Јужна Морава

Јужна Мораварека во Македонија и Србија, пократката од двете реки кои ја сочинуваат Голема Морава. Долга е 295 км и тече во правец југ-север, од Општина Чучер-Сандево близу границата до централна Србија, каде се среќава со Западна Морава кај Сталаќ и ја образува Голема Морава.

Јужна Морава
Juzna Morava Moravac
Јужна Морава кај с. Моравац
Земја Македонија
 Србија
Слив
Главен изворСкопска Црна Гора, кај с. Кучевиште, Македонија
Устиесо Западна Морава ја образува Голема Морава кај Сталаќ, Србија
Сливна повр.15.469 км2
Физички особености
Должина295 км
Проток
Јужна Морава is located in Србија
извор
утока
Изворот и утоката на Јужна Морава

Извор

Јужна Морава настанува на планината Скопска Црна Гора. Реките Кључевска и Слатинска се спојуваат во Голема Река, која ја преминува српската граница над с. Бинач во Косово и го добива името Биначка Морава. По 49 км Биначка Морава се среќава со Прешевска Моравица кај Бујановац и преостанатите 246 км тече као Јужна Морава.

Географија

South Morava, Vladičin Han, Serbia (4)
Јужна Морава кај Владичин Хан.

Реката припаѓа на црноморскиот слив, има сливно подрачје од 15.469 км2, од кои 1.237 км2 се во Бугарија (преку притоката Нишава) и 44 км2 во изворишниот дел во Македонија[1]. Просечниот проток во устието изнесува 121 м3 и не е погодна за пловидба.

Јужна Морава има сложена долина, состоејќи се од низа клисури и котлини. Со излегувањето од Сталаќката Клисура, реката се среќава со Западна Морава.

Во макрогеолошки поглед, Јужна Морава ги поврзува Егејскиот и Панонскиот басен. Ова ја предизвикува појавата наречена привидна обратност на текот, бидејќи се чини како реката да се качува по планината, а а потоа пак се спушта. Двата големи геолошки басени се спојуваат во Грделичката Клисура, но дното на клисурата, низ кое тече реката е многу пониско од околните планини, така што реката рече нормално.

Јужна Морава некогаш била долга 318 км и била подолгата притока на Голема Морава. Бидејќи низ времето предизвикала неколку поплави, оваа свиена река е кратена за речиси 30 км, така станувајќи пократка од Западна Морава. Меѓутоа, Западна Морава отсекогаш имала поголем проток.

Подрачјето во јужна Србија низ кое тече Јужна Морава се речиси без шуми, што е предизвикател за еден од најтешките случаи на ерозија на Балканот. Како последица од ова, реката внесува големи количини материјал во Голема Морава, полнејќи и подигајќи ѝ го коритото, што ги потпомогнало големите изливања на нејзината река-ќерка.

Притоки

Јужна Морава има вкупно 157 притоки. Поважни се:

Леви: Бистрица, Калиманка, Јабланица, Ветерница, Пуста Река и Топлица.

Десни: Врла, Џепска Река, Предејанска Река, Козарачка Река, Власина, Нишава (најдолга) и Сокобањска Моравица.

Стопанско значење

Јужна Морава има голем електростопански потенцијал, но засега тој воопшто не е искористен. Во нејзиниот слив (на р. Власина) е изграден ХЕЦ „Врла“ {I-IV}. Во извесна мера, водата на Јужна Морава се користи за наводнување.

Речната долина има најважна улога во сообраќајот, како природен пат за железницата и автопатот БелградСкопјеСолун.

Поврзано

Наводи

  1. Група автори (2016). „Хидрографски карактеристики“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата. Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 226. ISBN 978-9989-110-90-0. http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf.

