Велигден

Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по Велики петок.

Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.

Велигденски јајца во традиционален амбиент с.Стенче горни Полог 2
Вапцани велигденски јајца во с. Стенче, Горни Полог
Voskresenie.jpg&filetimestamp=20060422222254&
Руска икона која го прикажува воскреснувањето на Христа

Место во православниот календар

Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот (цивилниот календар) или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според месечевиот календар кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар.

Велигден се празнува по еврејскиот празник Пасха (хеб. песах), во првата недела по полна месечина, која што е на самиот ден на пролетната рамнодневница или непосредно по неа. Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8 мај.

Во православието, подготвувањата започнуваат со Великите пости. По петтата недела (ден) од великите пости доаѓа Цветната недела, која завршува со Лазарова сабота. Овој ден го означува завршетокот на Великите пости, иако празникот продолжува и следната недела.

Потоа доаѓа празникот Цветна недела (Цветници), Светла седмица, и најпосле самиот Велигден, и постот прекинува веднаш по Божествената литургија. По велигден следи Томината недела, за време на која нема постење дури ни во среда и петок.

Велигденската служба започнува на полноќ (почеток на Велигденското утро)[1]. Со тоа што оваа служба е на полноќ, на истата ѝ е загарантирано дека ниедна литургија нема да дојде пред неа изутрината. Ова се должи на фактот што Велигден се смета за „празник над празниците“.

Обичаи

На велики Четврток се вапцуваат првите три јајца. Првото јајце е посветено на Бога, второто на домаќинот на куќата и третото за бериќет и среќа. Тогаш не смее да се вапсува други јајца. На велики Петок е строгиот пост. Правилниот пост е само да се пијат течности поточно вода,чај итн. На тој ден, Исус бил распнат. Христијаните во тоа време постеле од жалост. Бидејќи јадењето претставувало задоволство тие сметале дека не треба да јадат. На велика Сабота Исус веќе умрел. Тогаш, навечер се оди во црква и околу полноќ се кружи околу црквата, а потоа се кршат вапцаните јајца. Во неделата се мрси. На тој ден, Исус воскреснал.

Велигден како тема во уметноста

Галерија

Велигденска зелена салата

Велигденска зелена салата

Велигденска кошница

Велигденска кошница

Велигденска трпеза

Велигденска трпеза

Велигденски јајца од Македонија

Велигденски јајца од Македонија

Велигденски јајца со козињак

Велигденски јајца со козињак

Велигденски јајца

Велигденски јајца

Поврзано

Наводи

  1. Воскресение Христово (Велигден), preminportal.com.mk
  2. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 99-103.
  3. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 91.
Атанасиј Александриски

Атанасиј Александриски познат и како Свети Атанасиј Велики (грчки: Αθανάσιος) е христијански светец, Патријарх на Александрија во периодот од 328 до 373 година.

Атанасиј се родил во Александрија во 296 година. Од детство бил наклонет кон духовниот призив. Откако го завршил своето образованието, епископот Александар го прифатил како свое духовно чедо, и го поставил и за свој ѓакон и истиот го придружувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде биле разрешени редица на црковни проблеми, како определување на датата за славење на Велигден, дејствата против Мелетиј Ликополски и дејствијата против Ариј, во кој се ставил како водич против аријанството.

Атанасиј го напишал Симболот на Верата кој на соборот бил усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј бил избран за архиепископ на Александрија. Во архиепископскиот чин останал над четириесет години, иако не бил цело време на архиепископскиот престол. Во текот на своето делување, на неколку пати бил прогонуван од страна на римските императори како Констанциј, Јулијан и Валент, како и од архиепископит Евсевиј Никомидиски.

Во 326 година, кога починалепископот Александар, Атанасиј бил избран на неговото место. Непријателите на св. Атанасиј, аријаните, покренале обвиненија против него за наводно користољубие и грубости над клириците. Поради тоа бил свикан собор во Трир, кој независно од изложените докази во прилог на невиноста на архиепископот на Александрија – сепак, го осудил. Откако видел дека на тој начин нема да ја добие правдата, Свети Атанасиј се сретнал во Константинопол со императорот Константин Велики и му ја претставил вистината.

