Ведра

Ведра е општина во Шпанија која се наоѓа во Провинцијата Ла Коруња, во автономната покраина Галиција . Има површина од 53 km², и население од 5031 жители (2001).

Situacion Vedra
Локација на Ведра во Галиција .
Љубомир Белогаски

Љубомир Белогаски (15 април 1911 во Делчево — 15 февруари 1994 во Скопје) — истакнат македонски академски сликар и универзитетски професор. Белогаски е најпознат македонски акварелист, основоположник на македонската модерна уметност.Белогаски е еден од преставниците на првата генерација македонски современи сликари и основоположник на македонската современа уметност и врвен мајстор на акварелот.

Џовани Пјерлуиџи де Палестрина

Џовани Пјерлуиџи де Палестрина (3 февруари 1525 или 2 февруари 1526 – 2 февруари 1594) бил еден од најголемите уметници на 16 век. Најверојатно е роден во местото Палестрина, во близина на Рим. Како мал пеел во детскиот хор, а потоа својата пејачка кариера ја продолжил во црквата Санта Марија Маџоре. По кратко време, кое го поминал во Палестрина како оргулист и капелмајстор, тогаш почнал и да компонира. Во 1551 година, се вратил во Рим, каде што работел до крајот на животот во разни цркви и капели како пејач или диригент. Кога станал диригент на хорот во црквата Санта Марија Маџоре (1561) се случило најзначајното „спасување на полифонијата“. Кога ги слушнале овие композиции со јасно разбирлив текст, членовите на Тридентанскиот Конзул, биле воодушевени и решиле да не го забранат изведувањето на полифоните дела во црквата.

Компонирал исклучиво вокални полифони акапела дела со големо изразување на мистериозни расположенија и длабоки чувства, потресно прикажувајќи болка. Од фламанските композитори ја презел нивната полифонија и одлично ја совладал композиторската техника, постигнувајќи силно влијание во единството на контрапунктското и хармонското размислување.

Најизразити и најдлабоки примери на миси припаѓаат на неговото творештво. Нив ги обележал со спиритуалност. Неговите миси се различни по начинот на обработка на музичката материја како и составот за кои се компонирани (обично 4,5, или 6 гласови, а понекогаш и 8). Палестрина ги опфатил сите типови миси кои се јавиле во фламанската музика.

За неговиот начин на пишување, типични се мисите со полифоно-хомофон контраст.

Мисата „Assumpta est Maria“ е карактеристична за видот „миса пародија“. Неа ја компонирал по сопствен мотет со исто име, при што секоја фраза, па дури и збор, има и посебна формула. За папата Марчело извел миса, т.т. „Миса на папата Марчело“ по што бил наречен „спасител на црковната музика“. Во ова дело постигнал идеално единство меѓу музиката и текстот, природно воздивнување на еден распеан глас од полифониот комплекс, како и нова и неочекувана звучност.

Во овие две миси потемата „Вооружен човек“, со cantus firmus во продолжени нотни вредности, ја достигнал уметничката мајсторија, инвенција и ритмичка разновидност. Пишувал и мотети кои по карактер се лирски и носталгични, за 5, 6 и 8 гласови, кои изразуваат возбуда и евоцираат тага.

Форма на мотет имаат и 29 дела по Соломоновиот текст „Песна над песните“, сфатена во смисла на мистична форма на љубовта. Тие заземаат значајно место помеѓу духовната и световната музика, по карактер се лирски, свечени или поетични. Компонирани се за петгласен хор со претходно избран текст кој оформува мисловна целина.

Покрај миси и мотети, пишувал и мадригали со ведра мелодија, пожив ритам, врз основа од Петрарка. Претежно се со љубовна содржина и без премин од едно во друго расположение.

Асоцијација на тениските професионалци

Асоцијацијата на тениските професионалци или АТП е формирана во 1972 за да ги заштити интересите на машките професионални тенисери. Се до 1990, асоцијацијата ги организираше турнирите за мажи, АТП Тур, кој во јануари 2009 беше преименуван во АТП Светски Тур. Тоа е еволуција од поранешниот Светски Шампионат во Тенис. Извршното тело на АТП се наоѓа во Лондон. АТП Америка е стационирано во Понто Ведра, Флорида, САД; АТП Европа се наоѓа во Монако; а АТП Интенационал, кое ги покрива Африка, Азија и Австралија се наоѓа во Сиднеј.

Организација за женските професионални тенисерки се вика Женска Тениска Организација.

Битуше

Битуше — село во Општина Маврово-Ростуше, во областа Долна Река.

Глас (фонетика)

Во рамките на фонетиката, глас (наречен и фон) значи:

говорен звук или гест кој се смета за физичка појава без разлика на неговото место во фонологијата на еден јазик

говорен сегмент со карактеристични физички или восприемни својства

најосновна единица изнесена по пат на фонетска говорна анализаФонетската симболика се запишува во [квадратни] загради.

