Аријанство

Аријанството (аријанизам или аријанска ерес) е учење кое на Првиот вселенски собор било прогласено за еретичко. Христолошката расправа започнала во Александрија помеѓу следбениците на презвитер Ариј (Аријанци) и следбениците на Свети Александар Александриски (хомоусијанци). Втората страна верувала и пропагирала дека Синот е едносуштен на Отецот, додека Аријанците тврделе дека Синот, иако е најсовршена божја креција е сапак она што е - а тоа е креација и ништо повеќе. Во оваа расправа се појавила и трета група (хомоиосијанци) кои се труделе да понудат компромис, тврдејќи дека Отецот и Синот се од слична материја, но не иста[1].

Поголемиот дел од дебатата се водела околу тоа дали Исус бил „роден или „создаден“ од Отецот, при што од лексиколошка и семантичка страна вистинска пречка претставувал самиот факт што различните групи доаѓале од различни говорни реони, при што старогрчкиот јазик имал далеку побогат речник од останатите јазици, и многу поразлични значења наследени од предхристијанските филозофи. На почетокот околу дваесетина епископи го поддржале Аријанското учење, но кога навлегле во детали, се оттргнале од него и се приклучиле на мнозинството.

На крајта од соборот бил донесен Символот на верата со што Ариј и двата либиски епископи кои продолжиле да го поддржуваат биле екскомуницирани и прогонети во Илирик.

Во текот на неговата историја, Аријанството било примено од страна на неколку германски племиња. Први кои го примиле биле Визиготите, кои го примиле христијанството од Вулфила, кој пак од своја страна бил пријател со епископот Евсебиј Никомедиски.

Борбата против аријанството завршила во текот на 6 век, кога визиготскиот крал Рекаред I објавил дека ја прима Католичката вера.

Наводи

  1. www.pouke.org
Богородица

Богородица Марија (латински: Virgo Maria, Deipara, грчки: Μαρία, Θεοτόκος, Θεομήτωρ, хебрејски: מירים, арапски: مريم) според верувањата на христијаните била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

Според евангелието, таа живеела во Назарет во тогашната покраина Галилеја. На арамејски јазик, нејзото име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин, кога и се јавил архангел Гаврил и и соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.

Валенс

Флавиј Јулиј Валенс (латински FLAVIUS IVLIVS VALENS AVGVSTVS; 328 – 9 август 378) бил император на Источната Римска империја во периодот од 364 до 378 година, додека Западната Римска империја била управувана од неговиот брат Валентинијан I. Валенс бил убиен во катастрофалната битка кај Адријанопол во 378 година од страна на Готите.

Византиски мерни единици

Византиски мерни единици — мерни единици кои се користеле во Византија и претставувале мешавина од старогрчките, старомакедонските и римските единици.

Сè до доаѓањето на Јустинијан I (527–565), секоја област од царството користела свои мерки, без да постои заеднички договорен систем. Јустинијан започнал процес на стндардизација и создал систем со кој може полесно да се управува со сиот промет во производството, трговијата и услужнте дејности. И покрај настојувањето на државната власт да се користат овие заеднички мерки, другите системи продолжиле да се користат напоредно на официјалниот, поради месните обичаи, надворешнте влијанија и потребите на занаетите. Покрај ова, во XII век странските трговци како венецијанците, пизанците и џеновјаните кои работеле во рамките на царството добивале право на употреба на нивните мерки.

