработка ја градат и одржуваат WorldCat, најголемиот семрежен каталог (OPAC) на светот.

АГ2Р-Ла Мондијал

АГ2Р-Ла Мондијал (француски: Ag2r-La Mondiale; кратенка на екипата според UCI: ALM, порано АГ2Р Превојанс) — француска професионална велосипедска друмска екипа, која настапува во рамките на Светската турнеја. Нејзини спонзори се групата АГ2Р, француска осигурителна компанија и пензиски фонд и групата Ла Мондијал, француски меѓународен пензиски фонд и осигурување на недвижности.

Авторски права

Оваа статија се бави со Авторското право и неговата материја според уставот и законите во Република Македонија. За авторското право во другите земји погледнете ги другите јазични верзии на Википедија.

Википедија на македонски јазик

Македонска Википедија — издание на Википедија, слободна и јавно достапна за уредување енциклопедија, на македонски јазик.

Викицитат

Викицитат (англиски: Wikiquote) е збратимен проект на Википедија кој го користи истиот МедиаВики софтвер. Целта на проектот е да собере што е можно повеќе цитати од познати личности, книги, како и поговрки и да даде детали за истите.

Оригинално, проектот е направен на англиски, но од јули 2004, додадени се и нови јазици.

Групама-ФДЖ

Групама-ФДЖ (кратенка на екипата според UCI: FDJ) — француска професионална велосипедска друмска екипа, именувана по нејзиниот спонзор, француската национална лотарија. Екипата е предводена од Марк Мадио, поранешен друмски велосипедист и поранешен победник на класикот Париз-Рубе. Екипата главно е составена од француски велосипедисти.

Декојнинк-Квик Степ

Квик-Степ Флорс (кратенка според UCI: QST) — белгиска професионална велосипедска друмска екипа, која настапува во Светската турнеја. Екипата е предводена од Патрик Лефевер, додека спортски директори на екипата се Давиде Брамати, Вилфрид Петерс, Рик ван Слике, Том Стелс, Брајан Холм и Јан Шафрат.

Државно биро за уметничкоисториска документација

Државно биро за уметничкоисториска документација (холандски: Rijksbureau voor Kunsthistorische Documentatie, RKD) — државна установа во Хаг, Холандија и најголем центар за историја на уметноста во светот. Прибира документација, архивска граѓа и книги за европската уметност од доцниот среден век, па сè до денес. Сите материјали отворено стојат на располагање на јавноста и голем дел од нив се дигитализирани и достапни на мрежното место на установата. Главна цел на бирото е да прибира, категоризира и става на располагање трудови и објави поврзани со уметноста, особено кога станува збор за холандските мајстори.

На базите на бирото, посетителите имаат увид во аривската евиденција за животите на многу уметници од минатото. Се држат околу 450.000 наслови, од кои 150.000 се каталози од лицитации. Има приближно. 3.000 списанија, од кои 600 излегуваат со нови броеви. Иако најголемиот дел од текстот е на холандски, стандардниот записен формат содржи вркса со библиотечни единици и слики од познати дела со наслови и на англиски.

Бирото раководи и со холандската верзија на Уметничко-архитектонски толковник (Art & Architecture Thesaurus), кој е поими за работење со информации од област ана уметноста и архитектурата, чија изворна англиска верзија е иницијатива на истражниот институт „Гети“ од Лос Анџелес.

Корејски календар

Традиционалниот Kорејски календар е лунисоларниот календар, како и традиционалните календари на другите источно-азиски земји. Датуми се пресметуваат од Корејскиот меридијан (135-ти меридијан исток во денешно време за Јужна Кореја), а празниците и фестивалите се базирани во корејската култура.

Меѓународна стандардна назнака за имиња

Меѓународна стандардна назнака на имиња, скрат. ISNI (од англиски: International Standard Name Identifier) — единствен број на создавачи на и учесници во медиумски содржини како книги, телевизиски емисии и статии во весници. Се состои од 16 цифри во четири блока.

Осмислен е од поткомисијата 9 на техничката комисија 46 при Меѓународната организација за стандардизација (ISO) како меѓународен стандард, а објавен во конечен облик на 15 март 2012 г.

ISNI се користи за уточнување и појаснување на имиња што се подложни на забуна и дава врски до податоците за тие имиња собрани и во употреба од сите гранки на медиумите.

