Аргентина

Аргентина, офиц. Аргентинска Република[7] (шпански: República Argentina) — држава во Јужна Америка, сместена меѓу Андите на запад и Атлантскиот Океан на исток. Се граничи со Парагвај и Боливија на север, Бразил и Уругвај на североисток и Чиле на запад. Главен град на државата е Буенос Аирес, каде живее повеќе од една четвртина од населението кое брои (39.144.753 жители).

Аргентинска Република
República Argentina  (шпански)
Знаме на Аргентина Грб на Аргентина
Знаме Грб
Гесло"En unión y libertad"  шпански
„Во единство и слобода“
Химна„Химна на Аргентина“

Sol de Mayo  (шпански)
(Мајското сонце)

Sol de Mayo-Bandera de Argentina
Аргентина е во црно зелена.

Аргентина е во црно зелена.

Главен град
(и најголем)
Буенос Аирес
34°36′S 58°23′W / 34.600° ЈГШ; 58.383° ЗГД
Службен јазик Шпански(de facto)
Народности  Белци (97%); Местици, Америндијанци (3%)[1]
Демоним Аргентинци
Уредување федеративна република
 •  Претседател Маурисио Макри
 •  Потпретседател на сенатот
Габриела Микети
 •  Претседател на Врховниот суд Рикардо Лоренцети
Законодавство Национален конгрес на Аргентина
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Собрание
Независност од Шпанија 
 •  Мајска револуција 25 мај 1810 
 •  Независност 9 јули 1816 
 •  Тековен устав 1 мај 1853 
Површина
 •  Вкупна 2.780.400 км2 (8)
 •  Вода (%) 1.57
Население
 •  проценка за 2016 г. 43.847.430[2] 
 •  Попис 2010 40,117,096[3] (32ра)
 •  Густина 14.4 жит/км2 [3](212th)
БДП (ПКМ) проценка за 2016 г.
 •  Вкупен $879.447 милиони[4] (25та)
 •  По жител $20,170[4] (56та)
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно $628.935 милиони[4] (21va)
 •  По жител $12,425[4] (53ta)
Џиниев коеф. (2014)нагативен пораст 42.7[5]
среден
ИЧР (2015) 0.827[6]
многу висок · 45ta
Валута аргентински пезос (ARS)
Часовен појас ART (UTC−3)
Датумски формат дд.мм.гггг
Се вози на десно
НДД .ar
Повик. бр. +54

Етимологија

Името на Аргентина доаѓа од латинскиот збор argentum (сребро). Тој збор влече корени од старогрчкиот збор ἀργήντος (argēntos), "бело, сјајно". Αργεντινός е старогрчки епитет што значи "сребрен". Првите кои го употребиле зборот Argentina се Шпанските и Португалските колонизатори на Рио де Ла Плата во 16 век. Рио де Ла Плата значи "Сребрена Река" на шпански јазик.

Историја

Периодот пред Колумбо

SantaCruz-CuevaManos-P2210651b
Пештерата на рацете во покраината Санта Круз, со слики кои датираат од пред 13,000–9,000 години

Територијата на денешна Аргентина била ретко населена пред доаѓањето на европските колонисти. Индијанскиот народ Диагуита живеел на овие простори во денешна северозападна Аргентина, во соседство со Империјата на Инките, а недалеку, односно источно живеел и опстојувал народот Гварани.

Колонијална ера

Првите европјани на оваа територија стапнале во 1502 година, на чело со Америго Веспучи. Шпанците основиле стална колонија на местото каде денеска се наоѓа престолнината на Аргентина, Буенос Ариес во 1580 година, како дел од Вицекралството Перу. Вицекралството било формирано во времето на Карло V, цар на Светата Римска империја на 20 ноември 1542 година со потпишувањето на кралскиот декрет во Барселона. Веднаш по ова започнала граѓанската војна помеѓу Франциско Пизаро и Диего де Алмагро за тоа кој да управува со Перу.

По создавањето на Вицекралството Рио де ла Плата во 1776 година, Аргентина заедно со денешните земји Парагвај, Уругвај и голем дел од Боливија биле вклучени во нејзиниот состав. Престолнина на вицекралството бил градот Буенос Аирес, кој станал голем трговски и финансиски центар. Ова вицекралство било формирано во 1776 година по неизиното одвојување од Вицекралството Перу. Целта на формирањето била заштита на шпанските колонии од се почестите англиски и португалски амбиции за овој регион.