Византија

Византија или Источно Римско Царство — продолжение на источниот дел од Римската Империја во периодот на доцната антика и средниот век, каде претежно се говорело на грчки јазик. Главниот град на империјата бил Константинопол (денешен Истанбул), првично основан како Византион. Ја преживеал поделбата и падот на Западното Римско Царство во V век и продолжил да постои уште илјада години сè до падот во рацете на отоманските Турци во 1453 под водство на Мехмед Освојувачот. За време на нејзиното постоење, империјата била најмоќната економска, културна и воена сила во Европа. Двата поима, „Византија“ и „Источното Римско Царство“, се историографски термини создадени по крајот на царството. Нејзините граѓани продолжиле да посочуваат на нивната империја како Римска Империја (старогрчки: Βασιλεία Ῥωμαίων, тр. Basileia Rhōmaiōn; латински: Imperium Romanum), или Романија (Ῥωμανία), а себе се нарекувале „Римјани“.Неколку настани од IV до VI век го одбележуваат преодниот период во кој римските империи, Источната грчка и Западната латинска империја, се поделиле. Во 285 година, царот Диоклецијан (владеел 284–305) го поделил управувањето на Римската Империја на источен и западен дел. Помеѓу 324 и 330, Константин Велики (владеел 306–337) го пренел главниот град од Рим во Византион, подоцна познат како Constantinople („Градот на Константин“) и Nova Roma („Нов Рим"). За време на владеењето на Теодосиј I (владеел 379–395), христијанството станало официјална државна религија на империјата и другите религии како римскиот политеизам биле прогонети. И конечно, за време на владеењето на Ираклиј (владеел 610–641), војската и управата на империјата биле реконструирани и грчкиот јазик бил прифатен за официјална употреба, на местото на латинскиот. Така што иако тоа го продолжило Римското Царство и ги одржало римските државни традиции, денешните историчари го одвојуваат Византион од Стариот Рим пред сè поради настроеноста кон грчката култура, а не кон латинската и воедно бил окарактеризиран од православното христијанство наместо од римскиот политеизам.Границите на империјата значително се менувале во текот на нејзиното постоење, минувајќи низ неколку циклуси на опаѓање и закрепнување. За време на владеењето на Јустинијан I (владеел 527–565), империјата го достигнала најголемото територијално проширување по повторното заземање на историското западно римско медитеранско крајбрежје, вклучувајќи ја Северна Африка, Италија и самиот Рим, кој бил задржан уште два века. За време на владеењето на Маврикиј (владеел 582–602), источната граница на империјата била проширена и северната се стабилизирала. Сепак, атентатот врз него ја предизвикал Византиско-персиската војна (602-628), која ги исцрпела ресурсите на империјата и резултирала со големи територијални загуби за време на муслиманските освојувања од VI век. Само за неколку години империјата ги загубила своите најбогати провинции, Египет и Сирија, сè до Арапскиот Полуостров.За време на Македонската династија (X и XI век), империјата повторно се проширила и ја доживеала двовековната Македонска ренесанса, која завршила со загубата на поголемиот дел од Мала Азија по поразот од Селџуците во Битката кај Манцикерт во 1071 година. Оваа битка им го отворила патот на Турците за да се населат во Анадолија како нивна татковина.

Последните векови на империјата биле проследени со општ правец на опаѓање. Империјата се обидувала да закрепне во текот на XII век, но таа го примила својот смртен удар за време на Четвртата крстоносна војна, кога Константинопол бил опустошен и империјата се распаднала и поделила на конкурентни византиски грчки и латински царства. И покрај евентуалното обновување на Константинопол и повторното воспоставување на империјата во 1261 година, Византион останал само еден од неколкуте мали конкурентни држави во областа последните два века од своето постоење. Неговите преостанати територии биле последователно приложени од Отоманците во XV век. Падот на Константинопол во рацете на Отоманската Империја во 1453 значело крај за Византија.

Визиготско кралство

Визиготската империја е држава која постоела на територијата на денешна југозападна Франција и Пиринејскиот Полуостров во периодот од 5 век до 8 век, и се смета дека е една од германските земји наследнички на Западната Римска империја.