Есма Реџепова

Есма Реџепова (ромски: Esma Rejepova; Скопје, 8 август 1943 - Скопје, 11 декември 2016) — позната македонска пејачка и хуманитарка. Нарекувана е Кралица на Ромската музика во светски рамки. Во 2013 г. ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

Историја на балетот

Балетот е конкретна форма на танц, со свои зачетоци во Италијанските кралски дворови во периодот на Ренесансата во 15 и 16 век. Брзо се проширил во француските дворови на Катерина де’Медичи каде бил распространет понатаму. Во доцните години на 17 век Луј 14 ја основал Кралската Академија за музика (Париската Опера) од која произлегува првата професионална театрална балетска дружина Париската Опера и Балет . Доминантноста на францускиот јазик во балетскиот речник ја одразува неговата историја.

Театралниот балет наскоро постанува независна уметничка форма , која иако сеуште ја одржуваше блиската поврзаност со операта, и се распространуваше од срцето на Европа до другите земји и нации.

Кралскиот Дански Балет и Кралскиот Балет на Руската Империја беа основани во 1740 година и започнаа да се развиваат посебно после 1850 година. Во 1907 година Рускиот балет се враќа назад на сцената во франција , каде Рускиот балет на Сергеј Диагиљев и неговите следбеници биле особено влијателни. Наскоро балетот започнал да се проширува околу светот со формирање на нови балетски дружини, вклучувајќи ги Кралскиот балет на Лондон (1931), Балетот на Сан Франциско (1933), Американскиот Театар и Балет (1937), Австралијанскиот Балет (1940), Балетот на Њу Јорк (1948), Националниот Балет на Канада (1951), и Балетот на Делхи (2002).

Во 20 век стиловите на балетот продолжуваат да се развиваат и силно да влијаат , посебно концертниот танц , на пример во САД кореографот Џорџ Баланшин го развил она што нам денес ни е познато како неокласичен балет , додека подознежните развивања вклучуваат современ балет и пост-структурален балет, кој на пример може да се воочи во делата на Вилијам Форсајт во Германија.

Етимологијата на зборот ’балет ’ ја одразува неговата историја. Зборот балет доаѓа од францускиот и потоа е позајмен од англискиот околу 17 век. Францускиот назив ги има своите корени од италијанскиот ’balleto’ , деминутив од ’ ballo’ (танц). Најпосле ’ballet’ се надоврзува на италијанскиот ’ballare’ што значи ’танцување’.

Потекло :

Ренесанса - Италија и Франција

Балетот потекнува од дворците на Ренесансата како последица на помпезноста на дворците во Италија , каде аристократските венчавки биле луксузни прослави . Дворските музичари и танчери соработувале за да подготват целосна забава за нив.

Балетот на Ренесансата ни приближно не личи на формална театрална разонода која и е позната на публиката денес. Тутус (костимот за балерините), балетанките и ’pointe work -on the tip’ односно стоење на прсти се уште не се користеле .Кореографијата се прилагодувала на танцувачките чекори од дворците. Изведувачите се облекувале со модата која била во тек . За жените тоа значело формални фустани кои ги покривале нивните нозе до зглобовите. Раниот балет бил партиципен, односно на крајот и публиката земала учество во танцот .

Доменико да Пиаченца (1400-1470) бил еден од првите мајстори за танцување . Заедно со своите студенти Антонио Корнацано и Гуглиелмо Ебрео , тој бил квалификуван за танцување и одоговорен за учење на благородниците за уметноста .

Да Пиаченца оставил една работа : ‘De arte soltandi et choreus ducendi’ (On the art of dancing and conducting dances) т.е. ’Уметноста на танцувањето и диригирањето танц’ – која била спроведена од неговите ученици.

Во 1489 година Галеацо , војвода од Милано се оженил со Изабела од Арагон во Тортона. За прославата бил приреден усовршен танц за разонода од италијанскиот веле мајстор Бергонзио ди Бота. Танцувањата биле споени со минимални раскази што се однесува на Џејсон и Аргонаутс и секој одговарал на различна насока во склад со вечерата.

Тристано Калко од Милано пишувал за настанот, кој бил гледан како настан кој е многу импресивен и дека се бројат на прсти таквите настани кои се организираат насекаде во светот.

Понатаму балетот е обликуван од Францускиот ’balet de cour’ , кој се состоел од неформални танци изведувани од благородништвото во тандем со музика , говор, поезија, песни, свечени приредби, декорации и костими.