Независноста и граѓанските војни

José de San Martín (retrato, c.1828)
Портрет на генерал Жозе де Сан Мартин, ослободител на Аргентина, Чиле и Перу

Веќе во 1810 година започнало пропаѓањето на вицекралството по објавувањето на независност на Аргентина и Уругвај во 1810 година под името Соединетите покраини на Рио де ла Плата а во 1816 година објавила и независност, потоа Парагвај во 1811 година, Боливија во 1825. Уругвај пак во периодот од 1816 до 1828 година се борел против Бразил и Португалија кои сакале оваа територија да ја приклучат кон нивната држава.

Во втората половина на 19 век, Аргентина се развила главно поради својата добра географска положба и пред се излегувањето на море. Во периодот од 1865-1870 година, Аргентина заедно со Бразил и Уругвај воделе војна против Парагвај.

Перонизам

Museo del Bicentenario - "Retrato de Juan Domingo Perón y Eva Duarte", Numa Ayrinhac
Официјалниот претседателски портрет на Хуан Доминго Перон и неговата сопруга Ева Перон, 1948

Во текот на модерната историја на Аргентина, на чело на земјата застанале поголем број на избрани власти и воени диктатури. Социјалните и политичките прилики довеле до доаѓање на власт на Хуан Доминго Перон во 1946 година. Самиот Перон спровел агресивна политика во земјата, главно насочена кон зајакнување на земјата. Хуан Доминго Перон на власт се задржал до 1955 година, кога на негово место застанал со воен удар Едвардо Лонарди. Перон бил принуден во прогонство и покрај тоа што останал многу популарен во земјата.

Во текот на 1960-тите, власта се обидела да се соочи со проблемите околу економскиот раст на земјата и социјалните проблеми. Во следните години владееле голем број на немири помеѓу приврзаниците на Перон и неговите непријатели. Така, на крај Перон се вратил од прогонство и на изборите во 1973 година победил на изборите. Тој починал во 1974 година, а власта по ова била превземена од страна на милитаристите. Земјата и во следните години се соочила со неповолната економска состојба.

Валканиот период

Овој период од историјата на Аргентина е познат и како гнасен или валкан период, во кој биле убиени и затворени голем број на неистомисленици на воената диктатура, проследено преку кршење на основните човечки права. Се смета дека жртви на режимот биле околу 10.000 до 30.000 население. Сепак, милитаризмот на Аргентина дошол во криза главно поради нерешените економски проблеми на народот.

Во 1982 година се водела Фолкландската војна помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство за спорните Фолкландски острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвички острови. Во времето пред војната, Аргентина била зафатена од голема економска криза и граѓански немири против воената хунта која владеела од 1976.[8] Аргентинската воена власт настојувала да ја задржи моќта преку пренасочување на вниманието на јавноста на вековниот спор со Британија околу суверенитетот на островите[9], но не очекувала дека Британија ќе одговори со воена сила.[10] Суверенитетот на Фолкландските острови е предмет на тензии кој ескалирал кога на 19 март група најмени аргентински трговци го истакнале знамето на Аргентина на Јужна Џорџија, што подоцна било сметано за првиот офанзивен акт во војната. Аргентинската воена хунта, сметајќи дека Британија може да го засили военото присуство во јужниот Атлантик,[11] ја наредила инвазијата на островите за 2 април. Веста за инвазијата најпрво стигнала во Британија преку аматерско радио.[12] Британија најпрво била изненадена од нападот на Аргентина, и покрај повеќекратните предупредувања од своите морнарички офицери за можната инвазија.[13][14] Само неколку недели подоцна, Британците започнале поморска и воздушна офанзива, и за кусо време ги зазеле островите и ги заробиле сите аргентински војници што биле стационирани на нив.

По крајот на војната, под голем притисок на јавноста, во Аргентина конечно биле вратени политичките слободи па од 1983 година биле распишани демократски избори.

Географија

Аргентина зафаќа површина од 2.766.889 км², од кои 2.736.691 км² на копно и 30.200 км² на вода. Аргентина е приближно 3.700 км долга од север до југ, и 1.400 км од исток до запад. Земјата, географски може да биде поделена на четири делови: од плодните полиња на пампас во центарот на државата, изворот на аргентинското агрикултурно богатство; рамната, богата со нафта висорамнината Патагонија во јужната половина на Огнената Земја; Суппропските рамнини на Гран Чако во северот; и верижниот Андите во должина на западната граница на Чиле.

Највисоката точка на Аргентина е лоцирана во Мендоза. Аконкагва, на 6.962 метри е највисоката планина во Јужна Америка и во западната полутопка. Најниската точка е Лагуна дел Кабон во Санта Круз, −105 метри под морскота ниво. Ова е најниската точка во Јужна Америка.

