Астуролеонски јазици

Астурлеонскиот јазик припаѓа на романската јазична група и го зборуваат околу 550.000 луѓе во Шпанија (области Астурија, Леон, Самора и Саламанка) и Португалија (област Миранда ду Доуру).

Историја на јазикот

Астурлеонскиот јазик има документирана историја од 1.000 години.

Граматика

Граматикатa вклучува 8 глаголски времиња и 2 рода (машки, женски).

Мирандски јазик

Мирандски јазик (именување: mirandés или lhéngua mirandesa; португалски: mirandês или língua mirandesa) — романски јазик кој припаѓа на астуролеонската јазична група, ретко говорен во мала област на североистокот на Португалија, во општините Миранда ду Дору, Вимиозу и Могадору. Португалскиот парламент му доделил сослужбен статус (заедно со португалскиот јазик) за локални прашања на 17 септември 1998 година со законот 7/99 на 29 јануари 1999 година.

Мирандскиот има различна фонологија, морфологија и синтакса, и е различен најмалку од создавањето на Португалија во XII век. Има корени од говорниот латински на северот на Пиринејскиот Полуостров (португалскиот се развил на северозападот).

Претставува потомок на древниот астуролеонски јазик во северниот дел на Иберија, последниот остаток на древниот јазик на Кралството Леон и блиску поврзан со современите астуролеонски јазици во Шпанија. Меѓутиа, овие спојувања во Шпанија не влијаеле на мирандскиот, кој ги зачувал различните јазични разлики во врска со обата јазика, португалски и шпански. Голем дел од лексиката се совпаѓа со обласните португалски дијалекти.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.