Кога Катерина де’ Медичи италијанска аристократка со интерес за уметноста се омажила за францускиот престолонаследник Хенри II , го донела свој ентузијазам за танцување во Франција обезбедила и финансиска подршка . Гламурозните претстави на Катерин ги подржувале целите на политиката на дворецот и вообичаено се базирале на митолошки теми. Првата ‘ballet de courwas’ Балетската комедија на кралицата (1581) , која била кореографирана и режирана од Балтазар де Божоел . Била овластена од кралицата Луиза од Лорејн во согласност со кралот Хенри III син на Катерин , за да се прослави бракот на миленикот на Хенри , војводата Де Жоаје со Маргерита де Лорејн, сестрата на кралицата Луиза. Балетот траел повеќе од пет часа и бил изведен од 24 танчери : 12 балерини и 12 балетани.

Во истата година , со издавањето на техничкиот речник за дворско танцување (II Ballarino) на Фабрицио Карозо , и двете и изведбата и неформалноста помогнале Италија да се признае како центар за развивањето на техничкиот балет.

17 век Франција и дворското танцување

Балетот се развил како изведба – фокусирана уметничка форма во Франција за време на владеењето на кралот Луј 14 кој бил страсно го сакал танцувањето. Пјер Бошамп , човекот кој ги кодифицирал петте позиции на стапалата и рацете , бил личниот професор за танц на кралот како и омилен партнер за ’ballet de cour’ во 1650 – те години . Во 1661 година Луј 14 , кој бил решен да го смени во обратна насока намалувањето на стандардите на танцот кое почнало во 17 век , ја оформил Кралската Академија за Танц. Бошамп бил означен за ‘Intendant des ballets’ и во 1680 година тој станал директор на академијата за танц, позиција која ја имал до 1687 година.

Жан Батиста Лили е италијански виолинист, танчер, корепграф и композитор кој му се приклучил на дворецот на Луј 14 во 1652 година каде општо гледано одиграл значајна улога во втемелувањето на правецот на балетот кое ќе продолжи и во следниот век.

Подржуван и обожаван од кралот Луј 14, Жан Батиста Лили често му доделувал улога на кралот во неговите балетски претстави. Насловот на „Кралот на сонцето“ за француската монархија произлегува од улогата на Луј 14 во „lylly’s ballet de la Nuit “ (1653). Четиринаесетгодишниот Луј 14 одиграл 5 улоги во овој дванаесетчасовен балет . Главниот придонес на Лили во балетот се неговите објавени композиции. Неговото разбирање на движењата и танцот му дозволиле да композира посебно за балетот, со музички формулации кои ги надополнуваат физичките движења. Лили истотака соработувал и со францускиот писател Молиер. Заедно тие заземале еден италијански театарски стил , комедија на уметноста (comedie dell’ arte) и ја адаптирале на нивните претстави за француската публика , создавајќи ја комедијата на балетот (comedie- ballet) . Помеѓу нивните најзначајни изведби, со Бошамп како кореограф е „La Bourgeous Gentillhomme” (1670) .

Во 1669 година Луј 14 кој се повлекол од танцувањето како танчер , ја формирал Академијата за Опера со Пјер Перин како режисер. Бошамп бил првиот веле мајстор за танцување на Операта и ги креирал танцовите за правта изведба на новата балетска дружина „Помона“ со музика од Роберт Камберт. Подоцна откако Перин банкротирал , кралот ја преименувал Операта како „Кралска академија за музика“ и го поставил Лили за одоговорен. Бошамп бил еден од главните кореографи. Бо оваа положба Лили, со новиот автор на либрето Филипе Кинот, создал нов жанр, трагедија во музиката (the tragedie en musique) , од која секој чин промовирал реклама која била минијатурна балетска сцена. Во речиси сите важни дела Жан Батиста Лили ги споил заедно музиката и драмата со италијанските и француските танцувачки елементи. Неговата работа создала наследство кое понатаму ќе ја дефинира иднината на балетот.

Популарност низ Европа

На некој начин француските дворци биле главен извор на модерната култура за многу други кралски дворци во Европа. Стиловите на разонода биле имитирани, вклучувајќи ги и кралските балети. Дворците во Шпанија, Португалија, Полска , Германија и насекаде станале публика и учесници во балетите. Во однос на Франција, Италија станала важно влијание врз уметничката форма , претежно Венеција.

Професионални балетски групи започнале да се организираат и да патуваат низ Европа , изведувајќи за аристократската публика. Во Полска , кралот Ладислаус (1633-1648) бил домаќин на изведби од Италијанската опера кои вклучувале балетски изведби во некои сцени. Познати европски балетски веле мајстори кои работеле за Полскиот дворец се : Луис де Поитерс, Чарлс Дупарк, Жан Фавиер, Антоин Питрот, Антонио Сако и Франческо Касели.

Франција и развитокот како уметничка форма

18 век бил период на напредок на техничките стандарди на балетот и период кога балетот станал сериозна драматична уметничка форма во сооднос на операта. Воглавно со овој напредок била и значајната книга на Жан-Џорџес Новер, „Letres sur la danse et les ballets” (1760), која се фокусира на развивањето на ballet d’action, во која движењата на танчерите се создадени за да го изразат карактерот и помагаат во нарацијата (раскажувањето). Во овој период , жените како танчери имале споредни улоги, пренатрупани со обрачи, корсети, перики и високи потпетици.