Земјата има терироријална претензија врз дел од Антартикот (непризнаена од ниедна земја) каде, од 1904 г. до денес има постојано присуство.

Флора и фауна

Пампас

Рамнините западно и јужно од Буенос Аирес. Наречени влажна пампа, тие покриваат повеќето од покраини на Буенос Аирес и Кордоба, и големи делови од покраините Санта Фе и Ла Пампа западниот дел од Ла Пампа и покраината Сан Луис исто така имаат рамнини (сувата пампа).

Гран Чако

Регионот Гран Чако во северот на земјата има суви/мокри сезони. Најмногу со плантажи за памук. Ги покрива покраините Чако и Формоса. Покриена е со суптропски шуми, тундри и некои мочуришта, и голем број на растениски и животински врсти. Покраината Сантијаго дел Естеро лежи во посув регион на Гран Чако.

Месопотамија

Земјата помеѓу реките Уругвај и Парана е наречена Месопотамија и е поделена помеѓу покраините Кориентес и Ентре Риос. Има рамнини поволни за растење на растенија и Ибера мочуриштата и централните Кориентес. Покраината Мисионес е повеќе тропска и припаѓа на бразилските висорамнини има суптропски дождовни шуми и водопадите Игуасу.

Патагонија

Степите на Патагонија во покраините Неукен, Рио Негро, Чубут и Санта Круз се од трето потекло, повеќето од регионите се пустински. Огнената Земја е ладна и мокра. Северна Патагонија може да се сретне и под името Комахуе.

Западноцентралната Аргентина е доминирана од огромните планини Андите. На нивниот исток има еден регион познат како Кујо. Топењето на водите од височините на планините создале оази на центарот на богато со овошје и вино во покраините Мендоза и Сан Хуан. Подалечните северни региони стануваат се потопли и се посуви.

Реки и езера

Поголемите реки во Аргентина се: Пилкомајо, Парагвај, Бермејо, Колорадо, Рио Негро, Соладо, Уругвај и најголемата Парана. Последните две се соединуваат пред да се влеат во Атлантскиот Океан, формирајќи ја Рио Де Ла Плата. Регионално најважните реки се Ауел и Мендоза во истонаречената покраина Чубут во Патагонија, Рио Гранде во Хухуј и Сан Франциско во Солта.

Има неколку големи езера во Аргентина повеќето од нив во Патагонија. Заедно со нив се Аргентино и Виедма во Санта Круз, Нахуел Хуато во Рио Негро, Фагноно во Огнена Земја, Кохуе Хуати и Мустерс во Чубут. Езерата Буенос Ариес и О’Хигнис/Сан Мартин се поделени со Чиле. Кордоба се најголемите Солени езера во земјата.

Брегови и мориња

Аргентина има 4.665 km долг брег. Континенталната платформа е необично долга; Во Аргентина ова плитко место во Атланскиот Океан се вика Мар Аргентино. Водите се богати со риби и се сомнева дека во неа се има важно хидројаглеродно богатсво. Аргентинскиот брег варира помеѓу места со песочни плажи и со гребени. Две поголеми океански струи влијаат на брегот се Топлата бразилска струја и Ладната фокландска струја. Поради различната брегова височина, двете струи го зголемуваат или намалуваат своето влијаење и не дозволуваат тампературата да се намалува правопропорционално со височината. Јужните брегови на Огнената Земја го формираат северниот брег на Дракенскиот Премин.

Клима

Поради лонтудата и елевацијата на амплитудите, Аргентина е земја со многу клими. Како по правило, климата е со голема лепеза на температури од суптропски на север до субполарни на југ. Северот на земјата е карактеризиран со многу жешки суви лета со млаки и влажни зими, истотака и со периодични суши. Централна Аргентина има жешки лета со бури и ладни зими. Јужните региони имаат топли лета и ладни зими проследени со многу снег, посебно во планинските предели.

Најжешката и најладната температура забележани во Јужна Америка се случиле во Аргентина. Рекордно жешко било во Вила Де Мариа во Кордоба на 2 јануари 1920 изнесувала 49.1 °C. Најниската температура која била забележана била -39 °C во Вале де лос Патос Поголемите во Сан Хуан, 17 јули 1972. Поголеми ветрови во Аргентина се ладниот Памперо кој дува на рамнините на Патагонија и во Пампас, Виенто Норте, топол ветер што дува на северот во средината или касна зима креирајќи благи услови. Зонда жежок сув ветер кој дува во западно-централна Аргентина.Исцедени од сите влаги за време на 6,000 метарското спуштање од Андите. Зонда може да дува со часови со брзина до 120 милји на час. Кога Зонда дува (Јуни-Ноември) снежни бури се појавуваат на повисоките височини.

