Боже, чувај ја Кралицата

Боже чувај го Кралот/ја Кралицата (англиски: God Save the Queen) — родољубива песна чие потекло сѐ уште не е разјаснето.

Денес, таа се пее како химна на Обединетото Кралство, како една од двете национални химни на Нов Зеланд и како кралска химна на Канада, Австралија, Нов Зеланд и други земји од Комонвелтот. Песната исто така е кралска химна на британското кралско семејство. Кога британскиот монарх е маж, името на химната е Боже чувај го кралот.

Химната генерално се пее само една, или во ретки прилики, две строфи. Во оваа статија е дадена полната химна на англиски и истата препеана на македонски.

Боже, чувај ја Кралицата
макед. “Боже, чувај ја кралицата“
Боже, чувај го Кралот
(кога монархот е маж)
Gstk
Ноти и текст на химната.

национална химна на  Обединето Кралство
Текстнепознат
Музиканепознат
Усвоенапочеток на XIX век
Звучен извадок
Инструментална верзија.
  • снимка
  • помош

Текст

Во Обeдинетото Кралство, дури и на официјални прилики се пее само првата строфа, а во ретки прилики може и третата.

Англиски

1
God save our gracious Queen1,
Long live our noble Queen,
God save the Queen:
Send her victorious,
Happy and glorious,
Long to reign over us:
God save the Queen.
2
O Lord, our God, arise,
Scatter her enemies,
And make them fall.
Confound their politics,
Frustrate their knavish tricks,
On Thee our hopes we fix,
God save the Queen.
3
Thy choicest gifts in store,
On her be pleased to pour;
Long may she reign:
May she defend our laws,
And ever give us cause
To sing with heart and voice
God save the Queen.
4
Not in this land alone,
But be God's mercies known,
From shore to shore!
Lord make the nations see,
That men should brothers be,
And form one family,
The wide world o'er.
5
From every latent foe,
From the assassins blow,
God save the Queen!
O'er her thine arm extend,
For Britain's sake defend,
Our mother, prince, and friend,
God save the Queen!
6
Lord grant that Marshal Wade
May by thy mighty aid
Victory bring.
May he sedition hush,
And like a torrent rush,
Rebellious Scots to crush.
God save the Queen!
7
George is magnanimous,
Subjects unanimous;
Peace to us bring:
His fame is glorious,
Reign meritorious,
God save the King!

Македонски

1
Боже чувај ја нашата милозлива Кралица[1],
Да живее нашата благородна кралица,
Боже чувај ја Кралицата:
Нека е победоносна,
Среќна и славна,
Долго да владее со нас:
Боже, чувај ја кралицата.
2
Господе, наш Боже, произлези,
Растури ѝ ги непријателите,
И нека паднат.
Спречи им ја политиката,
Попречи ги нивните нечесни измами,
Во Тебе полагаме надеж,
Боже, чувај ја кралицата
3
Најдобрите ти дарови,
Нека милно ѝ течат;
Нека владее долго:
Нека нѝ ги брани законите,
И секогаш дај ни причина
Да пееме со срце и глас
Боже, чувај ја Кралицата
4
Не само во оваа земја,
Нека се знае Божјата милост ,
Туку од брег до брег!
Господе нека видат народите,
Дека луѓето треба браќа да бидат ,
Да сочинуваат едно семејство,
Ширум нашиов свет.
5
Од секој скриен непријател,
Од ударот на убиецот,
Боже чувај ја кралицата!
Над неа подади рака,
Во името на Британија чувај ја,
Нашата мајка, владетел и пријател,
Боже, чувај ја Кралицата!
6
Господе нека Маршал Вејд
Биде твој моќен помошник
Донеси победа.
Нека задуши востание,
И како поројна навала,
Да ги срози бунтовничките Шкоти.
Боже, чувај ја кралицата!
7
Џорџ е великодушен,
Поданиците - едногласни;
Донеси нѝ мир:
Неговата прочуеност е славна,
Владеењето доблесно,
Боже чувај го кралот!