Извори

  • Мала Просветина енциклопедија, III изд. (1985); Просвета;
  • Јован Ђ. Марковић (1990): "Енциклопедијски географски лексикон Југославије"; Свјетлост-Сарајево;

Надворешни врски

Координати: 43°41′57″N 21°24′18″E / 43.69917° СГШ; 21.40500° ИГД

Јазици на Србија

Србија има само еден национален официјален јазик, кој е српскиот. Други јазици што се зборуваат во Србија се: унгарски, романски, словачки, русински, хрватски (сите се официјални регионални јазици во покраината Војводина ), босански, ромски, албански, влашки, бугарски, македонски, црногорски, буњавац итн.

Биначка Морава

Биначка Морава — река што тече низ северна Македонија и јужна Србија (вкл. југоисточно Косово). Тече во правец југозапад-североисток, ја преминува границата со Србија, и по течение од 49 км кај Бујановац се спојува со Прешевска Моравица, образувајќи ја Јужна Морава.

Бујановац

Бујановац или традиционално Бојановци (српски: Бујановац, албански: Bujanoc(i)) — град и општина во Пчињскиот округ во Јужна Србија, близу реката Јужна Морава. Познат е по изворите на минерална вода, но и по Бујановачката бања. Сместен е во географската област позната како Прешевска Долина. Населението на општината изнесува 43.302 жители (2002).

Врање

Врање е град во јужна Србија, седиште на истоимената општина и на Пчињскиот округ. Според пописот од 2002 година, во градот Врање имало 55.052 жители, а во целата општина 83.288.

Врање е економски, политички и културен центар на пчинскиот округ во чијшто состав влегуваат општините Босилеград, Бујановац, Владичин Хан, Прешево, Сурдулица, Трговиште и Врање. Градот се простира во северозападниот дел на врањската котлина, на левиот брег на реката Јужна Морава. Од границата со Македонија е оддалечн 40 км, а од бугарската околу 70 км.

Голема Морава

Морава или Голема Морава (српски: Морава или Велика Морава) – река во Србија формирана со спојување на Западна и Јужна Морава кај градот Сталаќ. Се влива во Дунав на просторот меѓу Смедерево и Костолац. Заедно со Западна Морава, Морава е најголемата српска река. Должината на Голема Морава е 185 km, а со Западна Морава долга е 493 km.

Дарданија (Европа)

Дарданија била античка држава на просторите на Балканскиот Полуостров, на подрачјето на денешно Косово, денешна јужна Србија и северозападниот дел на денешна Македонија и денешна источна Албанија. Најголеми населби во тоа време биле Naissus (Ниш), Therranda (Призрен), Vicianum (Вучитрн), Skopi (Скопје) и главниот град Дамастион.

Западната граница на Античка Македонија започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија . Северната граница на Античка Македонија, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес, по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини се до Рила Планина. Северната граница на Македонија, подоцна била граница помеѓу римските провинции Македонија и Горна Мезија , меѓутоа оваа граница била и граница меѓу две култури: источна (хеленска) и западна (латинска).

Дарданците биле племе од илирско и тракиско потекло, кои честопати претставувале закана за Македонското кралство. На територијата живееле и Келти. и Тракијци. По римското освојување на Илирија во 168 година, Римјаните го колонизирале овој регион и основале неколку градови.Историчарите од антиката ја споменуваат Дарданија како независно царство од почетокот на втората половина на 4. век пне. Тогаш територијата била приближно како што била и османската покраина Косово. Територијата го вклучувала денешно Косово и се простирала до горниот тек на реката Вардар на југ и Јужна Морава на исток. Населението на Дарданија, претежно од робови, било претежно земјоделско. Во текот на тоа време бил создаден и Демастион - првиот град на илирското царство, кој ковал сопствени пари. За многу кратко време Дарданија го има античкиот град Скупи за главен град. Дарданците упаѓале на територијата на Скупи и Античка Македонија Царството сочинувало неколку племиња, од кои најзначајно било племето на дарданците. Имало и други племиња како: галабри, тунати и тнр алпски дарданци. Царството Дарданија било монархија. Според пишаните податоци од тоа време, се гледа дека дарданската армија била редовна, под команда на царот. Во текот на втората половина на 4. век, основната воена единица е фалангата, составена од 8000 војници.