Реформите во балетските композиции биле направени од композиторите како што е Кристоф Глук. Најпосле балетот бил поделен на три формлни техники : serieux, demi-caractere и comique. Истотака балетот започнал да се појавува во оперите како музичко интермецо како разонода заради забавување на публиката.

Надвор од Франција

Венеција продолжила да биде центар на танцувањето во Европа, посебноза време на Венецијанскиот Карневал кога танчери и посетители од целиот свет доаѓале во градот поради куктурна и ведра промена. Градскиот театар „Teatro San Benedetto” станал главна знаменитост главно заради тамошните балетски изведби.

Италијанските балетски техники продолжиле да имаат доминантно влијание во поголемиот дел на јужна и источна Европа се додека не биле заменети од руските техники во раните години на 20 век.

Балетските изведби се рашириле во источна Европа во текот на 18 век , во области како Унгарија , каде се изведувале во приватни театри во аристократските дворци .

Биле основани професионални балетски дружини кои настапувале во Унгарија и наоколу. Националниот театар на Будимпешта се повеќе и повеќе им нудел дом на овие танчери. Некои од позначајните танчери кои изведувале и настапувале низ Европа се : Луис Дупре, Чарлс Ле Пик со Ана Бинети, Гаетано Вестриси Жан - Џорџес Новер.

19 Век

Балерината станала најпопуларен танчерски изведувач во Европа во првата половина на 19 век, постепено тргајќи го машкиот балетан од центарот на вниманието. Во многу изведби балетските херои биле одиграни од жени, на пример како “Главно момче“ во новогодишната детска претстава. Професионализмот на балетските дружини станал фокус за нова генерација на балетски учители и танчери.

Виена била важен извор на влијателни балетски инструктори. Првиот инструктор по балет во Националниот Театар во Будимпешта и Кралската Опера бил Ф. Кампили кој бил роден во Виена , а работел 40 години во Будимпешта.

19 век бил период на големи општествени промени , кои биле забележани во балетот со пренасочување од аристократските чувствителности кои доминирале во раните периоди преку романтичниот балет.

Балерините како Женовев Жоселин, Мари Таглиони, и Фани Елсер експериментирале со нови техники како “pointework” – стоење на прсти , кое на балерината и дава значење како идеална фигура за изведба.

Инструкторите како Карло Блазис ги кодифицирале основните форми на балетските техники кои се користат и денес. Балетанките “boxed toe shoes” биле создадени за да се изведе стоењето на прсти.

Романтичарското движење :

Романтичарското движење во уметноста , литературата, и театарот е реакција против формалните притисоци и процедури од индустријализацијата.

Кореографите од духот на епохата композирале романтични балети чија светлина , ноншалантност и слобода ќе биде контраст наспроти ширењето на деградирачката наука преку многу аспекти од секојдневниот живот, во зборовите на По е кажано како да ги донеле самовилите од шумите (кои живеат исто колку и дрвата во шумата, бидејќи нивниот дух бил во дрвото).

Овие нереални балети ја отсликуваат жената како кршливо неземско битие, т.е. како нестварни суштества кои можат да бидат кренати лесно и да изгледаат како речиси да лебдат во воздухот.

Балерините започнале да носат костими со пастелни, лелеави здолништа кои им ги покривале колената. Приказните откривале несекојдневни , фолклорни карактери. Како пример за еден таков романтичен балет е „Сулфида“ една од најстарите романтични балети до ден денес.

Еден од напорите на романтичарското движење е ново истражување на фолклорот и традиционалната етничка култура. Ова влијание било видено во изведувањето на европските фолклорни танцови и во западните интерпретации од Африка, Азија и луѓето од средниот исток на европската сцена . Во балетите од овој период , не-европските карактери најчесто биле претставени како негативци или како смешни ликови за да се вклопат со ориенталното западно разбирање на светот.

Националната Опера од Украина , го основала својот театар за изведба на уметности со своја сопствена оперска дружина во Киев во 1867 година. Истотака , биле вклучени и ангажмани на мали балетски групи, кои бо главно танцувале на фолклорен начин за време на оперските изведби. Во 1893 година оваа мала група прераснала во доволно голема група за подготвка на долги балети. Фолклорните танцувања и балетите со украинска приказна биле меѓу најраните изведби.

Повеќето важни европски професионални балетски дружини кои постојат и ден денес биле основани во новите театри на главните градови во Европа во текот на средно-доцниот 19-ти век, вклучувајќи ги : „Балетот на Киев“, „Унгарскиот национален балет“, „Националниот театар и балет на Прага“ и „Државниот балет на Виена“(кој претходно бил познат како „Државна опера и балет на Виена“ ).

