АФК Борнмут

АФК Борнмут е англиски фудбалски клуб од Борнмут, грофовијата Дорсет, кој моментално се натпреварува во Премиер лигата.

Клубот е основан во 1899. Поголемиот дел од својата историја го поминал во пониските англиски дивизији најчесто помеѓу третото и четвртото ниво. Под водство на менаџерот Еди Хау, Борнмут забележал две промоции во три години и во сезоната 2015-2016 за прв пат се натпреварува во највисокото ниво на англискиот фудбал, Премиер лигата.

Прекарот на клубот e цреши. Клупските дресови, од 1972 се со вертикално наизменична црвено-црна боја, како оние на ФК Вардар или на италијанскиот Милан. Поради таа причина во сезоните 2004-2005 и 2005-2006 поминале низ процес на преуредување на дресовите, со доминација на црвената боја. Но, на барање на навивачите клубот одлучил да ја врати старата верзија на дресовите во риги.

Поради финансиските проблеми, клубот често бил принуден да ги продава најдобрите играчи, како Мат Холанд, Карл Флечер, Брајан Сток, Џејмс О'Конор и Џејмс Хејтер.

АФК Борнмут
AFC Bournemouth (2013).png&filetimestamp=20150419090725&
Целосно имеАтлетик Фудбал клуб Борнмут
ДржаваАнглија Англија
Прекарцрешите
Основан1890
Бои          црвена и бела
СтадионДин Корт
Боскомб, Борнмут
Капацитет11,329
СопственикРусија Максим Демин
ПретседателАнглија Џеф Мостин
ТренерАнглија Еди Хоу
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2018–19Премиер лига, 14. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Играчи

Моментален состав

Бр. Позиција Играч
1 Полска ГМ Артур Боруч
2 Англија ОД Сајмон Френсис Captain sports.svg
3 Англија ОД Стив Кук
4 Англија СР Дан Гослинг
5 Холандија ОД Нејтн Аке
6 Англија СР Андрју Срман
7 Англија СР Марк Пју
8 Колумбија СР Џеферсон Лерма
9 Франција НП Лис Мусе
10 Англија НП Џордон Ајб
11 Англија СР Чарли Дениелс
13 Англија НП Калум Вилсон
15 Англија ОД Адам Смит
Бр. Позиција Играч
16 Англија СР Луис Кук
17 Норвешка НП Џошуа Кинг
19 Англија СР Џуниор Станислас
20 Велс СР Дејвид Брукс
21 Шпанија ОД Диего Рико
22 САД СР Емерсон Хајндмен
23 Англија ОД Натаниел Клајн
24 Шкотска СР Рајан Фрејзер
25 Англија ОД Џек Симпсон
27 Босна и Херцеговина ГМ Асмир Беговиќ
28 Англија СР Кајл Тејлор
29 Англија НП Доминик Соланке
33 Велс ОД Крис Мефам

Титули

  • Трета дивизија (1) : 1986–87.

Надворешни врски

Soccer ball.svg Портал „Фудбал“
Flag of England.svg Портал „Англија“
Џорџ Бест

Џорџ Бест (англиски: George Best) (22 мај 1964 - 25 ноември 2005) — северноирски професионален фудбалер кој настапувал на позицијата крило за Манчестер Јунајтед и националниот тим на Северна Ирска. Во 1968 година, тој го освоил Европскиот куп со Јунајтед и бил именуван за Европски фудбалер на годината и за Фудбалер на годината според Сојузот на фудбалски писатели. Според ирскиот фудбалски сојуз и управниот орган на националниот тим, тој бил „најдобриот играч што некогаш го облекол зеленот дрес на Северна Ирска“.Роден и израснат во Белфаст, Бест ја започнал фудбалската кариера во Англија во Манчестер Јунајтед, кои го забележале неговиот талент на возраст од 15 години. Тој бил многу успешен во Јунајтед, постугнувајќи 179 гола на 470 настапи во период од 11 години. Неговиот стил бил карактеристичен по брзината, рамнотежата, користењето на двете нозе, можноста да постигнува голови и лесно да поминува одбрамбени играчи. Бест неочекувано го напуштил Јунајтед релативно рано во 1974 година на 27 години, но се вратил во фудбалот во голем број на клубови низ целиот свет, но таму поминувал многу кратко време и конечно се пензионирал во 1983 година на 37 години. Во интернационалниот фудбал, тој постојано бил одбиран кога бил подготвен и настапил на 37 натпревари за Северна Ирска и постигнал девет голови во периодот од 1964 до 1977 година. Сепак, играта на неговиот национален тим не овозможила да се покаже неговиот талент во европските или светските првенства.