Суестада или Југоисток е слична на Нореастер иако ретко паѓа снег.двете се одликуваат со длабоко зимски низок притисок. Најчесто се појавува со доцна есен и зима по должината на бреговите на централна Аргентина најчесто во Рио де ла Плата. Во јужните региони обично на далечен југ за време од ноември до февруари се појавува феномен на повеќе дневна светлина (до 19 часови) и продолжени ноќи од мај до август.

Најисточната точка на Аргентина е градот Бернардо де Иригојен, Мисионес ( 26°15′S, 53°38′W), нај западната точка е Марианно Морено Ранге во Санта Круз( 49°33′S, 73°35′W). Најсевернета точка е Гранде де Сан Хуан и Мојинете Реките во Хухуј ( 21°46′S, 66°13′W), и најјужната точка е Капе Сан Пио во Огнена Земја( 55°03′S, 66°31′W). извор од Б.в.

Административна поделба

Argentina, administrative divisions - mk - colored (+claims)
Карта на покраините во Аргентина

Аргентина е поделена на 23 покраини (provincias) и еден автономен град (ciudad autónoma). Сите имаат свои устави, но сепак сочинуваат една федерална целина.

Покраините потоа се делат на департмани (departamentos), освен покраината Буенос Аирес, која е поделена на делови (partidos).

Население, јазик и религија

Во Аргентина живеат околу 40.134.000 луге, официјален јазик е шпански. Поголемиот дел од населението се католици.

Култура во Аргентина

Аргентинците се мешавина на различни национални и етнички групи, доминанто потомци на италијански и шпански доселеници кои заедно сочинуваат околу 88% од населението. Брановите на имиграција од многу европски земји стигнале во Аргентина на крајот на XIX и почетокот на XX век.

Аргентиската култура одржува мултиетнички и мултикултурален карактер на своето население. Најголемо влијание на создавањето на аргентинската култура имале европските доселеници, што може да се забележи во архитектурата,модата и дизајнот. Исто така и традицијата на америчките домородци е дел од аргентиската култура.

Спорт во Аргентина

Аргентина има прилично развиена спортска инфраструктура, а во некои спортови се наоѓа и во самиот врв. Национален спорт е пато, спорт кој настанал на почетокот на седумнаесеттиот век. Пато е спорт сличен на хорсбол.

Фудбалот е најпопуларен спорт во државата, а аргентиската фудбалска репрезентација е една од најуспешните во светот. Покрај националните тимови на Бразил и Франција, Аргентина е единствена држава која успеала да ги освои трите најпрестижни натпреварувања: светско првенство, куп на конфедерации и златен медал на олимписките игри. Исто така четиринаесет пати го освоила американскиот куп, шест пати златен медал на панамериканските игри и освоила други бројни трофеи. Аргентиските фудбалери Алфрефо ди Стефано, Диего Марадона и Лионел Меси се сметани за едни од најдобрите фудбалери во историјата на светскиот фудбал.

Хуан Мануел Фанџо е петкратен светски шампион во Формула 1. Победил на 102 од 184 меѓународни трки и се смета за еден од најдобрите автомобилисти во историјата на овој спорт.

Кошаркарската репрезентација на Аргентина е освојувач на златни медали на светските кошаркарски првенства и на олимписките игри, како и на првенствата на Америка и на Панамериканските игри. Исто така тринаесет пати била шампион на Јужна Америка. Едни од најпознатите аргентиски кошаркари се Емануел Џинобили, Андрес Носиони и Луис Скола.

Некои од најголемите боксери се од Аргентина, меѓу нив се наоѓа Карлос Монзон, боксер кој многу луѓе го сметаат за најдобар боксер во историјата на спортот во средна категорија. Паскал Перез, Виктор Галиндез и Николино Лоче се членови на меѓународната куќа на славните.

Женската репрезентација на Аргентина во хокеј на трева, познати како лавици, е една од најуспешните во светот. Лусијана Ајмар е прогласена за најдобар играч во историјата на овој спорт, и е единствен играч кој успеал да ја освои наградата за најдобар светски играч на годината во овој спорт дури осум пати.