Забелешки

  1. Во случај монархот да е маж, наместо кралица се употребува Крал и сите зборови кои означуваат женски род се менуваат со такви што означуваат машки.

Поврзано

Надворешни врски

Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови

Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови (англ. South Georgia and the South Sandwich Islands) е британска прекуморска територија во јужниот Атлантски океан. Тоа е далечна и ненаселена збирка на острови кои се состојат од Јужна Џорџија - која има околу 170 км на 29 км површина и е најголем остров во територијата, и ланец од помали острови познати како Јужни Сендвички Острови кои се наоѓаат југоисточно на околу 650 км.

На островите нема домородна популација, и единствени жители се Британскиот повереник, поштар, научници и персонал за поддршка кои ги одржуваат научните бази на Јужна Џорџија и во главниот град Кинг Едвард Поинт (именуван по ‘ртот Крал Едвард).

Британија прогласила суверенитет над Јужна Џорџија во 1775, а над Јужните Сендвички Острови во 1908. Британската прекуморска територија Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови била формирана во 1985, пред тоа била дел од Фолкландската прекуморска територија. Аргентина бара суверенитет над Јужна Џорџија од 1927, а над Јужните Сендвички Острови од 1938. Овие барања на Аргентина придонеле за Фолкландската војна од 1982.

Џерси

Џерси, полн назив: Бејлифство Џерси (англиски: Bailiwick of Jersey, француски: Bailliage de Jersey; џерсиски: Bailliage dé Jèrri) — автономен крунски посед на британскиот монарх во Ламанш, меѓу Франција и Англија. Се наоѓа на приближно 20 км од брегот на полуостровот Котантен во Нормандија, и 160 км од Велика Британија. Заедно со Гернзи ги сочинува Каналските Острови. Во состав на Џерси влегуваат и помалите острови Ерекуз, Ла Мот, Минкјер, Пјер де Клерк и Дирује.

Зафаќа вкупна површина од 118,2 км2 и има 98.213 жители (2011).Гернзи не е дел ниту од Обединетото Кралство и Европската Унија, туку под суверено владение на британската круна (монархот) во својство на војвода на Нормандија, застапувана од намесниот управник. Со Гернзи непосредно раководи „бејлиф“ (bailiff), кој претседава со собранието и судот. Историски ова е звање на средновековен велможа во Франција. Џерси има автономна законодавна, судска и извршна власт. Владата на Обединетото Кралство е надлежна за надворешните односи и одбраната. За Џерси важи начелото за слободен проток на стоки од ЕУ. Главен и најголем град е Сент Хелиер, со 33.622 жители.

Џерси важи за најсончевиот од британските острови и познат е по плажите.

Ангвила

Ангвила (англиски: Anguilla, Ангила) — британска прекуморска територија во Карипското Море. Ангвила е остров, или група острови, кои се најсеверните Заветрени Острови, дел од Карипските Острови. Ангвила се наоѓа источно од Порторико и Девствените Острови и северно од Свети Мартин. Територијата Ангвила ги зафаќа главниот остров Ангвила заедно со уште неколку помали острови и островчиња кои немаат постојано население. Главен град на Ангвила е Вали и вкупната површина на Ангвила е 91 километар квадратен со население од околу 13.500 (проц. за 2006).

Англија

Англија (англ. England) е најголемата земја во рамките на Обединетото Кралство. Во неа живеат повеќе од 83% од популацијата на Обединетото Кралство, и го зафаќа поголемиот дел од островот и ја дели земјената граница со Шкотска на север и Велс на запад.

Антигва и Барбуда

Антигва и Барбуда (англиски: Antigua and Barbuda) — островска држава во Средна Америка. Државата е дел од островската група Мали Антили и западно од неа се наоѓа Карипското Море, додека источно е Атлантскиот Океан. Таа е составена од два поголеми острови Антигва и Барбуда и уште неколку други помали островчиња.