Западна Морава

Западна Морава (српски: Западна Морава) — река во Централна Србија со должина од 308 km, која, заедно со Јужна Морава ја прави Голема Моравија.

Кале Kpшевица

Кале Kpшевица — древномакедонско археолошко наоѓалиште коешто се наоѓа во близина на Бујановац и Врање, на југ од Ристовац во јужна Србија и зафаќа површина од повеќе од 4 хектари. Има историја назад до 13-тиот век п.н.е. и претставува акропола (населба изградена на ридче или висорамнина) со примеси на елинистичко-медитерански стил од 5 и 4 век п.н.е. (бронзено доба), со камени ѕидови и некропола (плац за гробишта). Во градот имало најмалку 3.000 жители во 4 и 3 век п.н.е.

На наоѓалиштето се најдени монети на Филип II, Александар III Македонски, Касандар, Деметер Полиокрит и Пелагија Антиохиска, ископини врз чијашто основа и може да се смета за најсеверниот древно-македонски град. Д-р Петар Поповиќ од Институтот за археологија во Белград вели дека тоа би можело да биде древниот град Дамастион. Градот е основан од пајонското племе Агријани, а се верува дека е разурнат од келтското племе Скордисци, во 279 г. п.н.е. На падините на висорамнината каде што се наоѓало гратчето, денес има село кадешто куќите во својата градба содржат камени блокови од древната населба.

Градот имал исклучително стратешка позиција бидејќи се наоѓа на висорамнина со поглед према реката Јужна Морава и Врањската долина. Неговата акропола и периферијата опфаќаат 4 хектари и се протегаат до долината на Kршевичкa река.

Косовска битка

Косовска битка или Битка на Косово Поле — назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-oсманлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 23 јуни 1389 година според григоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912.

Косовска битка (1915)

Косовска операција или битка на Косово— трета голема битка во историјата која се одвила на Косово Поле, која се одвила помеѓу 10 ноември 1915 до 4 декември 1915 година. Српскиот пораз во оваа битка довело до српско повлекување преку Албанија.

Битката започнала со напад на Јужна Морава од страна на Бугарската Прва Армија и завршила со целосен пораз на српската армија. Главниот удар го направила Првата армија во правец на Ниш-Приштина. За 2 дена, српската војска го освоила Прокупље, каде што се појавил и краткотраен отпор.

Во голема мера побројна српска војска се повлекла. Србите се обиделе со очаен контранапад кон Врање и Куманово за да им се придружат на англо-француските војници, но повторно биле поразени. Шестата и деветтата пешадиска дивизија на Првата армија лесно ја освоила Приштина на 24 ноември. Тогаш целокупната бугарска армија, поддржана од север со делови од 11-тата германска армија и австро-унгарска трета армија започнала целосен напад. Битката завршила на 4 декември кога Дебар бил освоен. Србите изгубиле 30.000 војници и огромна количина на друга воена опрема. Српската војска потоа се повлекла во Албанија, а на крајот била пренесена на грчкиот остров Крф.

Куманово

Куманово — град кој се наоѓа на североисточниот дел на Република Македонија, во Кумановската Котлина (Жеглигово), на надморска височина од 340 метри, распространет од двете страни на реките Липковка и Кумановка.

Лесковац

Лесковац — град во Јабланичкиот округ во јужна Србија. Според пописот од 2011 година во Лесковац живееле 60.208 луѓе. А во дотогашната општина живееле 144.206 жители. Градот датира уште од времето на Римското царство. Во средниот век се викал „Глубочица“ па „Дубочица“. Градот по Втората светска војна бил познат по производството на текстил.