Поло е спорт во кој Аргентина е неприхосновен владетел. Од триесетите години на дваесетиот век па до ден денес ретко кога некој успеал да го победи националниот тим на Аргентина во овој спорт. Аргентинската лига е најважно и најквалитетно натпреварување во овој спорт. Поголемиот дел од најдобрите играчи во овој спорт се од Аргентина, меѓу кои е и Адолфо Камбијасо, кој се смета за најдобар играч во историјата на овој спорт.

Наводи

  1. http://www.bartleby.com/151/ar.html
  2. „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. конс. 10 September 2017. (англиски)
  3. 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име totalpop.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Argentina“. World Economic Outlook Database. International Monetary Fund.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име gini.
  6. „2016 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2016. конс. 25 March 2017.
  7. Дипломатски претставништва на Република Македонија во Јужна Америка mfa.gov.mk
  8. Argentina - the horrors of a dictatorial past live on - Radio Netherlands Worldwide - English
  9. http://www.me.gov.ar/curriform/publica/sirlin_conv_dictadura.pdf Argentine Government
  10. La Nación / Islas Malvinas Online. „Haig: "Malvinas fue mi Waterloo". Unknown parameter |accessyear= ignored (помош); Unknown parameter |accessmonthday= ignored (помош) (шпански)
  11. En Buenos Aires, la Junta comenzó a estudiar la posibilidad de ocupar las Islas Malvinas y Georgias antes de que los británicos pudieran reforzarlas
  12. BBC NEWS | UK | How BBC man scooped invasion news
  13. Obituary: Captain Nicholas Barker | Independent, The (London) | Find Articles at BNET.com
  14. high cost of cuts, The | Spectator, The | Find Articles at BNET.com

Надворешни врски

.ar

.ar е главен Интернет домен за Аргентина. Со доменот управува Министерството за надворешни работи на Аргентина.

Јужна Америка

Јужна Америка — еден од седумте континенти на планетата Земја. Се наоѓа на јужната земјина полутопка, односно во јужната хемисфера. Таа е дел од целокупното копно Америка, инаку поделено на три континенти, меѓу кои спаѓа и Јужна Америка (покрај северна и средна Америка). Името на овој континент, исто како и на другите две Америки, доаѓа од името на италијанскиот морепловец Америго Веспучи.

Јужна Америка зафаќа површина од околу 17,818,508 км2 и има население од околу 355,070,540 жители. Според овие податоци, Јужна Америка е на четврто место во светот во секоја од овие две категории, по Евроазија, Африка и Северна Америка.

Анди

Андите се најдолгиот континентален планински венец во светот. Тие составуваат долг планински венец покрај западниот брег на Јужна Америка. Должината на планинскиот венец изнесува околу 7.000 километри и широк е од 200 до 700 километри. Просечната висина на планинскиот венец е околу 4.000 метри надморска височина. Највисок врв на Андите е Аконкагва со 6.962 метри надморска височина.

Самиот планински венец е поделен на неколку помали планински венци, па така често се одделуваат два големи наречени Западна Кордилера и Источна Кордилера кои се одделени од депресија. Андите се протегаат низ седум јужноамерикански држави: Аргентина, Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор, Перу и Венецуела кои се познати и како Андски држави.

Аргентина на Олимписките игри

Аргентина првпат настапила на Олимписките игри во 1900 г. и оттогаш учествувала скоро на сите игри освен во 1904, 1912 и Летните олимписки игри во 1980 година кога истите ги бојкотирала.

Аргентина првпат настапила на Зимските олимписките игри во 1928 г. и никогаш нема освоено медал. Аргентинските спортисти на Олимписките игри освоиле вкупно 66 медали од кои 17 златни.

Националниот олимписки комиотет на Аргентина бил основан во 1923 година и бил признаен истата година.

Аргентинско Море

Аргентинско Море (шпански: Mar Argentino) — море на континенталниот гребен кај источниот атлантски брег на Аргентина.

Буенос Аирес

Буенос Аирес (шпански: Buenos Aires - „добар ветер, добар воздух“) е метропола и најголем град во Аргентина. Расположен е на десниот брег на реката Ла Плата при нејзиното влевање во Атланскиот Океан.

Населението на градот е 2 746 761 жители според пописот од 2005 година. Жителите на Буенос Аирес се главно Аргентинци од шпански и италијански потекла, но има со арапски, еврејски, кинески и корејски потекла.

Германци

Германци (германски: Deutsche) се етничка група што дели иста германска култура, односно чии припадници го зборуваат германскиот како мајчин јазик и имаат германско потекло. Германци исто така се викаат и носителите на германско државјанство.