Императорт ги повикал учесниците на Трирскиот собор повторно да го разгледаат делото, но непријателите на св. Атанасиј успеале да го измамат императорот со нова клевета. Гледајќи дека не може да ги помири Атанасиј и неговите противници, а плашејќи се од бунт во Александрија, императорот решил да го жртвува нејзиниот архиепископ и да го испрати на заточение во Галија. Таму Атанасиј поминал две години. По смртта на Константин Велики, неговите наследници со указ го вратиле за епископ на Александрија. Тоа дало нов повод на непријателите на Атанасиј да го прогласат за незаконски епископ, веќе врз основа на тоа што бил вратен на катедрата од светската власт.

Од вкупно 47 години епископско служење, тој 15 години поминал во прогонство.

Уште во своите први дела: „Слово кон паганите” и „Слово за воплотувањето на Бог Слово и за Неговото јавување во плот меѓу нас”, била посочена главната тема на неговото богословие. Основни негови догматски дела се: „Четири слова против аријаните” (околу 356–359), посветени на потврдувањето на божественоста на Спасителот. Нему му го припишуваат и „Житието на св. Антониј“, како и многу трактати, коментари на Светото Писмо, книги со наравоучителен карактер и проповеди.

Во 373 година починал во Александрија на 76-годишна возраст. Црквата го чествува неговиот спомен на 2 мај и на 18 јануари (заедно со св. Кирил Александриски).

Белорусија

Белорусија (белоруски: Беларусь, руски: Белоруссия, Беларусь) или официјално Република Беларус (Рэспубліка Беларусь, Республика Беларусь), е независна држава во Источна Европа. Белорусија се граничи со Русија на североисток, со Украина на југ, со Полска на запад и со Литванија и Латвија на северозапад. Главен град на Белорусија е Минск, а официјални јазици во државата се белоруски и руски. Вкупната површина на Белорусија изнесува 207.600 километри квадратни каде живеат околу 9.503.807 жители според пописот од 2009 година. Над 40% од вкупната површина на земјата е прекриена со шуми, а најзначајни стопански гранки на земјата се земјоделството и производството.

Божиќ

Божиќ (Божик) или Рождество Христово — денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.

Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.

Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

Велигденски јајца

Велигденските јајца се обележје на големиот христијански празник Велигден. Јајцата се бојосуваат (вапцуваат) и се украсуваат во текот Велика недела (Страсна недела), најчесто на Велики четврток или Велики петок.

Во западните земји боењето на кокошкините јајца веќе застарува и се повеќе се користат јајца од чоколадо или пластични јајца се полнат со бонбони. Тие јајца обично се кријат; наводно нив ги крие Велигденскиот зајак и децата ги пронаоѓаат дури на Велигденското утро.

Бојосаните јајца обично се ставаат во кошница наполнета со слама така што наликува на птичјо гнездо.

Вознесение Христово

Вознесение Христово или Спасовден — христијански празник кој се слави 40 дена по Велигден. Во Новиот завет од Светото Писмо поточно во Светото евангелие според Марко опишано е и вознесението Христово: "А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога. Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го окрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!" Така Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале по храмовите.

Грегоријански календар

Грегоријанскиот календар е календар кој денеска се користи во Европа, поранешните европски колонии како и поголемиот дел од светот. Тој е модификација на jулијанскиот календар, и првпат бил предложен од неаполскиот доктор Алојзиј Лилиј, а бил прифатен со декрет на папата Григур XIII, по кого е и наречен.

Кога стапил на сила во 1582 година, биле избришани 10 дена од сончевата година. Така последен ден од јулијанскиот календар бил 4 октомври 1582, а прв ден од грегоријанскиот календар бил 15 октомври 1582 година.

Григориј V Цариградски

Григориј V Цариградски — Вселенски патријарх во три наврати од 1797 до 1798 година, од 1806 до 1808 и од 1818 до 1821 година. Тој имал голема улога во обновата на црквата „Свети Ѓорѓи“-Истабул, која била оштетена од пожар во 1738 година. Во периодот на избувнувањето на Грчката војна за независност, како етнарх на православниот Милет Григориј V бил обвинет од султанот Махмуд II за неспособност да го сузбие грчкото востание, иако ги осудил грчките востанички дејства за да ги заштити христијаните во Константинопол од репресалиите на турците. Угнетувањата започнале за време на светата недела во 1821 година, откако грчките побуненици постинале успех во борбите со отоманските војски на Пелопонез.