Морава

Морава (чешки и словачки: Morava; германски: March; унгарски: Morva) — река во Средна Европа. Ова е најважната река во областа Моравија, која е наречена по неа. Извира во планината Кралицки Снежник, во североисточниот дел на Пардубичкиот крај, кај чешко-полската граница и тече во јужен правец. Долното течение ја образува границата помеѓу Чешка и Словачка и помеѓу Австрија и Словачка.

Рамничарски предели долж реката се Горноморавската Долина (Hornomoravský úval) и Долноморавската Долина (Dolnomoravský úval) во Моравија, Моравското Поле (Marchfeld) (низината помеѓу североисточниот дел на Виена и реката Морава) во Долна Австрија и Загорската Низина (Záhorтоská nížina) помеѓу Моравија и Братислава) Словачка.

Единствените поважни градови по течението на реката се Оломоуц во Чешка и Братислава во Словачка. По околу 354 км, Морава се влева во Дунав кај Братислава-Девин, со просечен истек од 120 м3/с. Необично за оваа река е тоа што е единствената во Европа коај има пигментација и киселост благодарение на бавен тек низ шумски предели — појава обично застапена во прашумските предели во сливот на Амазон и Ориноко.

Најважна притока на Морава е реката Дија, која рече во пограничните предели помеѓу Моравија и Долна Австрија. Друга поважна притока е Мијава, која се влева во Моорава кај селото Кути.

Долното течение, низводно од вливот на Дија и Хоенау на Марка, ја бележи границата помеѓу Австрија и Словачка. Ова е една од последните преостанати природни граници во Европа. Реката била источна граница на Австриското маркгрофство (Источна марка) од XI век, како и граница помеѓу Франкиското Царство на Каролинзите и Аварскиот Каганат во IX век.

Ниш

Ниш е град во јужна Србија. Има површина од 597km² заедно со Нишка бања и други 68 приградски населби. Ниш е административен центар на Нешивескиот округ. Има 260.237 жители.вклучувајќи ги и урбаните област, Ниш спа град и 68 населби. Ниш е административен центар на Округот Нишава

Тој е еден од најстарите градови на Балканот и Европа, и од античките времиња се смета за порта помеѓу Истокот и Западот. Палео-Балкан Тракијците кој биле формирани во времето на железното доба, Трибали племе кој живееле тука пред инвазијата Селтик во 279 година п.н.е. со што се поставиле на Скордичи како господари на регионот. Наисус беше меѓу градовите преземени во Римското освојување во 75 п.н.е.. Римјаните го изградиле Виа Милитарис во 1 век, со Наисус е еден од клучните градови. Ниш е исто така значаен како родно место на Константин Велики, првиот христијански римскиот император и основач на Цариград, како и две други римските императори, Констанциј III и Џастин I. Тој е дом на една од најстарите христијански цркви во Србија кој датираат од 4 век во предградие на Медијана.

Нишава

Нишава е река која тече низ Бугарија и Србија и со должина од 218 км е најдолгата притока на Јужна Морава. Изворот на Нишава се наоѓа под врвот на древната Хема или денешната Стара Планина која се нарекува Ком. Овој врв се наоѓа непосредно над денешното бугарско село Гинци, па реката се нарекува и Гинска Река, сè додека тече низ територијата на Бугарија. Во делот на Годечка котлина, реката врти кон запад, и некаде кај граничниот премин Калотина, влегува во Србија. Речниот тек на Нишава ги поврзува градовите Димитровград, Пирот, Бела Паланка, Нишка Бања и Ниш за конечно 10 км западно од градот Ниш да се спои со Јужна Морава.

Прешевска Долина

Прешевска Долина (српски: Прешевска долина; албански: Lugina e Preshevës) — албанска политичка фраза користена да се опишат двете јужни српски општини Бујановац и Прешево, кои имаат мнозинско етничко албанско население. општината Медвеѓа е понекогаш истотака вклучена под овој термин, иако има мнозинско српско население Официјално, тие се наречени како "општини Прешево, Бујановац и Медвеѓа". Геополитички, регионот е центар на Албанците во Централна Србија каде Албанците сочинуваат 54,6% од населението во Бујановац, 89% во Прешево (2002) и 7% во Медвеѓа (2011).