Најголемиот број Германци живеат во Германија (75 милиони). Од вкупно 100 милиони зборувачи на германскиот јазик во светот, околу 75 милиони се сметаат за Германци. Постојат и други 70 милиони луѓе со германско потекло (главно во САД, Бразил, Аргентина, Казахстан и Канада) чиј мајчин јазик не е германски, но кои сепак се сметаат за етнички Германци, со што вкупниот број на Германци во светот е помеѓу 75 и 160 милиони, во зависност од критериумот (германски како мајчин, целосно германско потекло или делумно германско потекло). Во САД, 15,2% од државјаните се декларираат како германски Американци, според пописот од 2000 година, што е повеќе од сите други етнички групи.

Дански јазик

Данскиот јазик е еден од северните германски јазици (или скандинавски јазици), подгрупа на германската гранка на индоевропските јазици. Го зборуваат околу 6 милиони луѓе, главно во Данска, а го зборуваат и 50.000 Данци во северните делови на Шлезвиг-Холштајн во Германија, кадешто има статус на малцински јазик. Данскиот јазик е исто така официјален јазик и задолжителен училишен предмет во данските територии на Гренланд и Фарските Острови, коишто сега имаат ограничена самостојност. Во Исланд и Фарските Острови, данскиот, покрај англискиот, е задолжителен странски јазик во училиштата. Во Северна и Јужна Америка, постојат данско-јазични заедници во Аргентина, САД и Канада.

Парагвај

За други значења на поимот „Парагвај“ видете ја страницата за појаснување.Парагвај (шпански: Paraguay, гварански: Paraguái), или официјално Република Парагвај (República del Paraguay,Tetã Paraguái), е независна држава во Јужна Америка без излез на море. Парагвај се граничи со Аргентина на југ и југозапад, со Бразил на исток и североисток и со Боливија на северозапад. Парагвај се наоѓа на бреговите на реката Парагвај, со своите притоки, и таа поминува низ земјата при што ја дели на два дела. Поради својата централна местоположба во Јужна Америка, Парагвај често се нарекубва „Срцето на Америка“ (Corazón de América).Гвараните живееле на територијата на Парагвај долго време пред доаѓањето на Европејците во 16 век. Во 16 век територијата која денес е Парагвај била во склоп на Шпанската колонијална империја. Парагвај се стекнал со независност од Шпанија во 1811 година и државата била управувана од неколку диктатори кои имале изолирачки и заштитнички политики. Ваквата состојна кулминирала за време на Парагвајската војна кога државата изгубила 60 до 70% од вкупното население и голем дел од територијата. Во поголем дел од 20 век Парагвај бил под владеење на Алфредо Стреснер, чие владеење претставува едно од најдолгите воени диктаторства во Јужна Америка.

Парагвај има население од 6.3 милиони жители според проценките од 2009 година. Главен град на државата е Асунсион, кој е и најголем град во Парагвај. Официјални јазици во Парагвај се шпанскиот и гаваранскиот. Двата јазика се зборувани од над 90% од населението.

Иако сè уште се смета за еден од најсиромашните и најслабо развиените држави, во 2010 година економијата на Парагвај забележала пораст од 14.5%, што е најголема економска експанзија во Јужна Америка и трета најбрзо растечка економија во светот, зад Катар и Сингапур. Според податоците за 2011 година, екомонскиот развој на земјата бил 6.4%.

Светско првенство во фудбал

Светското првенство во фудбал е меѓународно натпреварување во фудбал кое се одржува под покровителство на ФИФА. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од сите земји кои се членки на ФИФА.

Завршниот турнир се одржува на секои четири години, а според моментните правила на него учествуваат 32 репрезентации. Во минатото на завршниот турнир учествувале 13, 16 и 24 репрезентации.

Првото светско првенство е одржано во 1930 година во Уругвај, а прв првак станала домашната репрезентација, која во финалето ја победила репрезентацијата на Аргентина со 4-2. Значаен придонес за развојот на светското првенство дал Французинот Жил Риме, по кого во 1950 година бил наречен победничкиот пехар. Во 1970 година, Бразил станал светски првак по трет пат, со што го освоил пехарот во трајна сопственост. Следната година бил претставен нов пехар, кој се доделува и денес.

Најмногу светски титули досега има освоено репрезентацијата на Бразил, вкупно 5.

Од 1991 година, ФИФА организира и Светско првенство во фудбал за жени.