Вкупната површина на Антигва и Барбуда изнесува 442 километри квадратни и има население од вкупно 85.632 жители. Населението е воглавно мешано од западноафриканци, Британци и Португалци. Јужно од државата се наоѓа зависниот островот Гвадалупе, југозападно се наоѓа зависната територија Монтсерат, западно се наоѓаат државата Свети Китс и Невис и зависната територија Свети Евстахиј и на северозапад се наоѓаат зависните територии Свети Вароломеј и Свети Мартин. Службен јазик е англискиот јазик, додека главен град на државата е Сент Џон. Често локалното население својата држава ја нарекува со поранешното име Вадади.

Британски Девствени Острови

Британски Девствени Острови или БДО (англиски: British Virgin Islands, BVI) — островска група во Малите Антили, во Карипско Море, источно од Порторико. Преставува дел од Британските прекуморски територии. Повеќе од 60 острови и гребени спаѓаат тука. Заедно со Американските Девствени Острови го сочинуваат поширокиот архипелаг Девствени Острови.

Британски Хондурас

Британски Хондурас била британска колонија во Средна Америка. Во 1981, колонијата добила целосна независност и сега е дел од независната држава Белизе.Територијата на источниот брег на Средна Америка, јужно од Мексико, станала британска кралска колонија во 1862. Во 1964 добила право на самовладеење. Белизе станала потполно независна од Велика Британија во 1981. Белизе бил последниот континентален посед на Велика Британија во Америка.

Гернзи

Гернзи, полн назив: Бејлифство Гернзи (англиски: Bailiwick of Guernsey, француски: Bailliage de Guernesey; гернзиски: Bailliage dé Guernési) — британски крунски посед во протокот Ламанш, меѓу Франција и Англија. Заедно со Џерси ја сочинува групата на Каналските Острови.

Гернзи не е дел ниту од Обединетото Кралство и Европската унија, туку под суверено владение на британската круна, застапувана од намесниот управник. Со Гернзи непосредно раководи „бејлиф“ (bailiff), кој претседава со собранието и судот. Историски ова е звање на средновековен велможа во Франција.

Покрај самиот остров Гернзи, бејлифството ги опфаќа и околните острови Олдерни, Сарк, Херм, како и ненаселените острови: Бреку, Беру, Ортак, Каскетс, Жету, Лиу, Кревишон и Уме. Вкупното население на островите брои 65.345 жители (2012).

Гибралтар

Гибралтар (англиски: Gibraltar) — британска прекуморска територија сместена на најјужната точка од Пиринејскиот Полуостров, на Гибралтарскиот Проток. Територијата се граничи на север со Шпанија, а останатите делови се опколени со Средоземното Море и Атлантикот. Гибралтар историски бил многу важна стратешка точка поради што бил предмет на напади и освојувања, а од 1713 со Договорот од Утрехт е под контрола на Велика Британија.

Името на Гибралтар потекнува од Арапското име Гиб ел Тарик што значи „Карпата од Тарик“, и се однесува на Берберскиот војсководец Тарик Ибн-Зијад, кој го предводел нападот на Умајадскиот калифат на Иберија во 711 година.

Статусот на Гибралтар е предмет на спор помеѓу Велика Британија и Шпанија. Шпанија бара враќање на суверенитетот или поделен суверенитет со Британија, но повеќето Гибралтарци се противат на ова.

Државна химна

Државна химна — родољубива музичка композиција, која потсетува и се повикува на историјата, традицијата и борбата на народот на една земја, која е признаена од владата на една земја како официјална државна композиција, или конвенција преку широка употреба помеѓу народот.

Химните станале значајни во Европа во XIX век, се претпоставува дека најстарата е онаа на Холандија под името „Вилхелмус“, таа е напишана помеѓу 1568 и 1572, за време траење на Осумдесетгодишната војна. Со подемот на концептот на национална држава во XIX и XX век, поголемиот дел од нациите прифаќаат и химни како исказ на нивното национално чувство. Заради колонијалното влијание на Европа и други територии во светот компонираат и прифаќаат музички нумери како национални химни. Само мал број држави имаат химни кои се различни од европскиот концепт и се поврзани со старите традиции и вредности во нивните општества како на пример, Јапонија, Костарика, Иран, Шри Ланка, и Мјанмар.