Империјата била создадена со населувањето на Визиготите под водство на кралот Валија во провинцијата Аквитанија, кое денеска се наоѓа во југозападна Франција. Подоцна, империјата продолжила со освојување на целиот Пиринејски Полуостров. Царството одржувало независност од Источното Римско царство односно Византија. Обидите повторно да се воспостави Римска власт во Иберија (Спанија) биле само делумно успешен и краткотрајни. До почетокот на 6 век, Галија била заземена од страна на Франките, освен тесниот крајбрежен појас на Септиманија, но вестготската контрола на Иберија била обезбедена кон крајот од овој век од страна на Свевите и Баските. Поголемиот дел од Визиготското царство било освоено по исламската инвазија на полуостровот, преку Мароко во 716 година. Слободни и христијански останале само северните делови од полуостровот. На тие простори биле создадени повеќе кралства, како Кралство Астурија, а подоцна и Кралство Арагон, Кралство Кастиља и Кралство Навара.

Визиготите и нивните рани императори биле христијани, кои го имале прифатени Аријанството. Но, откако го прифатиле Никејскиот симбол на својата религија, црквата имала огромно влијание врз секуларните работи.

Втор вселенски собор

Вториот Вселенски собор (грчки: Η Β΄ Οικουμενική Σύνοδος; Πρώτη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης - Прв Константинополски Собор) е вселенски собор одржан во Константинопол од мај до 9 јуни 381 година. Соборот бил свикан од страна на императорот Теодосиј I Велики (379-395), православен император со шпанско потекло, со цел да се стави крај на аријанскиот спор кој продолжил и по Првиот вселенски собор во Никеја. На продолжување на аријанската контроверза придонело и прогонството на свети Атанасиј Велики, како и поддршката која аријанците ја добивале од страна на наследниците на Константин Велики - Констанциј II, Констанца и Валенс.

Демофил Цариградски

Демофил Цариградски (починал во 386) бил епископ на Бер и Цариградски патријарх во периодот од 370 до 379 година.

Тој бил роден во аристократска фамилија од Солун, и главно се залагал за аријанската страна во првата поголема шизма во христијанството.

Дромон

Дромон — вид на галија и најважниот военброд на византиската морнарица од V до XII век, кога биле заменети со галии изработени во италијански стил. Овој брод бил равиен од либурна, кој пак бил главен брод на римската морнарица за време на Римското царство.Во средновековниот период од зборот дромон се изведени и зборовите на среедновековен англиски дромонд и старофранцуски дромонт и го опишуваат секој особено голем брод.

Евдоксиј Антиохиски

Евдоксиј Антиохиски (Eudoxius; грчки: Ευδόξιος ο Αντιοχείας) бил Патријарх на Константинопол во периодот од 360 до 370 година. Пред да стане патријарх, тој бил епископ во Антиохија.

Во времето кога учел во Антиохија, Евдоксиј станал приврзаник на аријанството, особено на крилото на Евсебиј Никомедиски. Тој учествувал на црковните собори во Антиохија, Сердика и Милано, а во текот на 358 година станал Патријарх на Антиохија. Констанциј II го симнал од престолот и го вратил во својата родна Кападокија, главно поради неговата подршка на аријанството на Евномиј.

Во 360 година станал Патријарх на Константинопол, каде во 366 година го крстил императорот Валент, кој паднал под негово влијание.

Евсебиј Никомедиски

Евсебиј Никомедиски (грчки: Ευσέβιος ο Νικομηδείας) бил христијански епископ, Патријарх на Константинопол.

За неговото детство, денеска се знае многу малку, но со сигурност се знае дека припаѓал на аристократско семејство. Евсебиј бил епископ на Берит или Бејрут, како и на Никомедија. Во текот на 338 година бил избран за епископ односно патријарх на Константинопол. Тој учествувал на Првиот Вселенски собор во 325 година во Никеја, каде ги зазел позициите на аријанството.

Самиот император Константин Велики бил крстен токму од Евсебиј во 337 година. Но и покрај овој факт, тој заедно со Евсевиј Кесариски бил на станата на Ариј. По крајот на никејскиот собор, тој бил испратен во заточение во Галија. Во исто време, тој бил еден од иницијаторите за заточение на Свети Атанасиј Александриски.

Починал во 342 година.