Најчесто во овие театри биле изведени долги опери, драми и балетски дружини по еден ист покрив. Композиторите , драматурзите и кореографите тогаш биле способни да создаваат дела кои ја имале можноста да бидат изведени од овие изведувачки групи.

Русија

Додека Франција имала важна улога во раниот балет, останатите земји и култури се прилагодиле на уметничката форма, особено Русија. Русија има призната традиција во балетот , а руските балетани/балерини имаат големо влијание во нивната земја низ историјата.

По 1850 година, балетот започнал да венее во Париз , но затоа пак цутел во Данска и Русија благодарение на инструкторите како Август Борнвил, Жил Перот, Артур Сан-Леон, енрико Цечети и Мариус Петипа. Во доцните години на 19-ти век , ориентализмот бил во мода. Колонијализмот донел сознание за азиската и африканската култура, но изобличено со дезинформираност и фанатазија. Истокот често бил сфатен како далечно место каде се е можно, доколку е луксузно, егзотично и неморално.

Петипа соодветствувал на популарниот вкус со „Ќерката на фараонот“ (1862), и подоцна со „Талисман“(1889) и со „Бајадера“ со (1877). Петипа е најпознат преку неговите соработки со Чајковски. Тој ја користел неговата музика во неговите кореографии на “Кршач на ореви“(1892), „Заспаната Убавица“ (1890) , и дефинитивната преродба на „Лебедово Езеро“(1895 г. Со Лев Иванов) - сепак ова е недовршена дебата помеѓу историчарите и ден денес.Сите овие дела се преземени од Европскиот фолклор.

Класичното ’туту’ т.е. костимот за женските балерини кој нам ми е познат започнал да се носи во овој период. Се состоел од кратко, круто здолниште, поткрепено со слоеви од кринолина и тул кои го откривале односно го покажувале акробатското движење на ногата во комбинација со нараквици кои служеле да се зачува скромноста.

Балетот го достигнува ’Новиот свет’

Балетските дружини од Европа започанале прфитабилни турнеи бо театрите во Северна, Централна и јужна Америка во текот на 19-ти век.

Пресрижниот „Колонски театар“ од Буенос Ариес, Аргентина угостувал странски балетски артисти на неговата сцена, со европските театри на турнеја изложувал целосни балети уште од 1867 година. До 1880 година „Колонскиот театар“ веќе имал своја професионална балетска дружина. Меѓутоа , требало да поминат неколку декади додека сите земји надвор од Европа да оформат свои сопствени балетски дружини.

20 век и модернизамот

Русија и руските балети

Сергеј Диагиљев го вратил балетот на Париската сцена, кога ја основал неговата балетска дружина , „Ballets Russes” – „Руски балети “. Била составена од танчери од руските протерани заедници во Парис после револуцијата. Диагиљев е композитирот Игор Стравински си споиле нивните таленти за да го вратат Рускиот фолклор на сцената преку изведбите на „Запалената птица“ и „Петрушка“. Најконтраверзната работа на рускиот балет е „Пролетни обреди“, со кореографија на Нижински. Модерната музика во балетот и темите од човечкото жртвување ја шокирале публиката до тој степен што тие биле вознемирени.

После ’златната доба’ на Петипа, Мишел Фокин ја започнал новата кариера на Санкт Петерсбург, но се преселил во Париз каде работел со Диагиљев и руските балетани. Рускиот балет продолжил да се развива под покровителство на Советот. После револуцијата останале малку таленти во земјата, но сепка биле доволни за да се создаде нова генерација. После стагнацијата во 20-те години , во средината на 30-те години на сцената се појавила таа нова генерација на танчери и кореографи.

Техничката перфекција и прецизност на танцот кој бил промовиран од Агрипина Ваганова, која била учена од Петипа и Цечети, ја водела „Балетската академија Ваганова“, школата која подготвувала танчери за „Кировскиот балет “ во Санкт Петерсбург /Ленинград.

Балетот бил популарен кај публиката. Двете балетски дружини од Русија: во Москва (Болшои) и во Санкт Петерсбург (Киров балет) биле активни. Идеологичниот притисок го форсирал создавањето на многу социјално-реалистични дела , од кои повеќето малку ја импресионирале публиката и подоцна биле тргнати од репертоарите и на двете балетски дружини. Меѓутоа, некои дела од тој период биле мошне значајни.

„Ромео и Јулија“ од Прокофјев и Лавровски е ремек дело. Додека ги прикажувале сите неправди од социјално-реалистичаната уметност, преку „Пламењата на Париз“, се воведила употребата на ’corps de ballet’ во претставите кој барал зачудувачка виртуозност.