Поголемиот дел од нив во својтот стил инкорпорираат марш или традицоналистичка химна. Земјите од Латинска Америка, тежнеат кон оперски делови, додека мал број на земји користат само дувачки инструмент за да ја отсвират мелодијата на нивната химна.

Химните по природа се кратки музички композиции и не траат подолго од 1 минута гледано во генерала.

Само мал број од светските химни се напишани и од познати композитори. На пример Француската "La Marseillaise" е напишана од Клод Жосеф Ругет де Лисле, додека химната на Обединетото Кралство „Боже, чувај ја Кралицата“ напишана од непознат композитор. Мелодијата е позајмена од Германското царство, каде го носи насловот "Heil dir im Siegerkranz".

Државните химни се користат во многу контексти. Се изведуваат на државни празници, фестивали, спортски манифестации и слично. На Олимписките игри, државната химна на добитникот на златен медал секогаш се изведува. Во некои земји химната се интонира пред почетокот на првиот школски час, со цел да се поттикне националното чувство. И голем број на радио и телевизиски станици ја свират химната кога се одјавуваат од програма.

Поголеми политички или групациски ентитети имаат свои химни покрај државните. Така на пример Европската Унија, ја употребува Ода на Радоста од Бетовеновата 9та Симфонија, како официјална химна на Европа. Обединетите Нации, и Африканската Унија исто така имат свои химни.

Република Македонија, својата прва химна ја добива во 1943 чиј композитор е Тодор Скаловски, а стиховите се на Владо Малески. Користена е во склопот на СФРЈ, а по осамостојувањето е потврдена како официјална химна на Република Македонија.

Кајмански Острови

Кајмански Острови (англиски: Cayman Islands) — британска прекуморска територија во западниот дел на Карипското Море. Територијата се состои од три острови: Голем Кајман, Кајман Брак и Мал Кајман, кои се наоѓаат јужно од Куба и северозападно од Јамајка. Географски, островите се сметаат за дел од Западната Карипска Зона и групата Големи Антили. Територијата е една од поважните прекуморски даночни раеви во светот.

Ман (остров)

Островот Ман (англ. Isle of Man; мански: Ellan Vannin е самоуправна територија на Британската круна која се наоѓа во Ирското Море. На чело на државата е кралицата Елизабета II, со титула Лорд од Ман. Островот бил келтска заедница од 1079 година. По низа промени на власта помеѓу кралевите на Англија и Шкотска, Ман потпаднал под феудална власт на англиската круна. Лордовството било приклучено кон Британската круна во 1764. година, но никогаш не станало британска територија, туку останало самоуправна јурисдикција.

Островот не е членка на Европската Унија, но има некои врски кои се однесуваат на слободниот проток на стоки.

Островот Ман е таканаречена економија на ниски даноци, нема данок на приходи од капитал, данок на богатство, ниту данок на наследство, а највисоката стапка на персонален данок изнесува 18%. Данокот на добивка за фирмите исто така е во најголемиот број случаи 0%.Поради ова, многу компании имаат свои оф-шор канцеларии на Ман, и тоа е главниот економски сегмент. Покрај тоа, присутни се и традиционалните економски дејности - рибарство, туризам и земјоделство. Владата на Ман го промовира островот како погодна дестинација за снимање на филмови, и од 1995 до денес (2008) се снимени над 80 филма.

Обединето Кралство

Оваа статија се однесува на политичката заедница Велика Британија, за островот видете Велика Британија (остров)

Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (англиски: United Kingdom of Great Britain and Northern Ireland) — островска држава во северозападна Европа. Главен град е Лондон. Обединетото Кралство, составено од Велика Британија (Англија, Велс и Шкотска) и Северна Ирска, е уставна монархија чиј владетел е воедно владетел на државата и шеф на владата. Власта е поделена меѓу Парламентот кој ја има законодавната власт, Кабинетот на Министрите (составен од 20 министри и премиерот) кој ја има извршната власт и судското тело.