Египет

Египет арапски: مِصر, Миср; египетски арапски: مَصر, Маср) — држава во североисточна Африка и југозападна Азија.

Покривајќи површина од околу 1.020.000 км² Египет го вклучува Синајскиот Полуостров (кој обично се смета за дел на југозападна Азија), додека поголемиот дел од земјата се наоѓа во Северна Африка. Египет се граничи со Либија на запад, Судан на југ, Израел на североисток. На север излегува на Средоземно Море, а на југ на Црвено Море. Мнозинството во Египет ги населува бреговите на реката Нил (околу 40.000 км²). Големи делови од земјата се дел од пустината Сахара и се многу ретко населени. Главен град на Египет е Каиро. Има околу 75.000.000 жители.

Историја на христијанството

Историјата на христијанството се однесува на христијанската религија и христијанската црква, чии почетоци започнуваат од мисионерството на Исус Христос и неговите дванаесет Апостоли сè до ден денеска. Христијанството е аврамска религија. Таа се разликува значително од другите религии по тврдењето дека Исус Христос е Божји Син. Огромен дел од христијанските верници веруваат во Светото Тројство, кое се состои од три одделни лица: Отецот, Синот и Светиот Дух. Инаку, постојат и разлики помеѓу различните христијански вери во однос на Светото Тројство и човечката природа на Исус. Овие разлики продолжуваат и ден денес.

Во многу христијански вероисповеди, црквата се разбира како теолошка институција која била основана од Исус за спас на човештвото. Ова разбирање се споделува помеѓу католичката и православната црква. Во католичката традиција, католичката црква го претставува Телото на Христос , додека протестанската смета дека Телото на Христос го сочинува целиот христијански народ. Според други, црквата претставува место за собир на верниците на едно место и нивно обединување.

Историјата на христијанството започнува во 1 век во Ерусалим. Како државна религија за прв пат била воведена во Ерменија во 301 или 314 година, во Етиопија во 325 година, Грузија во 337 година, Римска империја во 380. Во текот на својата историја, христијанството се раширило скоро по целиот свет и денеска, таа е најголемата религија со најмногу верници на светот. Во својата историја, дошло и до различни религиозни спорови и тие довеле до создавање на различни гледања на христијанството. Денес, најголеми христијански цркви се Римокатоличка црква и Православната црква.

Одоакар

Одоакар (433-493 година) по потекло бил половина Хун, a полoвина Херул. Во историјата е познат како човекот кој го срушил Западното Римско царство. На 4 септември 476 година го симнал од престолот последниот западноримски цар Ромул Августул и станал првиот варварски крал на Италија, иако формално ја признавал власта на византискиот цар.

Остроготско Кралство

Остроготското Кралство, официјално познато како Кралство Италија (латински: Regnum Italiae), било воспоставено од Остроготите во Италија и соседните области од 493 до 553 година.

Во Италија, Остроготите предводени од Теодорих Велики, го убиле Одоакар. Под власта на Теодорих, првиот крал, Остроготското Кралство го достигнало својот зенит, протегајќи се од Франција на запад до Србија на исток. Теодорих самиот се нарекувал Gothorum Romanorumque rex („Крал на Готите и Римјаните“), демонстрирајќи ја желбата да биде лидер на двата народи.

Почнувајќи од 535, Источната Римска (Византиска) Империја на чело со Јустинијан I ја освоила Италија.

Прв вселенски собор

Прв вселенски собор — црковен собор одржан во Никеја, Битинија (во денешна Турција) во 325 година и истиот бил свикан од страна на римскиот император Константин I. Од него произлегла првата унифицирана и општоприфатена христијанска доктирна. Со создавањето на Никејски Симбол на верата, преседан бил создаден според кој за прв пат во историјата на црквата бил даден модел преку кој во иднина требало да бидат создавани догми и канонски доктрини.

Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската црква околу природата на Исус Христос во однос на Неговата врска со Отецот, односно попрецизно – дали Исус Христос имал иста или слична природа на Бог Отецот. Свети Александар и Свети Атанасиј ја завзеле првата позиција (дека Господ Исус Христос има иста природа со Бог Отецот), додека Ариј (од кого се развива и подоцнежното Аријанство) се залагал за второто тврдење. На овој собор било поддржано првото тврдење со огормно мнозинство (од сите присутни, само двајца гласале во полза на на презвитер Ариј)). Другото решение кое било донесено на овој Вселеснки собор се однесувало на датумот на славењето на Велигден (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се одбележува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското хебрејско сметање на времето (квардодециманизам) и дал овластување на Александрискиот Архиепископ секоја година да го соопштува датумот на останатите архиепископи.

Првиот вселенски собор има и посебно историско значење затоа што претставува прв обид за донесување на одлуки преку консензус (католичански) на претставници на сите христијански верници, и оттука е првиот пример на техничка христологија.

Рано христијанство

Раното христијанство е поим со кој се означува историјата на христијанството од смртта на Исус Христос во околу 30 година до Првиот вселенски собир во Никеја во 325 година.

Раното христијанство постоело како едно верско движење односно се сметало како секта во внатрешноста на Јудаизмот за да во текот на векот потполно се одвои од таа вера. Седиштето на новата религија во почетокот се наоѓало во Ерусалим, но по неуспехот на Симон бар Кохба во востанието и разрушувањето на храмот, позицијата на христијанската црква во градот се намалила. Во меѓувреме, престолнината на Римската империја, градот Рим станал седиште на христијанството, а римскиот епископ станал најдоминантен помеѓу верниците кој подоцна ја добил титулата Папа.

Во текот на ранохристијанскиот период, христијаните на повеќе пати биле прогонувани од страна на римските императори за да во времето на Константин I Велики стане официјална религија во империјата, а престолнината била преместена во Константинопол.

Список на византиски битки

Во продолжение следи спиок на битки кои се воделе меѓу Византија, од VI век до средината на XV век, подредени по временски редослед. Списокот не е сеопфатен. За битките кои се воделе во периодот пред VI век, Погледајте Список на римски битки.

Франција

Француска Република или Франција (француски: République française или France) ( /ˈfræns/ — демократска држава чиј главен дел од територијата (метрополитенскиот дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површина е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (метрополитенскиот дел) со 62.448.977 жители (1 јануари 2009), во чиј состав влегуваат прекуморски домени и територии (DOM — TOM) лоцирани на други континенти, па вкупната површина изнесува 675.417 км2, а вкупното население од 65.073.482 жители (1 јануари 2009).

Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите прекуморски домени и територии исто така се граничи со Бразил и Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), како и со Антилите (во делот на Свети Мартин). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку каналскиот тунел, кој минува под Англискиот Канал, односно Ламанш.

Франција е демократска држава, организирана како унитарна полупретседателска република. Таа е развиена држава чија модерна економија е петта по големина во светот (2009). Нејзините главни вредности се изразени во Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот.

Главен а воедно и најголем град, со повеќе од 12 милиони жители, е Париз.

Официјален јазик на Франција е францускиот јазик. Во регионите се говорат и други дијалекти, говори и јазици како гасконски, провансалски, бретонски и др.

Франција е најголемата франкофонска држава во светот по број на говорители, но втора по број на жители, по Демократска Република Конго со околу 67 милиони.

Главна религија во Франција е католичката со 64 %, 31 % се атеисти а 5 % од населението се муслимани.

Франција е една од земјите основачи на Европската Унија, една од основачите на НАТО и на ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН.

Таа припаѓа на Еврозоната и на Шенген-зоната, членка е на Франкофонијата и на Латинската унија, дел од групата Г8 најразвиени земји во светот и на Организацијата за економска соработка и развој (OCDE).

Како воена сила, ја поседува главната војска во Европската Унија и е една од седумте земји кои официјално поседуваат атомско вооружување.

Шеф на државата е претседателот Емануел Макрон (2017-), а актуелен премиер е Едуар Филип.

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.