Светско првенство во фудбал 1998

Светското првенство во фудбал 1998 година кое се одржало во Франција од 10 јуни до 12 јули 1998 година, било 16. првенство по ред. Франција била избрана за домаќин на првенството на 2 јули 1992 година, победувајќи го Мароко кој добил само 7 гласови наспроти 12 за Франција. Турнирот му припаднал на домаќинот, репрезентацијата на Франција, која во финалето ја победила селекцијата на Бразил со резултат 3-0. Тоа воедно била и прва титула на светските првенства за Франција со што тие станале седма земја која триумфирала на светско првенство во фудбал и шеста нација на која тоа и успеало на домашен терен (по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина).

Ова било првото светско првенство на кое учествувале 32 репрезентации. Официјалната фудбалска топка со која се играло на првенството била наречена Адидас триколоре.

Светско првенство во фудбал 2006

Светското Првенство во Фудбал 2006 беше 18-тото издание на ФИФА Светското Првенство во фудбал, квадренијалниот турнир на меѓународната асоцијација за фудбал. Беше одржано од 9 јуни до 9 јули, 2006 во Германија, која го доби правото да биде домаќин на настанот во јули 2000. Италија го освои својот четврт шампионат, поразувајќи ја Франција со 5–3 на пенали по продолженија кои завршија со нерешен резултат 1-1. Германија ја порази Португалија со 3-1 и го освои третото место.

Тимовите на 198 национални фудбалски асоцијации од сите шест континенти учествуваа во квалификациониот процес кој започна во декември 2003. Триесет и два тима се квалификуваа од овој процес за завршниот турнир.

Светско првенство во фудбал 2014

Светско првенство во фудбал 2014 (португалски: Copa do Mundo da FIFA 2014) — 20. светско фудбалско првенство кое се одржало во Бразил. Првенството започнало на 12 јуни, а финалето се одиграло на 13 јули 2014 година.

Бразил по втор пат бил домаќин на светско првенство, по Светското првенство во 1950. Бразил покрај Мексико, Италија, Франција и Германија, е петта држава која на двапати била домаќин на светското првенство.

Уругвај

За други значења на зборот „Уругвај“, видете ја страницата за појаснување.

Уругвај (шпански: Uruguay) — службено Источна Република Уругвај (República Oriental del Uruguay) — е независна држава во Јужна Америка. Уругвај се наоѓа на источната страна на континентот, на источниот брег на реката Уругвај. Уругвај на запад граничи со Аргентина, на север и исток со Бразил, на југ излегува на реката Рио де ла Плата и нејзината делта, а на југоисток на Атлантскиот Океан. Населението на Уругвај е околу 3.44 милиони луѓе, од кои 1.8 милиони живеат во главниот град Монтевидео. Со своите 176,000 километри квадратни, Уругвај е втора најмала суверена држава во Јужна Америка по површина, веднаш зад Суринам.

Територијата на Уругвај била населена од Чаруанците 4000 години пред да дојдат португалските истражувачи и колонисти и да ја основаат Колонија Сакраменто во 1680 година. Во споредба со останатите околни јужноамерикански држави, Уругвај бил колонизиран релативно подоцна. Монтевидео, денешниот главен град, бил основан како воено упориште на Шпанската Империја во раниот 18 век, односно во период кога денешната територија на Уругвај била цел на колонизаторско-експандициони стремежи на Шпанската Империја преку Аргентина од една страна и Португалската Империја преку Бразил од другата страна. Во периодот од 1811 година до 1828 година Уругвај се изборил за својата независност. Туѓото влијание во Уругавј било доминатно во политичко-надворешната сфера на Уругвај, а војската била една од поважните елементи на домашната политика. Следствено на тоа, во 1973 година се одвил државниот удар, со што се основало граѓанското-воено диктаторство. Воената влада гонела лево ориентирани поединци, социјалисти и полтички противници. Воената власт била соборена во 1985 година, и со тоа се основата современата демократска држава.

Уругвај е рангирана на првото место во однос на демократијата, мирот, низок степен на корпупција, е-влада, и прва во Јужна Америка кога е во прашање слободата на медиумите, големината на средната класа и просперитетот. По глава на жител, Уругвај допринесува кон миротворните мисии на ООН најмногу од сите држави. Покрај тоа, државата е на врвот во однос на отсуство на тероризам, единствена таква положба во Јужна Америка. Во регионот е на второт место во однос на економската слобода, еднаквоста на приходите, приход по глава на жител и директни странски инвестиции. Во однос на Индексот на човековиот развој и растот на БДП, иновација и инфраструктура, Уругвај е на третото место на континентот, Според ООН, Уругвај е држава со висок приход на населението. Скоро 95% од електричната енергија на Уругвај доаѓа од обновливи ресурси, воглавно хидроелектрани и ветерници. Уругвај е еден од основачите на ООН, ОАД, Меркосур, СЈАД и Движењето на неврзаните.