Пчињски округ

Пчињски округ или Врањско, (српски: Пчињски управни округ) е округ кој се наоѓа во најјужниот дел на Србија, меѓу Република Македонија, Бугарија и Косово. Вкупното население во округот изнесува 227 690 луѓе. Административен центар на округот е градот Врање. површината на округот е 3520 км. Физичкогеографската локација, и најмногу близината на областа, ја прави во историско-географски план поблиска кон Македонија, него до Поморавието и Косово. Земјописно, се наоѓа во централниот дел на Јужна Србија.

Список на реки во Србија

Ова е список на реки во Србија.

Србија

Србија (српски: Србија или Srbija) — држава на Балканскиот полуостров и во Средна Европа, опфаќајќи го јужниот дел од Панонската Низина и централниот Балкан и лежејќи меѓу истоимениот масив и Карпатите на исток, Динарските Планини на запад, и долината на Морава - важен геостратешки патен правец кој оди према југ кон Солун и источно кон Мала Азија. Релативно кон нејзината историја, култура и релативно мала територија, Србија е различна во нејзиниот транзиционален карактер. Државата нема излез на море и се граничи со Унгарија на север, на исток со Романија и Бугарија, на југ со Република Македонија, на југозапад со Црна Гора, и на запад со Босна и Херцеговина, и Хрватска. Истотака се граничи со Албанија преку спорниот регион Косово.

Српското население брои околу 7 милиони, од кои повеќето се православни христијани. Главниот град на Србија, Белград, е еден од најстарите европски градови, и еден од најголемите во источно-централна Европа .

Населена уште од палеолитското време, територијата на денешна Србија се соочила со словенски миграции кон Југоисточна Европа во 6 век, со што се воспоставиле неколку регионални држави во раниот среден век. Српското Кралство добило признавање од Рим и Цариград во 1217 година. Државниот статус бил зголемен кога земјата била прогласена за царство, во 1346 година. До средината на 16 век, целата територија на модерна Србија била ставена под османлиска управа, понекогаш прекинувана од страна на Хабсбуршката династија, која почнала да се шири кон Централна Србија од крајот на 17 век, додека ја одржувала својата моќ во Војводина. Во раниот 19 век, Српската револуција воспоставила народна држава како прв регион кој имал уставна монархија, каде пополека ја проширила својата територија и го пионирала пресекувањето на феудализмот во Европа. По катастрофалните случувања во Првата светска војна, и здружувањето на Хабсбуршка Војводина и Срем со Србија, била основана Југославија со другите јужнословенски народи, која постоела во неколку различни формации до 1990-тите години, кога била формирана унија со Црна Гора и мирно распуштена во 2006 година. Во февруари 2008, парламентот на Косово прогласил независност од Србија, кое добило мешани одговори од страна на меѓународните заедница.

Унитарна парламентарна уставна република, Србија е членка на ООН, Совет на Европа, ЦЕРН, ОБСЕ, Партнерство за мир, Организација за црноморска економска соработка, ЦЕФТА и СТО. Од 2014 година, земјата преговара за пристапот во ЕУ со перспектива за влез во Европската унија до 2025 година. Србија страдала од демократско отстапување во последниве години, и забележала пад во извештаите на Фридом хаус од 2019 година. Од 2007 година, Србија формално се придржува кон политиката на воена неутралност. Земјата обезбедува социјална сигурност, универзална здравствена заштита и основно и средно образование без школарина на своите граѓани. Економијата е со висок среден приход со доминантност во услужниот сектор проследен по големина од страна на индустрискиот сектор и земјоделскиот сектор. Земјата е рангирана релативно високо според индексот на човековиот развој (66), индексот за социјален напредок (45), како и глобалниот индекс на мирот (54).

На други јазици

This page is based on a Wikipedia article written by authors (here).
Text is available under the CC BY-SA 3.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.