Назнака за дигитални објекти

Назнака за дигитални објекти (DOI, од англиски: digital object identifier) е низа од знаци што служат за единствено препознавање на електронски документи и други објекти. Метаподатоците за објектот се складираат во прилог на DOI-називот и местото (да речеме URL) кајшто може да се најде објектот. DOI на документот е постојано, додека местото и другите податоци можат да се менуваат. Упатувањето на еден документ преку DOI provides постабилна врска отколку преку URL-адреса, бидејќи ако се промени URL-адресата, објектот и понатаму е може да се пронајде, а издавачот само треба да го поднови тој податок.Меѓутоа, за разлика од URL-адресите, системот DOI не е отворен за секого. Право на негово користење имаат само организации кои ги задоволуваат договорните барања и сакаат да платат за да можат да доделуваат DOI-назнаки. Системот DOI се применува преку сојуз од регистарски агенции чиишто активности ги усогласува Меѓународната задолжбина за DOI (International DOI Foundation), која е творец на системот и раководи со него. Системот DOI наоѓа прназивна во низа издавачки активности од 2000 г. Наваму. До крајот на 2009 г. издадени се околу 43 милиони DOI-називи од страна на 4.000 организации.

Национална библиотека на Франција

Национална библиотека на Франција (француски: Bibliothèque nationale de France или BnF) — главна државна библиотека на Франција сместена во Париз. Има улога на депозитна библиотека за сите дела издадени во земјата.

Ризница (Викимедија)

Ризница (или Викимедиина ризница; англиски: Wikimedia Commons) е складиште на слободни слики, звуци, видеоснимки и други мултимедијални податотеки. Таа е проект на Фондацијата Викимедија, а податотеките што се подигнати на Ризницата може да се користат од сите проекти на Викимедија на сите јазици, односно Википедија, Викикниги, Викиизвор и Викивести, или за преземање и користење на друго место, бидејќи целата содржина е или во јавна сопственост или е издадена под слободни лиценци како ГНУ-овата лиценца за слободна документација.Во јануари 2008, Ризницата содржела повеќе од 2 милиони мултимедијални податотеки, додека на крајот од 2012 година 15 милиони.

Тим Инеос

Тим Инеос (кратенка според UCI: INS; во периодот 2010-2019 позната како Тим Скај) — британска професионална друмска велосипедска екипа, која настапува во Светската турнеја. Екипата има седиште во Манчестер, Англија, со логистичка база во Белгија и оперативна база во Италија. Екипата е предводена од поранешниот директор на британската велосипедска федерација, Дејв Брејлсфорд.

Целта на Тим Скај била „да победат на Тур де Франс за пет години“ откако ги исполниле првичните очекувања од 2010 година и целта „да го создадат првиот британски победник на Тур де Франс за пет години“. Скај ја постигнала првичната цел од 2010 во 2012 година кога Бредли Вигинс победил на Тур де Франс 2012, станувајќи првиот британски победник во историјата, додека сонародникот Крис Фрум завршил како второпласиран. Подоцна, Фрум победил на Тур де Франс 2013, така што ја постигнале целта на Тим Скај два пати, за време на првичниот одреден временски период.

Тинкоф

Тинкоф (кратенка на екипата според UCI: TTS) — поранешна руска професионална велосипедска друмска екипа. Настапува во Светската турнеја. Екипата е поседувана од Русинот Олег Тинков и од 1999 до март 2015 година била управувана од поранешниот победник на Тур де Франс Бјарне Рис. Спонзори на екипата е руската банка Тинкоф.Основана во 1998 година, како Тим хоум — Џек & Џонс, екипата започнала во втората лига на велосипедизмот. Во 2000 година била преместена во највисоката класа, сега позната како Светска турнеја. Од 2000 година, под различни спонзорски имиња (Мемори Кард-Џек & Џонс и ЦСЦ-Тискали), екипата возела на Тур де Франс. Има победи во генералниот пласман на сите три големи трки во велосипедизмот. На Тур де Франс 2008, Карлос Састре го освоил генералниот пласман, Анди Шлек го освоил пласманот за млад возач, а екипата го освоила екипниот пласман. Покрај тоа, екипата ги освоила повеќето големи класици.

Екипата била победник во екипниот пласман од 2005 до 2007 година во UCI ProTour и екипниот пласман во Светскиот ранкинг.

Фондација Викимедија

Фондацијата Викимедија (англиски: Wikimedia Foundation Inc.) е организацијата покровител на Википедија, Викиречник, Викицитат, Викикниги, Викиизвор, In Memoriam 9/11, Заедничка ризница, Викивидови, Викивести, и Nupedia (затворен проект). Фондацијата е непрофитна организација регистрирани по законите на Флорида, САД. Нејзиното постоење е официјално обзнането од страна на поранешниот извршен директор на Бомис и соосновач на Википедија Џими Велс на 20 јуни 2003 [1].

Локален огранок на Викимедија во Македонија е Викимедија Македонија.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.