Уругвај денес се смета за една од социјално најнапредните држави, со што се издвојува на регионален план, и високо се рангира на светско ниво во однос на човековите права, толеранцијата и прашањата поврзани со интеграцијата на маргинални групи. Списанието „Економист“ (The Economist) го именувал Уругвај за „држава на годината“ за 2013 година.

Фолкландски Острови

Фолкландските Острови, познати и како Малвинските Острови или Фолклендски Острови, сочинуваат архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на околу 480 км од брегот на Јужна Америка, 1 100 км од брегот на Антарктикот и 6 100 км од брегот на Африка. Архипелагот се состои од поголемите острови Источен Фолкланд, Западен Фолкланд и 776 помали островчиња.

Моментално островите се под британска управа и сочинуваат автономна територија на Обединетото Кралство. Главниот град Стенли се наоѓа на Источен фолкланд. По новото воспоставување под британска власт во 1833, исто така и Аргентина сакала да ја воспостави својата власт врз островите. Аргентина воспоставила своја власт на островите во 1982. Ова ги вовлекло Аргентина и Велика Британија во необјвена војна, наречена Фолкландска војна, која на крајот завршила со пораз и повлекување на Аргентина. По војната имало силен економски раст во риболовот и туризмот.

Фудбалска репрезентација на Аргентина

Фудбалска репрезентација на Аргентина — државна фудбалска репрезентација на Аргентина под раководство на Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА). Аргентина има освоено најмногу меѓународни титули од било кој друга репрезентација (19), рекорд кој го дели само со Уругвај.Аргентина е една од најуспешните фудбалски репрезентации во светот, а моментално е на првото место на Светската ранг-листа на ФИФА. Репрезентацијата двапати го има освоено Светското првенство во фудбал во 1978 и во 1986. Аргентина го освоила Јужноамериканското првенство 14 пати, рекорд кој го споделува со Уругвај, и го освоила Купот на конфедерации во 1992 година и Олимпискиот фудбалски турнир во 2004 и 2008 година.

Аргентина, Бразил и Франција се единствените три репрезентации кои ги освоиле трите најважни машки титули признати од ФИФА: Светското првенство, Купот на конфедерации и Олимписките игри. Трите репрезентации исто така го освоиле и соодветното континентално првенство (Копа Америка за Аргентина и Бразил и Европското првенство за Франција).

Фудбалска репрезентација на Уругвај

Фудбалската репрезентација на Уругвај е фудбалски тим кој го претставува Уругвај на меѓународните натпревари и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Уругвај.

Уругвај го освоил Светското првенство; првиот пат во 1930 година (кога бил домаќин), победувајќи ја во финалето Аргентина со 4-2. Втор пат го освоиле во 1950, кога во финалето со 2-1 го победиле Бразил. Тимот исто така освоил и две златни медали на Летните олимписки игри во 1924 и 1928, пред создавањето на Светското првенство. Уругвај освоил повеќе меѓународни титули (19) во 20 век за разлика од било која друга земја во светот и сè уште го држи овој рекорд, иако сега го споделува со Аргентина.

Нивниот успех го зголемува и фактот што Уругвај има многу малку жители. Уругвај е единствената земја во светот која го освоила Светското првенство, а има помалку од 4 милиони жители. Всушност, само шест нации со население помало од тоа на Уругвај досега учествувале на Светското првенство: Северна Ирска (3 пати), Велс, Кувајт, Словенија и Тринидад и Тобаго. Исто така, Уругвај е најмалата нација која го освоила Олимпискиот медал во било кој тимски спорт.

Уругвај е и најмалиот член на КОНМЕБОЛ-от, јужноамериканската фудбалска конфедерација. Без оглед на тоа, Уругвај го освоил 14 пати Американското првенство, рекорд кој го споделува со Аргентина.

Меѓутоа, нивото на фудбалската репрезентација на Уругвај се намалило во последно време, бидејќи Уругвај се квалификувал само еднаш во последните четири Светски првенства, иако останал силен тим во Јужна Америка, завршувајќи на третото и четвртото место во последните два Американски купови.

Чиле

Чиле (офиц. Република Чиле, шпански: República de Chile) — држава која го опфаќа централниот и јужнозападниот брег на Јужна Америка. Главен град е Сантјаго. Чиле се граничи со Tихиот Oкeaн на запад, сo Перу на север, Боливија на североисток и со Аргентина на исток.

Покраини
Автономни градови
Држави и територии во Америка
Независни
држави
Зависни и
други територии

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.