Тој бил изнесен од црквата „Свети Ѓорѓи“-Истабул на 22 април 1821 година, Велигден, веднаш по прославувањето на Велигденската литургија, и обесен (во патријахалната одежда) и висел два дена на портата на патријаршијата по наредба на султанот по што следел масакар на христијанското население во Константинопол.

Во негово сеќавање, портата на Св. Петар, во еден период главна порта на патријаршијата, била заварена во 1821 година и останала заварена до денес.

Исусово воскресение

Во системот на христијански верувања, Воскресението на Исус Христос е клучен настан, врз кој е изградена главнината на христијанската религија, обичаи и доктрина. Според Новиот завет, Исус воскреснал од мртвите на третиот ден по смртта. Имено, откако починал како последица на распнувањето на крст, бил погребан во една пештера, но неговите следбеници го нашле гробот празен третиот ден по закопот, а потоа им се укажал на многу луѓе во периодот од 40 дена по смртта, пред да се врати на небото.

Според евангелието, Исус воскреснал од мртвите третиот ден по распнувањето на крстот. Од смртта до воскресе нието поминале точно 33 часа. Во евангелието на Матеј се вели дека над Исусовата гробница се појавил ангел. Гробницата прва била посетена од страна на Марија Магдалена, која ја затекнала празна . Според Лука, имало два ангела , а според Марко пак, млад човек облечен во бело . Според евангелието на Марко, на денот на своето воскресение Исус најпрвин се јавил на Марија Магдалена. Според Јован пак, кога Марија Магдалена погледнала во празната гробница, еден од двата ангела ја запрашал зошто плаче, а кога таа се завртела кон нив, го препознала Исус кој го изговорил нејзиното име.Апостолите тврдат дека Исус во следните четириесет дена се појавувал пред различни луѓе насекаде. Се појавил и пред Апостол Павле, кој претходно бил голем противник на Исусовото дело. Пред да воскресне, Исус им рекол на своите ученици да проповедаат и меѓу нееврејското население.

Христијаните го прославуваат денот на воскресението, односно Велигден, како најголем верски празник.

Кожа (Врбен)

Кожа или Лесков Дол е археолошки локалитет во гостиварското село Врбен. Локалитетот претставува сакрален објект од средниот век. Се маоѓа на 2 km северозападно од патот за Маврови Анови, во северната зона на истоимениот рид над Мавровското Езеро, каде се гледаат грамади од кршен камен. Според традицијата, христијаните од целиот регион се собираат тука на првиот петок по Велигден.

МРТ Сат

МРТ Сат (MRT Sat, поранешно име: МКТВ Сат, MKTV Sat) односно Сателитска програма на Македонската телевизија е сателитскиот канал на Македонската радиотелевизија. Пуштена во етерот е на 30 април 2000 година точно на Велигден.

Македонски ора

Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и музичка традиција.

Зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора можат да се поделат во пет регионални групи: западни, југозападни, јужни, северни и источни.

Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите.

Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки, обично на сретсело, пред црквите, училиштата и куќите.

Папа Виктор I

Виктор I (латински: Victor); е римски папа од 189 до 199 година.

Роден бил во Северна Африка. Служил като ѓакон. По неговиот избор за папа Виктор I активно учестувуал во спорот за времето на празнување на Велигден. Во текот на 196 година во Рим огранизирал собор, на кој бил закрепен западниот обичај при празнувањето на Пасха - во неделата по Петесетница. Христијанските цркви во Мала Азија не го примиле овој нов услов на папата, за кои биле избркани од црквата.

Прв вселенски собор

Прв вселенски собор — црковен собор одржан во Никеја, Битинија (во денешна Турција) во 325 година и истиот бил свикан од страна на римскиот император Константин I. Од него произлегла првата унифицирана и општоприфатена христијанска доктирна. Со создавањето на Никејски Симбол на верата, преседан бил создаден според кој за прв пат во историјата на црквата бил даден модел преку кој во иднина требало да бидат создавани догми и канонски доктрини.

Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската црква околу природата на Исус Христос во однос на Неговата врска со Отецот, односно попрецизно – дали Исус Христос имал иста или слична природа на Бог Отецот. Свети Александар и Свети Атанасиј ја завзеле првата позиција (дека Господ Исус Христос има иста природа со Бог Отецот), додека Ариј (од кого се развива и подоцнежното Аријанство) се залагал за второто тврдење. На овој собор било поддржано првото тврдење со огормно мнозинство (од сите присутни, само двајца гласале во полза на на презвитер Ариј)). Другото решение кое било донесено на овој Вселеснки собор се однесувало на датумот на славењето на Велигден (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се одбележува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското хебрејско сметање на времето (квардодециманизам) и дал овластување на Александрискиот Архиепископ секоја година да го соопштува датумот на останатите архиепископи.

Првиот вселенски собор има и посебно историско значење затоа што претставува прв обид за донесување на одлуки преку консензус (католичански) на претставници на сите христијански верници, и оттука е првиот пример на техничка христологија.

Пролет

|-

|Пролет — едно од четирите умерени годишни времиња. Пролетта го означува преминот од зима во лето. Нејзините денови се долги околу 12 часа со растечка дневна должина, и настануваат некаде пред рамноденицата. Едногодишните растенија цветаат во пролетта. Во северната полутопка, празниците како Велигден и Ден на планетата Земја се случуваат во пролет, која трае од мај до јуни. Во јужната полутопка, празниците како Рош ашана и Јом кипур се случуваат во пролет, која трае од септември до декември. Исто така, сезоната на тропски циклони започнува за време на доцна пролет во двете полутопки, иако е поретка во северниот Атлантски Океан отколку во басените на другите океани.

Религија во Гана

Религијата во Гана има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Христијанството е најголема религија во Гана, со околу 71,2% од населението, кои се припадници на различни христијански деноминации според податоци од 2010 година на пописот во земјата.

Според пописот од 1960 година, 25% биле муслимани, 23% биле традиционалисти, 41% биле христијани, а остатокот (околу 9%) припаѓале на друга религија. Според истиот попис, 25% биле протестанти (Непентекости), 13% биле Римокатолици, 2% биле Пентекости и 1% припаѓале на независни африкански цркви.

Верската толеранција во Гана е на многу високо ниво. Христијанските празници Божиќ и Велигден се признати како национални празници.

Хрисотриклинос (Цариград)

Хрисотриклинос или во превод Златна приемна сала претставувала главната приемна и церемонијална сала во Големата палата во Цариград од нејзината изградба во 6 век до 10 век. Описот на палатата е познат главно од книжевни описи додека за изградбата на Дворската капела на Карло Велики во Ахен била инспирација од Хрисотриклинос.

Салата се смета дека била изградена во времето на Јустин II или неговиот наследник Тибериј II (578-582), но постојат извори дека овој објект постоел во времето на Јустинијан I. По византиското иконоборство објектот бил повторно обновен. и во 9 век претставувала главна церемонијална сала во палатата. Овде биле примени странските амбасадори, биле организирани банкети за посебни празници особено за Велигден.

Во времето кога била изградена Букелеон, Хрисотриклинос станала централен дел од новата палата. Кога по 11 век резиденцијата биле префрлена во Влахерна значењето на објектот се намалило. Латинските императори како резиденција ја користиле Букелеон. За последен пат Хрисотриклинос се споменува во 1308 година.

Христијани

Христијани е назив за големата група на припадници на христијанската религија. Заедничко за сите припадници на христијанството е верата во Исус Христос од каде и доаѓа зборот христијанин, но помеѓу христијаните постојат поделби во практицирањето и деталите во верувањата кои не ретко во историјата биле повод за крвави војни и погроми.

Христијанство

Христијанство — монотеистичка религија заснована врз животот, учењата и делата на Исус Христос, според раскажувањата во Новиот Завет.

Со 2,5 милијарди верници, христијанството е најраспространетата религија. По потеклото, таа е сродна со јудаизмот, со кој дели религиозни текстови и својата рана историја; поточно, заеднички за двете религии се Хебрејската Библија, која во христијански контекст е позната како Стар Завет (видете Јудо-христијански). Христијанството се смета за аврамска религија, заедно со јудаизмот и исламот.

Во светото христијанско писмо, поимот „христијански“, а така и „христијанство“ најпрвин се посведочило во Дела 11:26: „Цела година се среќавале во црквата и учеле многу луѓе. И кај Антиох учениците на Исус биле наречени христијани“ (Гр. χριστιανους, од Христос Гр. Χριστός, што значи „миропомазаниот“).

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.