Света Елена (остров)

Света Елена (англиски: Saint Helena) — остров во Атлантскиот океан и дел од британската територија Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња. Откако го прогониле, Наполеон Бонапарт бил донесен на Света Елена. Тој тука живеел сè до смртта на 5 мај 1821 година. Се смета дека бил отруен на својата 52 година.

Свети Кристофер-Невис-Ангвила

Свети Кристофер-Невис-Ангвила (англиски: Saint Christopher-Nevis-Anguilla) — поранешна прекуокеанска територија на Обединетото Кралство која се наоѓала во Карипското Море. Во 1958 година оваа територија сочинувала една покраина на краткотрајната Западноиндиска Федерација. По падот на федерацијата регионот неколку пати се обидувал да се обедини во некоја друга унија.

Во 1967 година територијата Свети Кристофер-Невис-Ангвила се стекнала со целосна внатрешна автономија. Во 1971 година островот Ангвила жестоко барал одделување од територијата и набрзо се стекнал со такво отцепување. Во 1980 година отцепувањето и официјално било прифатено. Три години подоцна, Невис и Свети Кристофер се стекнале со независност од Британија и денес се обединето како Федерација Свети Кристофер и Невис. Ангвила и денес е британска прекуморска територија.

Тристан да Куња

Тристан да Куња (англиски: Tristan da Cunha, португалски: Tristão da Cunha) — група од острови во јужниот дел на Атлантикот, 2816 километри од Јужна Африка и 3360 километри од Јужна Америка. Административно, острвите се дел од британските прекоморски територии Света Елена, Вознесение и Тристан да Куња.

Територијата се состои од главниот остров Тристан да Куња, со површина од 98 км², како и од неколку ненаселени острови како што се Недостижниот острв (10 км²) и островот Славеј (1,8 км²). На оваа територија припаѓа и островот Гоф (91 км²), 395 километри југоисточно од Тристан) на кое е поставена метеоролошка станица.

Туркс и Кајкос

Британска зависна територија во југоисточниот дел на Бахамските Острови во Средна Америка. Опфаќа површина од 430 км2, на која опстојуваат 31.500 жители. Службен јазик е англискиот, додека пак како официјална парична единица се користи американскиот долар.

Химна на Латвија

Боже, благослови ја Латвија! (латвиски: Dievs, svētī Latviju!) — државна химна на Латвија. Автор на текстот и музиката е Карлис Бауманис (1834–1904).

Химна на САД

Химната на САД е националната химна на Соединетите Американски Држави. Текстот на химната произлегува од поемата „Одбрана на Форт Мекхенри“ („Defence of Fort M'Henry“), напишана на 14 септември 1814 година од правникот и поет аматер Френсис Скот Ки откако го проследил нападот на тврдината Форт Мекхенри кај Балтимор од британската Кралска морнарица за време на Војната од 1812. Ки бил инспириран од американско знаме со 15 ѕвезди и ленти, големо 9,1 на 12,8 метри, познато како Star-Spangled Banner, кое триумфално се веело над тврдината по победата на американските војници.

Поемата била усогласена со мелодијата на „Песната на Анакреонт“ (The Anacreontic Song), напишана од британецот Џон Стафорд Смит како официјална песна на Анакреонтичката заедница, машки општествен клуб од 18-ти век во Лондон. Со нејзиното комплетирање, го добива името Star-Spangled Banner по американското знаме од Форт Мекхенри и станува позната патриотска песна. Нејзиното прво официјално користење било од американската морнарица во 1889 година. Конечно, согласно одлука на Конгресот, Star-Spangled Banner станала и официјално државна химна на 3 март 1931 година.

Пред Star-Spangled Banner, други песни служеле како официјални химни, меѓу кои во речиси целиот 19-ти век била „Hail, Columbia“. Како де факто химна служела и „My Country, 'Tis of Thee“, чија мелодија е идентична со „Боже, чувај ја Кралицата“ на Обединетото Кралство. По Војната од 1812, разни песни се изведувале на јавни настани, меѓу кои била и „America the Beautiful“, која пред 1931 година се сметала за сериозен кандидат за национална химна на САД.

Суверени
држави
Делумно
признаени
Зависни
и др. територии
Други целини

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.