Балетската верзија на поемата на Пушкин, „Фонтаната на Бакширај“ со музика на Борис Асафиев и кореографија на Ростислав Закаров истотака била хит. Добро познатиот балет „Пепелашка“, за кој музиката ја направил Прокофјев, истотака е дело на Советскиот балет. За време на советската доба овие дела биле најпознати надвор од Советскиот сојуз, а подоцна и надвор од Источниот Блок. Меѓутоа, по распаѓањето на Советкиот Сојуз тие добиле уште поголемо признание .

На пример, премиерата на „Фонатаната на Бакширај“ од Кировскиот балет во Њу Јорк во 1999 година во Западна Америка била огромен успех. Советската доба на рускиот балет влијаела врз техниката, виртуозноста и силината. Најчесто барала сила над нормата на современите западни танчери. Кога би се вратила снимката , човек може само да се восхитува на нивните прима балерини како : Галина Уланова, Наталија Дудинскаја и Маја Плисетскаја, како и на кореографите како Петар Гушев. Особено после Втората светска војна руските дружини направиле мали турнеи околу светот, кои го вратиле балетот на сцена во Западот.

Соединетите Американски Држави

Со преселувањето на руските балетски танчери во Франција, балетот имал поголемо влијание особено во САД. После несогласувањата со Диагиљев , Фокин од Париз заминал во Шведска , а потоа во САД т.е. поточно во Њу Јорк . Тој верувал дека традиционалниот балет нуди повеќе од убавина и атлетичка спремност. За Фокин тоа не било доволно. Во согласност со техничката виртуозност тој барал драма, изразување и историска автентичност. Кореографот мора да го истражи периодот и културниот контекст на околината и да отргне традиционалното ’туту’ благодарение на моменталната мода.

Фокин ја направил кореографијата за „Шехерезада“ и „Клеопатра“. Тој истотака ја преработил „Петрушка“ и „Запалената птица“ . Едно од неговите најпознати дела е „Лебедот на умирање“ (The Dying Swan), изведена од балерината Ана Павлова. Павлова покрај нејзиниот талент како балерина го имала и театарскиот дар за глума за да се исполни визијата на Фокин за балетот како драма. Според некои легенди, Павлова се соживеала со улогата на лебедот до толку што побарала нејзиниот костим да биде направен од нејзината посмртна постела.

Џорџ Баланшин ја развил уметничката техника во Америка со отварањето на балетска школа во Чикаго, и најважно во Њу Јорк. Тој го прилагодил балетот со новите медиуми, односно со телевизијата и филмовите. Баланшин ги преработил кореографиите на неколку калсици како „Лебедово Езеро“ и „Заспаната Убавица“, меѓу кои создал и нови балети. Тој создал оригинални изведби на драмите на Вилијам Шекспир меѓу кои : „Ромео и Јулија“, „Вдовицата Мери“ и „Сон на летната ноќ“.

Во 1967 година „Накит“ на Баланшин постигна поголем успех со преувеличената раскажувачка тема, отколку со заплетот. Ова фокусирање е во согласност со спонзорските извори од САД кои ја охрабрувале слободата и слободното размислување во контраст со наративниот танц, кој како да бил толку блиско поврзан со социјализмот, особено со Советскиот комунизам. Денес , благодарение на Баланшин, балетот е еден од најсочуваните танцови во светот.

Барбара Каринска е руски емигрант и вешта шивачка која соработувала со Баланшин за да ја возвиши уметноста на дизајнирањето костими од вторстепена важност до важен дел од балетската изведба. Таа го започнача дијагоналното кроење, односно сечење на такенината и направила едноставно и класично ’туту’ кое на балерините им дозволувало да се движат послободно. Со прецизност во деталите, Барбара го декорирала нејзиното ’туту’ со украсни бисери, везови, плетови со ченгела и со апликациии врз ткаенината.

Неокласичен балет :

Џорџ Балсншин се смета како основач на она што нам денес ни е познато како неокласичен балет, стил на играње нешто измеѓу класичниот балет и денесшниот современ балет. Тим Шол авторот на „Од Петипа за Баланшин“, смета дека претставата „Аполо“ од Џорџ Баланшин во 1928 година е првиот неокласичен балет . „Аполо“ со прикажува враќањето , а формата како резулат од апстрактните балети на Сергеј Диагиљев.

„Аполо“ и други дела сеуште се изведуваат и денес, особено од балетот на Њу Јорк. Меѓутоа, некои дружини се способни да платат за правата на претставите на делата од Џорџ Баланшин.

Фредерик Ештон е уште еден истакнат кореограф поврзан со неокласичниот стил. Три од неговите дела се стандардни изведби на интернационалниот репертоар : „Ромео и Јулија“ 1956 година; „Силвија“ 1952 година; Ондина 1958 година; од кои последната била создадена како изложбена витрина за Маргерет Фонтејн.