Талентот и харизмата на Бест биле толку големи што тој станал еден од првите фудбалери кои биле и славните личности, но неговиот екстравагантен животен стил довел до различни проблеми, од кој најголем бил алкохолизмот, од кој страдал до крајот на животот. Овие проблеми влијаеле на него на и вон фудбалскиот терен низ целата неговата кариера и во време создавале контроверзија. За својата кариера често кажувал дека: „90% од парите ги трошев на жени, алкохол и брзи автомобили. Останатиот дел го трошев на глупости“. По завршувањето на фудбалската кариера, проблемите со финансиите и здравјето продолжиле. Тој умрел во 2005 година на возраст од 59 години поради компликациии од имуносупресивните лекови кои морал да ги пие откако контроверзно добил дозвола за трансплантација на црн дроб во 2002 година. Продолжил да пие и после трансплантацијата на црниот дроб. Бест два пати бил во брак со две поранешни модели, Енџи Бест, а потоа и Алекс Бест. Неговиот син, Калум Бест, бил роден во 1981 година од неговиот прв брак.

Пред смртта, Бест бил изгласан на 16-тото место во изборот за ФИФА Светски играч на векот во 1999 година според Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика и бил еден од 22-те лица кои влегле во Англиката фудбалска сала на славните во 2002 година; Во 2004 година бил изгласан на 19-тото место во јавниот избор на Златниот јубилеј на УЕФА, а од Пеле бил именуван за еден од 125-те најдобри живи фудбалери во светот. По неговата смрт, за неговиот 60-ти роденден, Градскиот аеродром во Белфаст бил преименуван во Градски аеродром Џорџ Бест како признание за неговата фудбалска брилијантност. Според ББС, посетителите на неговиот јавен погреб во Белфаст го паметеле како „убаво момче со убава игра“. Описот не неговото место во фудбалската историја е најдобро искажан во реченицата: „Марадона - добар, Пеле - подобар, Џорџ Бест (анг. најдобар)“.

ФК Ливерпул

Ливерпул е професионален фудбалски клуб кој се наоѓа во Ливерпул, Англија кој игра во Премиер лигата и е еден од од најуспешните во историјата на англискиот фудбал, со најмногу освоени трофеи од другите Англиски клубови. Ливерпул вкупно има освоено осумнаесет титули во лигата, седум ФА купови , седум Лига куп, три УЕФА купови и шест Европски купови, според англискиот регистар.

Клубот е основан во 1892 година и освои пет првенства во лигата помеѓу 1900-1947. Како и да е, Ливерпул поминал неколку години во втора лига за време на доцните 50ти и не добил повторно унапредување се до поставувањето на Бил Шенкли како менаџер во 1959. Клубот традиционално играл во црвено-бели дресови, но тоа се променило во целосно црвени во 1960 година.Под раководството на Шенкли, Ливерпул освоил три титули во првенството, два ФА купови и УЕФА куп, првиот европски трофеј на клубот. Во изминатите 30 години, тие биле едни од најуспешните клубови во англискиот и европскиот фудбал, освоиле четири европски купови помеѓу 1977 и 1984, петтиот во 2005 и последниот шести во 2019.

Несреќата на стадионот Хејсел го направил клубот злогласен во Европа, 39 фанови на Јувентус починале по паѓањето на ѕидот откако тие се обиделе да побегнат при нападот на фановите на Ливерпул. Клубот присуствувал на најголемата катастрофа по четири години – Несреќата во Хилсбороу – кадешто починале 96 фанови на Ливерпул во сударот со мечувачите. Двете катастрофи имаа големо влијание врз англискиот и европскиот фудбал, и врз клубот по овој ден.

Фудбалскиот клуб Ливерпул игра на Енфилд уште од неговото основање, но планира да се премести на друг стадион во Стенли Парк, којшто требаше да биде готов до 2010 година но сега е во мирување додека да се подобрат економските услови. Ливерпул има голем број на фанови кои држат долготрајни соперништва со неколку клубови. Најистакнато од нив е соперништвото со Манчестер Јунајтед и Евертон, со кои тие регуларно се натпреваруваат како Мерсејсајд дербито.

Клубови
Сезона 2019-2020
Сезони

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.