Современ балет

Михаил Баришников бил танчер кој играл со Баланшин и попримил од неговиот нео-класичен стил. Кога бил назначен за уметнички директор на „Американскиот Балетски Театар“во 1980 година , Баришников работел со различни модерни кореографи, меѓу кои најзначајна е Твајла Торт. Торт ја кореографирала „Во краен случај“ – (Push comes to shove) за ’AБT’ и Баришников во 1976 година , а во 1986 година ја создала „Во собата на катот“ – („In the upper room”) за нејзината сопствена дружина. И двете дела биле сметани за иновативни заради нивната корист на различни модерни движења во комбинација со користење на балетанки и калсично тренирани танчери – за ниванта изведба на современ балет.

Торт истотака работела со дружината на „Џефри Балет “ основана во 1957 година од Роберт Џефри. Таа ја кореографирала „Deuce Coup”за нив во 1973 година, користејќи поп музика и мешавина на модерен балет и балетски техники. „Џефри Балетот“ продолжил да изведува голем број на современи претстави, повеќето корографирани од ко-основачот Џералд Аргино.

Денес има многу способни балетски дружини и кореографи. Во нив спаѓаат : „Балетот на Мадрид“ , „Кралскиот балет на Фландерс“, „Алонзо Кинтано и неговата дружина, Балетот на Алонзо Кинг Лајнес“, „Начо Дуото и Националната дтужина за танц“, Вилијам Форсајт кој исклучливо работел со „Балетот на Франкфурт“, а денес ја води „Дружината Форсајт“, и Јиржи Килан кој моментално е уметнички директор на „Театарот за танц на Холандија“. Традиционалните ’калсични дружини’ како „ Киров Балет“ и „Париската Опера и Балет“ истотака често изведуваат современи дела.

Развивање на балетските методи

Најзначајните балетски методи се именувани според нивните создавачи. На пример , како такави се двата постоечки методи од русија кои се наречени ’Ваганова метод’ според Агрипина Ваганова, и ’Легат метод’ според Николај Легат.

Добро познатиот ’Цечети метод’ се базира на развиените техники и начини на играње од италијанскиот танчер Енрико Цечети (1850-1928). Друг европски метод, заснован на начините на учење на Френчман Август Боурнвил (1805-1879). Овој систем се учи главно како традиција во татковината на Боурнвил, т.е. во Данска.

Каролина Возњацки

Каролина Возњацки (родена на 11 јули 1990 година) е професионална тенисерка од Данска. На 11 октомври 2010 година станала тенисерка број еден во светот на турнејата ВТА. Откако во февруари 2011 година била една недела на второто место, освоила доволно поени за повторно да биде број еден иако не играла во некое поважно финале од август 2009 година. Таа е првата данска тенисерка која го освоила врвот на ранг-листата.

Од нејзиното деби на ВТА во 2005 година, секоја година го подобрувала рангирањето на крајот од годината, сѐ додека во 2010 година не завршила на врвот. Има освоено 14 ВТА титули во поединечна конкуренција до март 2011 година, три во 2008 година, три во 2009 година, шест во 2010 година (најголем број титули од 2007 година кога Жастин Анин освоила десет) и две во 2011 година. Таа била второпласирана на Отвореното тениско првенство на САД во 2009 година и на ВТА шампионатот во Доха во 2010 година каде што изгубила од Ким Клајстерс. Го освоила Вимблдон во поединечна конкуренција за девојки во 2006 година, но сѐ уште немала освоено Грен Слем титула во женска конкуренција. Таа исто така има освоено две ВТА титули во двојки.

Кнут Хамсун

Кнут Хамсун (4 август 1859 - 19 февруари 1952) е еден од најзначајните норвешки писатели од првата половина на минатиот век. Како голем поддржувач на нацизмот, често бил прогонуван како предавник. Тоа му донесе изолација во интелектуалните кругови, но неговото дело остана да живее.

Лукс

Лукс (симб: lx или лк) — изведена SI-единица за осветленост и светлосна излезност која ја изразува светлосната моќ по единица површина. Се користи во фотометријата за изразување на јачината на светлината светлината врз или низ некоја површина, како што му изгледа на човечкото око. Ова е аналогно на радиометриската единица „вати на квадратен метар“, но моќта на секоја бранова должина се пондерира согласно функцијата на светлосна делотворност, која е стандарден модел на восприемање на светлосната јачина од страна на човечкото око.

Мануил I Комнин

Мануил I Комнeн (грчки: Μανουήλ Α' Κομνηνός, 28 ноември 1118 - 24 септември 1180) — византиски цар од династијата Комнини кој владеел од 1143 до 1180 година. За време на своето владеење, како и Јустинијан I се обидел да ги освои деловите на бившото Западно римско царство.Желен да го обнови неговото Царство на неговата мината слава како супермоќ во Средоземниот свет, Мануил водел енергична и амбициозна надворешна политика. Во тој процес тој направил сојуз со Папата Адријан IV и заживеаниот Запад, го нападнал норманското Кралство Сицилија, иако неуспешно, умешно го раководел преминот на крстоносците од Втората крстоносна војна низ неговото Царство, и воспоставил византиски протекторат над прекуморските крстоносни држави. Соочувајќи се со муслиманските напредувања во Светата земја, тој имал заедничка цел со Кралството Ерусалим и учествувал во заедничката инвазија на Фатимидскиот Египет. Мануил ја преобликувал политичката карта на Балканот и источното Средоземје, ставајќи ги Унгарија и крстоносните држави под византиска хегемонија и вршел агресивни кампањи против неговите соседи на запад и исток. Сепак, кон крајот на неговото владеење достигнувањата на Мануил на истокот биле загрозени поради сериозниот пораз во битката кај Мириокефалон, која во голем дел резултирала поради неговата арогантност кога ги нападнал добро бранетите селџучки позиции. Иако Византијците се повратиле кај битката кај Хиелион и Лемошеир и Мануил склучил поволен мир со султанот Килиџ Арслан II, Мириокефалон се покажал како конечниот, неуспешен обид на Царството да ја поврати внатрешноста на Анадолија од Турците.

По смртта Мануил бил наследен од неговиот син Алексиј (1180-1183), но набрзо потоа Византија била зафатена од граѓанска војна која на крајот довела до мешање со крстоносците и првиот пад на Цариград и на падот на Византија во 1204 години.

Оперета

Оперета е музичко сценско дело со ведра и забавна содржина, со присуство на лесен хумор, блага сатира која е испреплетена со говорни дијалози. Оперета е мала опера, не во обемот на делото, туку во намалување на музичкиот дел. Значајно место во оперетата зазема музиката за игра, која одговара на времето и средината во која е изведувана.

Оперетата настанала во Париз 1839 год., а нејзиниот творец е големиот забавувач на француската метропола, Жак Офенбах. Во 1855 год. Офенбах основал мал театар кој покасно станал средиште на оперската музика, не само во Париз, туку и во светот. Набргу оперетата почнува да доминира и во Виена, каде значајни претставници се: Франц Фон Супе и Јохан Штраус помладиот.

Жак Офенбах во Париз и Јохан Штраусво Виена, секој во духот на музичките потреби на својот град, ги положиле темелите на забавно - музичкиот театар и стиллски се доближиле до забавната музика. Заедно со другите композитори на оваа музичко - сценска форма Франц Лехар, Калман, Врскае, претставуваат ремек дело во оваа област на музичко сценското творештво.

Податотечен систем

Податотечен систем (анг. File system) е системот на кој податотеките се именувани и каде што тие сместени логички за складирање и пронаоѓање. Според (Таненбаум 2001) DOS, Windows, OS/2 Macintosh и UNIX-базиран оперативен систем. Сите овие имаат податотечен систем во кој податотеките се сместени некаде во хиерархиската структура. Податотеката е сместена во папка (directory) или во подпапка на посакуваното место во хиерархиската структура.

Податотечниот систем наведува „договори“ за именување на податотеките. Овие „договори“ вклучуваат максимален број на знаци во името, кои може да се користат и во некои системи, колку долги можат да бидат суфиксите во името на податотеката. Податотечниот систем исто така вкучува и формат (тип) за утврдување на патеката на податотеката преку структурите на директориумот.

Понекогаш терминот се однесува на дел од оперативниот систем (ОС) или на додадените програми кои го помагаат податотечниот систем. Примери за такви додатоци на податотечниот систем вклучуваат Network File System (NFS) и Andrew file system (AFS). Во специјализиран јазик за чување, податотечниот систем е хардвер кој се користи за постојано складирање, софтвер апликација која го контролира хардверот и архитектура за хардверот и софтверот.

Податотечните системи се користат кај уреди за чување на податоци, како што се хард диск, флопи диск, оптички дискови или флеш мемории, за одржување на физичките локации на компјутерските податотеки. Тие може да обезбедат пристап до податоците во податотечниот опслужувач преку симулирање на клиент за мрежен протокол (пример: NFS, SMB, 9P клиент, итн.), или тие можат да бидат виртуелни и постоечки само за пристап на виртуелни податоци. Ова се разликува од услугите на директориумот и регистрите.

Селото Степанчиково

Селото Степанчиково (руски: Село Степанчиково и его обитатели) — хумористичен роман во два дела од Фјодор Достоевски напишан во 1859 година. Ова е еден од ретките романи на Достоевски каде отсуствува подробна психолошка анализа на главните протагонисти, и секако едно од малкуте негови дела каде е присутна ведра и комична атмосфера. Целта на оваа уникатна новела е да ги посочи и исмее човековата лековерност и конзервативни убедувања од една страна, додека исто така да ги разоткрие и жигоса ненаситноста и алчноста по богатство и моќ на малите и прости луѓе во општеството.

Ла Коруња

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.